Достапни линкови

Регионалната занаетчиска комора од Куманово организира советувања за занаетчиите, малите стопанственици и дистрибутери на храна, за воведување на ХАСАП стандардите. Според надлежните од Комората, ваквите советувања се неопходни за побрзо имплементирање на ХАСАП.

Занаетчиите, малите стопанственици, производители и дистрибутери на храна и други прехранбени производи од шесте општини во североисточниот регион заинтересирани се за правилно и навремено применување на ХАСАП стандардот. Затоа Регионалната занаетчиска комора од Куманово организира советувања и консултации за овие производители од Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце и Липково.

Бајрам Сулејмани претседател на Регионалната занаетчиска комора во Куманово вели дека ваквите совети и разјаснувања на нејаснотиите за занаетчиите, производителите и дистрибутерите на храната се неопходни.
Сметам дека со постојано советување ќе придонесе за што е можно побрзо имплементирање на ХАСАП стандардите и кај занаетчиите, бидејќи само на тој начин тие стануваат поконкурентни на пазарот. Луѓето имаат тешкотии

„Сметам дека со постојано советување ќе придонесе за што е можно побрзо имплементирање на ХАСАП стандардите и кај занаетчиите, бидејќи само на тој начин тие стануваат поконкурентни на пазарот. Луѓето имаат тешкотии.“

Меѓутоа, Сулејмани забележува:

„Не се отповикаа инспекциските служби и претставници од подрачните министерства инволвирани во спроведување на овој закон.“

Консултантот Вања Петрушевска од „Фуд Консалтинг“ вели дека ги објасниле одредбите од правилникот со кој се одредени санитарно-хигиенски услови што треба да ги исполнуваат производителите, трговците, занаетчиите и угостителите кои на било каков начин се вклучени во синџирот на производството и продажбата на храната и пијалаци.

„Најмногу се заинтересирани слаткарите, но слушнавме и жалби од недостаток на електрична енергија и проблемите со тоа“, вели Петрушевска.

Во блиска иднина ќе биде одржана уште една едукативна средба за примената на ХАСАП стандардите, на која се очекува со препораки и совети да се вклучат и останатите надлежни во државава.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG