Достапни линкови

Дневен печат - Името, Субрата Рој и политичката криза


Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц

Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц

Сите печатени медиуми објавуваат дека не е постигнат напредок во разговорите за името. Пишуваат и за Субрата Рој, бомбата на Заев, за препораките од ММФ.

Разбирливо, сите печатени медиуми ја објавуваат веста од Њујорк за најновата средба на медијаторот Нимиц со македонскиот и грчкиот преговарач за името, Наумовски и Василакис, поточно изјавата на Нимиц дека „не е постигнат напредок во разговорите“.

Паралелно со собраниските процедури за отповикување на опозициските пратници кои ја бојкотираат работата на Собранието, се купува време за политички договор, односно, се одвиваат преговори зад сцената со цел да се најде решение за кризата.

Утрински го објавува и последниот официјален предлог на Нимиц до двете страни, до кој дошла истражувачката мрежа БИРН, „Горна Република Македонија“. Утрински нагаѓа дали можеби двете страни се согласиле околу додавката „Горна“, а не се согласуваат околу нејзиното место, пред или после „Република“.

Истиот весник пишува дека неофицијално, паралелно со собраниските процедури за отповикување на опозициските пратници кои ја бојкотираат работата на Собранието, „Се купува време за политички договор“ односно, се одвиваат преговори зад сцената со цел да се најде решение за кризата.

СОНК - не сме задоволни од динамиката на преговорите, синдикатот размислува да се обнови штрајкот во образованието.

Вечер објавува изјава на неименуван пратеник од опозицијата кој рекол дека нема да дозволи да му биде одземен мандатот само затоа што Заев како што изјавил, „игра на погрешна карта“. „Дај ја бомбата или се враќаме во Собрание!“ гласи насловот во весникот објавен со крупни букви.

Утрински објавува: „Субрата Рој не се откажува од Македонија“ - поточно, го објавува соопштението од „Сахара груп“ во кое се тврди дека и покрај активирањето на банкарската гаранција од 3 милиони евра од страна на Владата, ќе се оствареле сите најавени проекти во земјава. Истиот весник исто така обелоденува: „Нивите на Џумајлија проголтаа 10 милиони евра поради тоа што не се обработуваа две години“.

Нова Македонија ги следи преговорите меѓу мешовитите работни групи на СОНК и Владата, па оди со наслов: „СОНК - не сме задоволни од динамиката на преговорите, синдикатот размислува да се обнови штрајкот во образованието“.

Сите весници ги објавуваат резултатите од двонеделната контролна мисија на ММФ во земјава. Вечер и Дневник со истакнување на пофалбите за економскиот раст, а Утрински ја објавува препораката дека во наредниот период Владата треба повеќе да штеди со цел да се подобри фискалната рамнотежа.

Слободен печат на насловната страница пишува: „Провладините медиуми во параноична хајка на „агенти“ - нова атака против познати критичари на власта“. А Утрински, оди со шегобиен наслов: „На владата ѝ гори под нозете - инсталација предизвика пожар во Владата“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG