Достапни линкови

Груевски и Заев се појавија на суд


Премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ Зоран Заев се појавија на денешното продолжение на судскиот процес во кој Груевски го тужи Заев за клевета околу продажбата на Македонска банка. На вчерашното рочиште сведокот на обвинетиот Заев, српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ изјави дека ниту го познава, ниту некогаш, за било која тема, разговарал со Никола Груевски. Одбраната на Заев посочи дека Нини би бил сведок само доколку снимката за која е тужен Заев се земе како доказен материјал.

XS
SM
MD
LG