Достапни линкови

logo-print

Искуствата од школските ходници


Даниел Калајџиески, програмски координатор во ХЕРА.

Даниел Калајџиески, програмски координатор во ХЕРА.

Малтретирањето може да има најразлични форми, тоа може да биде преку користење на различни имиња или, пак, прекари кои се навредливи, правење на различни работи за да жртвата ја навлечат во некаква неволја, удирање или туркање, одземање на личните работи или крадење на пари, објавување на навредливи пораки на социјалните мрежи, закани и заплашувања, добивање на заканувачки пораки или телефонски повици, пишува Даниел Калајџиески од ХЕРА во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Часовите завршуваат, а училишните ходници полни со детскиот џагор. Уште еден ден заврши и уште едно попладне да се помине на улиците, парковите или игралиштата. Тој го става својот ранец на грбот, а ќесата со блокот од ликовно ја зема во раката, излегува од училницата. Има неколку другарчиња со кои секој ден по истата улица си оди накај дома. Така и денес со нив тргнува. По патот сите зборуваат за новата лекција и за плановите да играат жмурка штом малку се смрачи.

Притоа оној кој што го врши малтретирањето е во некаква надредена позиција кон жртвата од различни причини, затоа што е посилен или има поголема моќ и слично.

И така секој зборува за своето, но тој е некако помалку уплашен. Не дека не ги слуша своите другарчиња, но неговиот поглед е на сите страни. Гледа од двете страни на улицата дали ќе помине момчето од другата смена, за да на време се скрие или го одбегне, за да не се сретнат. Веќе како да научи точно кога тргнува во училиште момчето од другата смена и на која страна од улицата се движи, па стана многу вешт да го одбегне и да не го пресретне.

И сега откако се поминати скоро дваесет години од тогаш, тој се запрашува, а зашто биле тие одбегнувања? Кое беше тоа момче од другата смена? Копајќи по спомените од училиште почнува да се присеќава. Тоа беше во второ или трето одделение. Сè започна во школскиот двор кога тие завршуваа со својата смена и доаѓаа постарите од втората. Таму некој одненадеж почна да му дофрла нешто, да покажува со прст кон него. А сите други во дворот ги вртеа погледите кон него, почнуваа да се смеат, а постарото момче не престануваше, туку смеата од другите како да го охрабруваа да продолжи.

Тоа не се случи само еднаш, туку траеше. Затоа тој најде начин како побрзо да стигне до дома и од која страна на улицата да оди за да не се сретнат. Тоа го правеше од едноставна причина, тој секој пат се грчеше кога ќе ги слушнеше сите тие зборови и исмевањето. Кога неговите другарчиња ќе решеа да останат во школскиот двор за да си играат по часовите, тој секогаш имаше некое оправдување дека мора да оди дома, не дека мораше, но се плашеше дека повторно сред играта ќе се појави тој и уште еднаш ќе го омаловажи пред сите од одделението.

Но и по дваесет години, не можеше да се сети што точно му викаше тој постар насилник. Не, не може да се сети на ниту еден збор, само се сеќава дека беше уплашен, во грч, не знае ни тој како се задржуваше да не заплаче. За ова несеќавање психолозите имаат едноставно објаснување, децата имаат механизам да се заштитат од негативните искуства и трауми, со тоа што едноставно тоа ќе го потиснат длабоко со себе, за да никогаш не се сетат на тоа.

Момчето од другата смена го заврши последното одделение и продолжи во средно во друго училиште, но тој иако не го гледаше повеќе, секогаш се обѕрнуваше околу себе. Секогаш кога ќе поминеше покрај група на свои врсници ја веднеше главата надоле, за да се заштити од сите лоши зборови кои некој можеби ќе му ги упатеше. Но, тоа повеќе не се случуваше, затоа што насилникот го немаше, сепак тој беше во грч и се плашеше да не се случи тоа повторно.

Сето ова не е препишано од некој детски роман на Горјан Петревски, ниту некој преведен напис од популарно американско списание. Тоа е моето искуство и моите спомени од основно училиште. Тоа се спомените на кои помалку се сеќавам затоа што воопшто не беа убави.

Можеби некој се препозна себеси во овие зборови на ова детско искуство или ќе препознае некој кому ова му се случило или можеби сè уште му се случува. Ваквите настани, случки се нарекуваат малтретирање во училиште или едноставно само малтретирање. Со оглед на тоа што оваа појава не е доволно истражувана или третирана во нашето општество можеби ќе биде многу појасно ако се употреби и англискиот теремин bullying. Иако не е дел од стандардниот македонски јазик ќе си земам за слобода да го употребам и некое прилагодување на овој збор, па ќе напишам и булинг или булирање.

Всушност овој вид на малтретирање нема некоја единствена дефиниција, но тоа би подразбирало дека е однесување кое се повторува и кое има за цел некого да повреди емоционално или физички. Тоа често е насочено кон одредени лица поради нивната раса, религија, етничка припадност, род или сексуална ориентација или, пак, поради други карактеристики како што е надворешниот изглед. Сето ова може да се случи во физичкиот простор или, пак, во онлајн просторот.

Малтретирањето може да има најразлични форми, тоа може да биде преку користење на различни имиња или, пак, прекари кои се навредливи, правење на различни работи за да жртвата ја навлечат во некаква неволја, удирање или туркање, одземање на личните работи или крадење на пари, објавување на навредливи пораки на социјалните мрежи, закани и заплашувања, добивање на заканувачки пораки или телефонски повици.

Ова е важно да се спомене затоа што се почесто ова малтретирање се случува во сајбер просторот. Притоа оној кој што го врши малтретирањето е во некаква надредена позиција кон жртвата од различни причини, затоа што е посилен или има поголема моќ и слично.

Малтретирањето може да има најразлични форми, тоа може да биде преку користење на различни имиња или, пак, прекари кои се навредливи, правење на различни работи за да жртвата ја навлечат во некаква неволја, удирање или туркање, одземање на личните работи или крадење на пари, објавување на навредливи пораки на социјалните мрежи, закани и заплашувања, добивање на заканувачки пораки или телефонски повици.

Малтретирањето се случува и во училишта, но и надвор од училишта. Со оглед на тоа што децата и младите поминуваат голем дел од денот во училиште, не значи дека тоа не се случува и надвор од него.

Многумина можеби ќе речат дека оваа појава и не е така страшна, тоа дел од детството и така децата растат и така се зајакнуваат. Но, тоа воопшто не е така. Булирањето има свои последици и тие воопшто не се за занемарување. Оние кои се жртви на малтретирање имаат зголемена анксиозност, намалена самодоверба и колку подолго тоа трае, жртвата се изолира од околината. Притоа тие се депресивни, може да развијат некакво пореметување во исхраната или, пак, да почнат да употребуваат дроги.

Исто така оваа појава не многу често е истражувана кај нас. Едно од ретките истражувања кои што даваат податоци за ова е она на Светската здравствена организација, за социјалните детерминанти на здравјето и добросостојбата помеѓу младите. Според тоа, во Македонија многу почесто машките се жртви на малтретирање, односно 11 отсто од момчињата на 11-годишна возраст и 6 отсто од девојчињата биле жртви. Од друга страна, процентот на млади во нашата земја кои малтретирале некој друг е скоро еднаков во оваа возрасна група. Ова многу јасно ја покажува и динамиката која ја следи оваа појава, всушност како и кај секој друг вид на насилство.

Жртвата често станува и извршител на таквиот вид на малтретирање. Исто така важно е да се спомене дека овие статистички податоци се однесуваат само на малтретирање во рамките на училиштето.

За крај повторно ќе спомен дека ова малтретирање, односно булирањето воопшто не е оправдано и не треба да се занемарува, затоа што психолошките последици по здравјето на децата се големи. Притоа, најважно е дека ова не треба да се премолчи, односно ако тоа се случува пред нашите очи или пред очите на возрасните, наставниците или кој било друг треба да се спречи, односно да се спротивставиме на тоа. Затоа што подеднакво голема штета прави и непреземањето на било каква акција, затоа што со тоа уште повеќе се охрабрува оној кој што малтретира.

Малтретирањето може да остави лузни, кои често не можат да бидат видени.

XS
SM
MD
LG