Достапни линкови

Министерствата молчат за заклучоците на Советот за безбедност


Седница на советот за безбедност.
Седница на советот за безбедност.

Mинистерствата кои треба да ги спроведуваат заклучоците на Советот за безбедност засега не беа расположени да коментираат што треба да направат.

Сите министерства треба да ги спроведуваат заклучоците на Советот за безбедност, а пред се МВР, Минстерството за одбрана и Агенцијата за разузнавање, вели Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.

Да се создадат можности за поширока соработка и да се создаде една таква структура која ќе дејствува заеднички во превентивна смисла, па веројатно и директно ќе дејствува доколку дојде до дејствување на терористичките организации и поединци во државите од регионот.
Благоја Марковски, Балканскиот форум за безбедност.

До неговиот коментар доаѓа по седницата на која е побарано да се зајакнат активностите за евентуални закани по националната безбедност во врска со случувањата во Сирија и Ирак и рефлектирањето на тие состојби во регионот и во Македонија, а посебен акцент, како што стои во соопштението, бил ставен на регрутирање на граѓани од регионот и од Македонија во тие кризни региони.

Марковски наведува дека задача на МВР е да изготви планови за дејствување на кој начин треба да се активирааат неговите структури во оневозможување на создавање услови за групирање и регрутација на граѓани за учеството во активностите на т.н Исламска држава.

ДУИ се што е во надлежност на Владата, секако дека ќе ги почитува законите и Уставот, а што се однесува до Советот за безбедност, секако за ДУИ претседателот останува како претседател кој го нема легитимитетот на Албанците.
Рафиз Алити, ДУИ.

„Понатаму создавање на услови за да се објаснат состојбите и користа, односно последиците на тие граѓани кои ќе учествуваат или би учествувале евентуално во такви активности“, вели Благоја Марковски.

Активностите пак што се предвидени за Министерството за Одбрана и Агенцијата за разузнавање од Советот за безбедност се однесуваат за тоа на кој начин во превентивна смисла да се организираат за обезбедување информации за опасносста која би можело да следи од разни организации или поединци насочени кон Македонија, но и во смисла на размена на информации меѓу државите во регионот за поширока активност, дополнува Марковски.

„Еден од податоците беше и тоа на регионално ниво да се создадат можности за поширока соработка и да се создаде една таква структура која ќе дејствува заеднички во превентивна смисла, па веројатно и директно ќе дејствува доколку дојде до дејствување на терористичките организации и поединци во државите од регионот“, вели Марковски.

Во министерствата кои треба да ги спроведуваат заклучоците на Советот засега не беа расположени да коментираат што треба да направат.

Советот за безбедност го свикува претседателот на државата, а вчерашната седница беше прва конститутивна седница.

Инаку, иако за ДУИ претседателот Иванов е нелегитимен, од оваа партија изјавија дека ќе се вклучат во спроведување на заклучоците со оглед дека во нивното донесување учествува и Владата и нејзините минитри.

„ДУИ се што е во надлежност на Владата, секако дека ќе ги почитува законите и Уставот, а што се однесува до Советот за безбедност, секако за ДУИ претседателот останува како претседател кој го нема легитимитетот на Албанците“, изјави Рафиз Алити од ДУИ.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG