Достапни линкови

logo-print

Неодговорени прашања на соочувањето Груевски-Заев


Многу прашања релевантни за процесот судијката не дозволи да бидат одговорени, рече Заев по рочиштето. Адвокатот на Груевски го намали побарувањето за навреда и клевета од 500 на 50 илјади евра.

Од петстотини илјади евра на педесет илјади евра е намалено побарувањето на Никола Груевски од Зоран Заев, во судскиот случај за навреда и клевета кој го поведе премиерот против лидерот на опозицијата.

И денешното рочиште во коешто судот дозволи Никола Груевски да не даде одговор дали гласот на снимката е негов или не и да се повика на партиско соопштение, само по себе ја потврдува оваа фарса којашто апсолутно, според мене и моите адвокати, има извесен крај.

Адвокатот на Груевски, Никола Додевски, рече дека со ова тие сакале да покажат оти не им била целта добивање материјална корист, туку како што рече, да се докажела вистината.

Заев, пак, оцени дека се работело за евтин трик, намалувањето на сумата било ирелевантно за процесот, бидејќи во него требало да се утврди дали тужителот договарал, дали е неговиот глас е на снимката и дали учествувал во продажбата на Македонска банка.

Претседателот на СДСМ револтиран што судијката повторно одлучи да го одбие нивното барање Ден Дончев да биде сведок, што, како и минатиот пат, рече дека ќе го образложи во пресудата, излезе од рочиштето.

Соочен со тоа дека неговиот крунски сведок, што тој го повика и за кој јавно кажа дека ми ги дал тие 1,5 милиони евра во текот на вчерашниот ден и лично го демантираше, тука во судницата, како последна надеж за спас се обидува да го префурмулира своето обвинување.

„И денешното рочиште во коешто судот дозволи Никола Груевски да не даде одговор дали гласот на снимката е негов или не и да се повика на партиско соопштение, само по себе ја потврдува оваа фарса којашто апсолутно, според мене и моите адвокати, има извесен крај“, рече Заев.

Груевски, пак, кој претходно сведочеше околу еден час и директно одговараше на прашањата на Заев, го напушти рочиштето по паузата која беше свикана околу 12 часот. Претходно тој рече дека Заев има измислено сценарио на една интензивна, обемна и агресивна медиумска кампања во изнесување на невистини за да му наштетел на неговиот углед и на честа. Според Груевски, Заев кој претходно тврдел дека тој земал поткуп и го нарекувал татко на криминалот, сега пред судот соочен со тоа дека немал докази го менувал исказот.

„Соочен со тоа дека неговиот крунски сведок, што тој го повика и за кој јавно кажа дека ми ги дал тие 1,5 милиони евра во текот на вчерашниот ден и лично го демантираше, тука во судницата, како последна надеж за спас се обидува да го префурмулира своето обвинување, односно клевета, дека тоа било само исказ на основано сомнение и не било категорично клеветење и тврдење за тоа што го кажа дека јас сум го направил“, изјави Никола Груевски.

Претходно Заев нагласи дека немал намера да му наштети на угледот на премиерот, туку дека постапувал според законите како граѓанин, но и како претседател на најголемата опозициска партија, која реагирала за нешто што сметала дека нешто е незаконски и неетички. Инаку тој во судот првпат јавно обелодени дека Ден Дончев, тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ лично му ги доставил материјалите, а на прашањето упатено до Груевски дали во периодот од мај до септември 2004 година Дончев ја извршувал таа партиска функција, судијката не дозволи да се одговори.

Заев, пак, одговарајќи на прашањата на адвокатот на Груевски рече дека не чувствува потреба да се извини за изјавите околу „Македонска банка“, бидејќи, како што рече, и денеска би кажал дека има основано сомнение за извршен криминал.

Прес конференциите поради кои Груевски ја поведе тужбата беа одржани во изборниот период.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG