Достапни линкови

logo-print

Новиот Калифат ги става службите на готовс


Службите во регионот треба да бидат исклучително предупредени и будни по најавите за Калифат, вели професор Пивоваров и порачува што поскоро да се донесе закон за санкционирање на луѓето кои војуваат на туѓи боишта.

Новиот Калифат кој на муслиманите од целиот свет им го вети водачот на терористичката исламска држава во Ирак и Левант, Абу Бакир ал Багдади опфаќа земји во кои што живеат муслимани, па освен Ирак и Сирија во планот за ширење можат да се видат и сите земји од поранешната СФРЈ, потоа Албанија и Грција, па Шпанија, Блискиот Исток, Северна Африка и голем дел од Средна Африка. На мапата е обележана и Македонија.

Тоа се публикации за луѓе кои моментално водат војна и кои осоколени од некои свои успеси во Ирак како пропадната држава, оставаат црнила по картите во светот, таму не беше случај само со Македонија и Балканот, туку насекаде на светот им побегнала црната боја.

„Тоа се публикации за луѓе кои моментално водат војна и кои осоколени од некои свои успеси во Ирак како пропадната држава, оставаат црнила по картите во светот, таму не беше случај само со Македонија и Балканот, туку насекаде на светот им побегнала црната боја“, вака аналитичарот Рамадан Рамадани ја толкува објавената карта на терористичката организација.

Единствената сличност што Македонија може да ја има со последните случувања во Ирак е од политичка природа, додава Рамадани.

Ние немаме простор за размислување, туку веднаш треба да воспоставиме такви закони за учество на сите лица во странски армии, односно на боиштата во странство, да преземеме санкции кон таквите луѓе.

„Со случувањата во Ирак се потврдува дека секое непотврдено мнозинство и секакво незаконито владеење со државата, паѓа за два дена.“

Професор Владимир Пивоваров на вакви идеи се сеќава од студентските денови, но смета дека настаните глобално ќе се одвиваат според интересите на најмоќните во светот.

„Сите ние во Европа и многу поголеми држави од нас се само извршители од она што е предмет на глобализацијата во светски рамки, односно интересот на големите сили.“

Сепак, Пивоваров порачува дека службите во регионот треба да бидат исклучително предупредени и будни по ваквите најави.

„Бидејќи во последно време гледате дека се повеќе наши граѓани од регионот заминуваат на боиштата од Блискиот Исток и како што кажаа и светските лидери дека на крај имаме темпирани бомби кои ни се враќаат во нашата заедница.“

За разлика од некои други земји кои што по брза постапка донесоа закони за кривично гонење на ваквите лица, Македонија се уште размислува околу ова, потенцира Пивоваров.

„Ние немаме простор за размислување, туку веднаш треба да воспоставиме такви закони за учество на сите лица во странски армии, односно на боиштата во странство, да преземеме санкции кон таквите луѓе.“

Меѓутоа она околу што е загрижен професорот Пивоваров е како што вели осакатениот безбедносен систем во земјава кој остава простор за страв дека тој не би можел да ги превенира евентуалните безбедносни ризици.

XS
SM
MD
LG