Достапни линкови

ХАСАП се применува, но документацијата оптоварува


Угостителите најчесто се жалат на административното водење на евиденцијата. Тие се ќе направат, но тешко им е да го забележат, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Кумановските угостители го применуваат и почитуваат ХАСАП системот во интерес на заштита на корисниците на храната во угостителскиот сектор, но она што сметаат дека е оптовараување е неопходното административно забележување.

Почитувањето на сопствениот ХАСАП систем што самите оператори треба да го внесат задоволува. Но, проблем е редовно водење на евиденција и во таа смисла во своите извештаи инспекторите за храна ова го констатираа како наод.
Ленче Јовановска, Агенција за храна и ветеринарство.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство од Скопје, велат дека колку и да не им се допаѓа на угостителите тоа што мора да водат администрација, неминовно е, за да надлежните наназад имаат увид како работат угостителите. За подобро информирање на угостителите освен што сите потребни упатства можат да ги добијат на интернет страната, Агенцијата во соработка со Здружението на хотелиери организира и обуки на кои тие можат да ги изнесат своите проблеми, да прашуваат и да добиваат одговори на нејаснотиите во врска со примената на ХАСАП системот.

Ленче Јовановска, Агенција за храна и ветеринарство.
Ленче Јовановска, Агенција за храна и ветеринарство.

„Почитувањето на сопствениот ХАСАП систем што самите оператори треба да го внесат задоволува. Но, проблем е редовно водење на евиденција и во таа смисла во своите извештаи инспекторите за храна ова го констатираа како наод. Затоа организираме вакви работилници самите угостители да кажат каде се нивните различни мислења и недоразбирања и кои се нивните проблеми, што е тоа што ние сме направиле нешто, што не може да се примени, заеднички да си ги најдеме недостаотците. Затоа се ваквите работилници, за да се направи подобра примена на овој систем за да обезбедиме производство на безбедна храна во РМ за секој потрошувач“, вели Ленче Јовановска од Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Ако не го работиме ова, храната не би била здрава, како за луѓето што ја конзумираат така и за нас вработените.
Ивана Јовановска, вработена во угостителството.

Таа додава дека угостителите најповеќе имаат забелешки на водењето на евиденцијата.

„Угостителите најчесто се жалат на административното водење на евиденцијата. Тие се ќе направат, но тешко им е да го забележат. Сепак, тоа е и целта на овој систем, зашто кога ќе дојдеме ние мора да ги видиме доказите дали се е направено како што предвидува овој систем.“

Затоа како што појаснува Јовановска вакви обуки или работилници се одржуваат и во градинките, ученичките и студентските домови, во интерес на контролирање на она што се работи и што треба да се работи за заштита на здрава храна. И инспекторите се постојано во контрола на сите објекти каде што се произведува храната.

Ивана Јовановска, вработена во угостителството, смета дека обуките се неопходни за правилна и целосна примена на ХАСАП системот, како и за дознавање на новините.

„Ако не го работиме ова, храната не би била здрава, како за луѓето што ја конзумираат така и за нас вработените,“ вели таа.

ХАСАП системот е не само обврска за сите производители на храната, туку и потреба, сметаат некои од угостителите во Куманово, без оглед што административното водење на евиденцијата им ја усложнува работата.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG