Достапни линкови

Нини не дал мито, снимките не се доказ


Српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини.

Српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини.

​​Бизнисменот Јовица Стефановиќ-Нини рече дека не дал поткуп, а акциите на Македонска банка ги купил на берза, каде што никогаш не се знаело кој продава, а кој купува акции.

Бизнисменот Јовица Стефановиќ-Нини, во сведочењето на првиот ден од главниот претрес во случајот Груевски против Заев, рече дека не ги познава лично ниту лидерот на СДСМ, ниту лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека Груевски го познавал само како премиер, како што го познавале и сите други, но немал никакви лични контакти со него.

Кога ни ги одбија снимките коишто се неспорни и распитот на Ден Дончев, немаше логика ние да разговараме со Јовица Стефановиќ.

Тој кажа и дека не дал поткуп, а акциите на Македонска банка ги купил на берза, каде што никогаш не се знаело кој продава, а кој купува акции.

Адвокатскиот тим на Заев претходно побара да се повлече нивното барање за сослушување на Нини. Според нив, неговото сведочење било единствено релевантно ако беше прифатена и аудио снимката како доказ и сведочењето на Ден Дончев што не се случи.

Целиот овој предмет веќе добива трагикомична завршница и очекувам да има и таква одлука.

„Стефановиќ не е предложен како доказ, како сведок и како директен учесник, туку како човек којшто разговарал со Ден Дончев во врска со дејствијата што беа преземени. Кога ни ги одбија снимките коишто се неспорни и распитот на Ден Дончев, немаше логика ние да разговараме со Јовица Стефановиќ“, рече Мирослав Вуиќ, адвокат на тужениот.

Во текот на претресот адвокатскиот тим на Груевски инсистираше Нини да сведочи. Судот, пак, го одби барањето за повлекување на сведокот, а судијката рече дека одлуката ќе ја образложеле подоцна во пресудата.

„Целиот овој предмет веќе добива трагикомична завршница и очекувам да има и таква одлука“, рече Вуиќ.

Во текот на утрешниот ден, пак, според најавите, во судницата треба да седнат Груевски и Заев кои денеска не се појавија на рочиштето. Премиерот бара половина милион евра од лидерот на СДСМ поради серијата прес-конференции во врска со аферата „Македонска банка“.

Опозицијата во април за време на изборната трка објави аудио снимка на која, како што тврдеше Заев, се слушаат гласовите на посредникот, на Никола Груевски и на Нини. Тој тогаш директно го обвини Груевски за примен кеш од 1,5 милион евра од продажбата на Македонска банка. ВМРО-ДПМНЕ веднаш снимките ги нарече монтажа, класични лаги и измислици и најави дека Заев ќе добиел пријава за клевета.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG