Достапни линкови

Наместо 500 илјади, Груевски бара од Заев 50 илјади евра


Во продолжение на судскиот процес во кој премиерот Никола Груевски го тужи лидерот на СДСМ Зоран Заев за клевета околу продажбата на Македонска банка, адвокатот на Груевски соопшти дека ја намалуваат сумата што ја бараат како отштета, од 31 милион денари на 3 милиони и сто илјади денари. Според него, ова го прават затоа што штетата што ја претрпел Груевски не можела да се надомести со ништо, додавајќи оти сакале да ги уверат судот и јавноста дека целта не им била материјална корист, туку докажување на вистината.

Оптужениот Зоран Заев по дадениот исказ изјави дека намалувањето на сумата е само евтин трик на тужителот.

XS
SM
MD
LG