Достапни линкови

„Горна Македонија“ го погоди нервот


Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц.

Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц.

Прашањето во Хајд паркот - „Дали името Горна Македонија е прифатливо име?, предизвика многу коментари на нашата интернет страница.

Дали постуденото време ве тера повеќе да седите покрај компјутерите, да ги читате нашите информации и да пишувате коментари? Или, пак, понудените теми се доволно провокативни, па на повеќето од нив сте испратиле голем број коментари и мислења?

Ако знаеме дека тоа може да се случи, зошто да ја држиме земјата во изолација уште 2 или 3 децении?

Тоа, најнакрај, не е ни толку важно, важно е што со прашањето во Хајд паркот - „Дали името Горна Македонија е прифатливо име?“ и со вториот прилог на таа тема - очигледно сме погодиле во вашиот нерв. А тоа, впрочем, е и најважно за некоја редакција или новинар.

Има различни коментари, од навредливи за редакцијата на Радио Слободна Европа на македонски јазик, дека „некој како нас и неколку наши истомисленици мислиме дека од уши памет ни тече па го распродаваме“, како што пишува Јовица; дека сме биле „тотална дрска пропагандна машинерија составена од изроди и издаици од тежок калибар“, како што смета Енциклопедија Скопјаника; „Да не местите случајно?“, прашува потпишан со 1948, затоа што интервјуираните луѓе сите биле да се промени името, а коментарите во колумната „се спротивни“. За Столе сме „странски агенти и домашни предавници“ и во нормална држава ваквите луѓе светеле како сијалички на „електрична столица“.

Ако со тоа се реши спорот за името, не гледам проблем во придавката Горна. Тогаш, македонскиот дел во Грција е Долна Македонија!

Инаку, некој Футурист прави пресметки дека по 20-30 години, ние Македонците ќе сме биле околу 50% во државава, па мнозинството можело да реши какво било име да ѝ даде, па „ако знаеме дека тоа може да се случи, зошто да ја држиме земјата во изолација уште 2 или 3 децении?“

За Татко овој народ не смее да дозволи никаква промена на името, а за ММ од Битола промената ќе го „намали интегритетот на државата и на народот“. За Трале предлогот со одредницата „Горна“ е еден од подобрите предлози на медијаторот, зашто со тек на време „Горна“ ќе биде „исфрлено од употреба“.

Бети смета дека предлогот ни одговара, затоа што и сме тоа, ги решаваме сите проблеми и си ја потврдуваме и поткрепуваме историјата и долговековното постоење на нашиот народ. Александар, со историски аргументи и упатувања на антички извори и понова, современа литература потсетува дека и во античко време, градовите спротиводно на Аксиос или на Вардар се нарекувале Горно- македонски градови. Весна Ѓорчева запишала: „Ако со тоа се реши спорот за името, не гледам проблем во придавката Горна. Тогаш, македонскиот дел во Грција е Долна Македонија!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG