Достапни линкови

Велешките пазари се прилагодуваат на ХАСАП стандардите


Belarus – The market in Homel. Fruits and vegetables, 12Nov2008

Belarus – The market in Homel. Fruits and vegetables, 12Nov2008

Велешките пазари веќе се прилагодуваат на новите услови предвидени со ХАСАП системот. Се реновираат тезгите, се подобрува хигиената во тоалетите а ќе се реновира и подлогата. На пазарите повеќе на отворено нема да се продаваат месо и млечни производи.

Градските пазари во Велес се прилагодува на ХАСАП стандардите. Таму повеќе на отворено нема да се продаваат месо и млечни производи. Сега раководството на пазарите работи на преадаптација на дел од објектите во пазарот од кои во иднина ќе може да се
Само дирекните производители кои произведуваат за своја употреба а вишокот го пласираат на пазарите ќе можат да ги продаваат тие производи. И уште еден битен услов , за да можат да ги продаваат своите услови на пазарот неопходно е да ги имаат сите потребни документи, потврди и уверенија, сертификати дека ги произведуваат овие производи по ХАСАП системот
продаваат млечните производи. Раководителот Љупче Лазевски вели дека на пазарот ќе можат да продаваат само производителите на овие артикли но не и трговците со млечни производи.

„Само дирекните производители кои произведуваат за своја употреба а вишокот го пласираат на пазарите ќе можат да ги продаваат тие производи. И уште еден битен услов , за да можат да ги продаваат своите услови на пазарот неопходно е да ги имаат сите потребни документи, потврди и уверенија, сертификати дека ги произведуваат овие производи по ХАСАП системот. Без тие дозволи и сертификати ние законски несмееме да им дозволиме да го изнесат производот на пазарот“,

вели Лазаревски.

Во централниот дел од пазарот каде досега се продаваа производи од млеко, во иднина таму ќе се нудат само конзумни јајца. ХАСАПОТ предвидува строги правила и за продажба на маслинки и други зрнести производи.

„Змачи маслинките неможе повеќе да се продаваат на тезга во отворени садови . Садовите мора да бидат затворени, дали ќе бидат стаклени или пластични со капак значи мора да бидат затворени, со тоа се штитат од секакви надворешни влијанија но и да нема потрошачот допир. Знаете нашите луѓе каков менталитет имаат одат и од сите по една ќе пробаат, па некој ги враќаат некој ги фрлаат и така натаму“,

вели раководителот Љупче Лазаревски.

Лазаревски напоменува дека нема големи промени за продажба на останатите прехранбени производи.
Сепак ЈКП Дервен под чија надлежност е работата на двата градски пазари должно е да ги исполни сите стандарди предвидени со ХАСАПОТ. Поради ова веќе се реновираат тезгите, чешмите во пазарот, тоалетите а наскоро ќе се поправа и асфалтната подлога.
XS
SM
MD
LG