Достапни линкови

На младите им требаат добри информации за банкарските услуги


Артур Туремка, генерален менаџер на Мастер кард за Балканот.

Артур Туремка, генерален менаџер на Мастер кард за Балканот.

Политичари, банкари и експерти од повеќе европски земји работат на стратегии што ќе им обезбедат подобра финансиска едукација на идните генерации млади луѓе. Тие истакнуваат дека со развојот на претприемачките вештини, младите ќе го решат проблемот со невработеноста и ќе бидат спремни да спречат идни финансиски кризи. Генералниот менаџер на Мастер кард за Балканот, Артур Туремка, во разговор за Радио Слободна Европа вели дека во моментов постојат многу можности за финансиска едукација на младите и дека тие имаат потреба од релевентни информации за подобро да ги користат банкарските услуги.

Господине Туремка, каква е вашата оценка за можностите за младите луѓе во Македонија финасиси да се едуцираат?

Мислам дека постојат многу можности, но тие зависат од вклученоста на различните државни институции кои се во релација со младите. Тоа се однесува на владините институции и на банките. Нашата заедничка улога со институциите е да ги комбинираме едукативните напори и да им дадеме релеванти и соодветни информации на младите како да ги користат банкарските услуги. Мислам дека постојат многу можности, но најважната работа е да ги комбинираме и интегрираме заедничките напори за тоа да се случи.

Ако на пример зборуваме за студентите и за заемите наменети за трошоци на универзитетите и за едукативни цели, тоа е правилно. По дефиниција, финансиското значење на заемот е дека тој треба да биде вратен.

Како младите во Македонија и на Балканот ги трошат позајмените пари од банките? Дали според вас ги вложуваат паметно?

Тоа е стрикно поврзано со политикита како позајмените пари се добиени и зависи од целите за кои се земени заемите. Ако на пример зборуваме за студентите и за заемите наменети за трошоци на универзитетите и за едукативни цели, тоа е правилно. По дефиниција, финансиското значење на заемот е дека тој треба да биде вратен. Тоа значи дека треба да направиме голема разлика помеѓу ризикот, во некои случаи глупавоста и соодветната причина за користењето на земениот кредит.

Како ги оценувате условите кои ги нудат банките во однос на заемите?

Јас сум претставник на компанија која не дава заеми, ние им обезбедуваме технички решенија електронски уреди на банките и небакарските институции. Но, она што јас можам да го коминтерам е дека условите треба да бидат пристапни, транспарентни и јасно дефинирани во насока на цените и конкурентноста.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG