Достапни линкови

Да се ослободиме од границите на делување кои ни ги имаат поставено оние против кои се бориме


Тамара Атанасоска, граѓански активист

Тамара Атанасоска, граѓански активист

Скоро целосната граѓанска пасивност поради крајно неповолните услови не треба да го задржува нашето активирање, а оние кои веќе се активирале да се ослободат од границите на делувањето кои им ги имаат поставено оние против кои се борат. Не ни треба среќа во новата година, туку многу работа, пишува Тамара Атанасоска, граѓански активист, во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Веќе знаеме дека бројките за граѓанското учество во Македонија се и повеќе од поразителни. Само 22 отсто од граѓаните учествувале во некоја граѓанска иницијатива. Како најчест одговор зошто, 40 проценти наведуваат дека немаат време и се зафатени, воопшто не земајќи ја својата граѓанска должност како таква, а дури и 43 отсто од граѓаните сметаат дека не е нивна лична одговорност да дејствуваат за да ја подобрат нивната заедница. Кај младите и интересот за учество во одлуките и граѓанското учество е најмал(од студијата "Граѓанското учество во Македонија", Реактор - Истражување во акција, 2013).
Причините заради граѓанската пасивност се бројни. Сиромаштијата, односно мачното преживување ден за ден и несигурното утре е еден од поголемите фактори.

Причините заради граѓанската пасивност се бројни. Сиромаштијата, односно мачното преживување ден за ден и несигурното утре е еден од поголемите фактори. Стапката на сиромаштија изнесува 30.9 проценти. Во 2011, секое четврто семејство (19.6 проценти се произнело дека месечните приходи во целост не ги задоволуваат нивните потреби, а 6.6 отсто од домаќинствата во Македонија живеат со под 2 долари дневно, по член на домаќинство. Од 1994-та година стапката на невработеност не е симната под 30 отсто. Младите, оние кои треба да се најгласни, нивната невработеност во 2011 изнесувала 55.3 проценти (од студијата „Богатството и сиромаштијата во Македонија 2008-2011", Солидарност)

Општеството е целосно поларизирано. Партиите, поголемите, имаат навлезено во сржта на животите на граѓаните, особено оние кои се во помалку привилегирана положба. Бројките на нашата социјална ситуација добро илустрираат зошто е ова заложништво можно - транзицијата и приватизацијата на почетокот на 90-тите го турнале населението кон невработеност и сиромаштија, што овозможило партиите да се однесуваат како агенции за вработување, однос кој е задржан и се практикува и денес, верувам на голема среќна на оние кои настапуваат од положба на моќ.
Граѓанскиот активизам и покрај ова, живурка во Македонија. Условите во кои се развива низ годините се многу помалку од наклонети кон тој развој - многу лекции треба да се учат од почеток.

Затоа и не треба да не изненадуваат, ни чудат бројките погоре најдени од Реактор - гласноста е привилегија, а деполитизацијата свесна стратегија на оние кои би да се задржат што повеќе во столчињата кои не жуљаат.

Граѓанскиот активизам и покрај ова, живурка во Македонија. Условите во кои се развива низ годините се многу помалку од наклонети кон тој развој - многу лекции треба да се учат од почеток, треба да се водат битки за заживување демократските механизми кои не функционираат ни на хартија, а не да се користат, има многу скромна историја на граѓански движења од која можат да се земат примери, да не зборуваме за традиција на отпор која е многу важна. Граѓански отпор, не националистички.

Сепак, јас сум оптимист. Бидувајќи вклучена во повеќето поголеми граѓански движења во последните години, гледав како се организира, омасовува и како една иницијатива прегорува и се губи, многу пати. Не само набљудувајќи, туку и активно правејќи грешки во истите, во исто време учејќи од себе, учејќи од другите. Големиот број на grass-root движења кои изникнаа последниве неколку години им овозможија на многу млади луѓе политичко освестување и ги турнаа во вистинскиот политички свет (надвор од оној кој им се сервира на малите екрани), а и многу луѓе не се откажаа и ја задржаа својата позиција на активни граѓани низ движењата, собирајќи вештини, знаења, разбирајќи се повеќе и повеќе.

Најчесто се реагира реактивно, се пишуваат реакции, петиции, наместо проактивно, во чиј случај би можело да се каже дека навистина е пресретната некоја потреба на граѓаните. Слабоста на реакциите не остава само како демократски декор, односно помага за одржување на привидната демократија во нашата држава (Ене ги, протестираат). За проактивното делување ни недостига зрелост како граѓанско општество, но секоја нова пропадната реактивна иницијатива не приближува до тој момент на созревање.

Затоа драго ми е што имам текст кој ќе ја отвори годината. Во 2014 ни посакувам конечно:

1. Да се ослободиме од притисокот да се држиме настрана од колективното

Постојаното етикетирање, полизирањето, таборизирањето, деполитизацијата секако, не држат распрскани како небитни мали гласчиња на сите страни. Успешната стратегија на претставувањето на „групата“ како Баба-Рога заради тоа што да се биде дел од било каква е полесно за дискредитација го обезвреднуваат нашиот глас до бескрај. Еве, самата сум жртва на таа пропаганда, никогаш не сум била дел од ниеден колектив. Главните шушкања кога се спрема некоја иницијатива секогаш се - а овој/оваа од кај е? Време да ја пребродиме детската болест на активизмот и да почнеме да се групираме, за да сме погласни.
Главните шушкања кога се спрема некоја иницијатива секогаш се - а овој/оваа од кај е? Време да ја пребродиме детската болест на активизмот и да почнеме да се групираме, за да сме погласни.

2. Нема ништо лошо во новите струи. Да ги пресретнеме

„Изборот помеѓу понудените политички партии не е единствен начин на изразувањето политичка волја“ - рече Артан Садику на дебатата „Аргумент“ пред извесно време, а јас се сложувам целосно. Зошто да одбереме страна? Оние кои не им се допаѓаат политиките на владејачката партија постојано се под притисок да ги прифатат политиките на најголемата опозициона партија, само затоа што така промената би била најбрза. Да, ама каква промена? По која цена? Зошто да го бираме помалото зло кога имаме друг избор? Клучното прашање е дали ние се залагаме за структурни и суштински промени, дали сакаме да градиме на трули темели и сите надежи да ги ставиме во таа куќа.

Валидни аргументи се дека нашиот политички систем не е благонаклонет кон новите политички струи и дека е направен така за да се изгубат уште на самиот почеток. Јас велам, немаме што да изгубиме. Кога ќе сфатиме дека намерно не плашат од групирањето, следниот чекор е да сфатиме дека можеме, и треба да ја конкретизираме нашата политичка намера. И иако на сите ни се вртат тендерски пари, и лесен живот за следните три генерации како мотивација за сериозно занимавање со политика, треба да се освестиме дека како и се друго, и ова е конструкција на матрицата со која сакаат да се држиме настрана од таа „валкана работа“.

3. Ништо нема да се случи преку ноќ. Да истраеме

Може нема никој од нас да е херојот на денот, ама нема зошто да би се чувствувале помалку среќни со камче во ѕидот? Работата кон општествена промена е неблагодарна, исцрпувачка и тотално фрустрирачка. Работите се движат толку споро што не се ни чувствува. Исто како да се удираме во некој ѕид со намера да го скршиме а успеваме само да го изгребеме. Нема ништо лошо во тоа.

Иако моменталната состојба е очајна и крајно песимистична како што видовме од бројките на почетокот, нема зошто да не бараме активно нејзино подобрување. Само треба да поминеме преку тоа дека „политиката е работа на некој друг“. Скоро целосната граѓанска пасивност поради крајно неповолните услови не треба да го задржува нашето активирање, а оние кои веќе се активирале да се ослободат од границите на делувањето кои им ги имаат поставено оние против кои се борат. Не ни треба среќа во новата година, туку многу работа.
XS
SM
MD
LG