Достапни линкови

Битолскиот пазар без ХАСАП


Битола

Битола

Правилата за безбедна храна допрва ќе се имплементираат на пазарот во Битола иако рокото истече уште во мај годинава.

Иако уште во мај годинава истекоа роковите што Министерството за земјоделство му ги остави на јавното претпријтие „Пазари“ од Битола да ја почне постапката за воведување на ХАЦЦП стандардите, правилата за безбедна храна допрва ќе се имплементираат. За да не биде затворена халата за продажба на сирење, таа ќе треба да се климатизира, производите да бидат пакувани и со декларација. Продавачите реагираат дека новите стандарди од нив ќе бараат да регистрираат фирми, да трошат пари за амбалажа и други дополонителни трошоци, покрај тоа што месечно за тезга плаќаат 4000 денари, а се жалат дека толку не вадат.
Мислам дека ќе остане само индустриското производство, а традиционалното како што се произведувало од пред сто и повеќе години, се ќе замре, ќе изумре


,,Не знаеме што ќе биде. Вчера бев во Куманово и таму луѓето продават сирење од кола и надвор. Каков ХАСАП се бара кога продаваат од кола и од канти на земја? Мислам дека ќе остане само индустриското производство, а традиционалното како што се произведувало од пред сто и повеќе години, се ќе замре, ќе изумре."

реагираат производителите и продавачи на сирење. Купувачите пак поделени во ставовите. Едни се задоволни од производите што ги купуваат, други сметат дека со ХАЦЦП стандардите ќе знаеме што јадеме.

,,Пазарот во Битола е еден од посредените. Ништо не им фали на производите. Пакувани се во кутии. Вода има, чешми има за миење на раце, за миење на кофите."
Пазарот во Битола е еден од посредените. Ништо не им фали на производите


,,Некаде пазарот е почист, некаде е повалкан. Зеленчукот е на земја, го креваат од земја, го качуваат на тезга."

ХАЦЦП стандардите ќе значат замена на корозираните тезги со нови, инсталирање на топла вода, вентилација, клима, изградба на хала за јајца, градски тоалет и ред други работи. За комплетниот процес на претпријатието ќе му требаат еден милион денари, а тоа до пред извесно време се соочуваше со долгови од 700 илјади денари.

,,За тоа се потребни одредени финансиски средства кои ќе мораме сами да ги обезбедиме. Досега не биле издвојувани пари за решавање на решавање на инфраструктурата и подобрување на условите за продажба на земјоделските производи. Тоа што мора да се направи, мора и тоа онака како што бараат овие стандарди. За деловите каде се продаваат анимални производи веќе нема коментар тоа мора да се направи во најскоро време."

вели директорот Благој Дивитаров.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG