Достапни линкови

Декларативно сите за ЕУ, а земјата се подалеку од Унијата


Европската агенда во Македонија е во криза. Опаѓа поддршката за членство во Унијата, но и покрај намалувањето на поддршката, граѓаните на Македонија, споредено со граѓаните на другите држави-кандидатки, сè уште имаат најпозитивно мислење за членството, покажало истражувањето на МЦЕО.

Македонија нема алтернатива за членството во ЕУ, декларативно велат сите партии без разлика дали се на власт или во опозиција, но Македонија е се подалеку од членство во европското семејство, покажало истражувањето на Македонскиот центар за европско образование, поместено во студијата „Старо купувам - Новата европска приказна за Македонија“.

Кога партиите се на власт го промовираат оној дискурс дека многу проекти ќе се направат, дека многу стандарди ќе бидат прифатени, на тој начин де дефокусираат од големата приказна кон помалите и поконкретните.

„Кога партиите се во опозиција најчесто се повикуваат повеќе на вредностите и на она што би требало да се достигне како критериум за Македонија да биде демократска држава, кога се на власт го промовираат оној дискурс дека многу проекти ќе се направат, дека многу стандарди ќе бидат прифатени, на тој начин де дефокусираат од големата приказна кон помалите и поконкретните“, вели Бојан Маричиќ од МЦЕО.

Евроамбасадорот Аиво Орав и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

Евроамбасадорот Аиво Орав и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

Кај граѓаните опаѓа поддршката за Унијата. Ако во 2007-та пред самитот на НАТО во Букурешт –околу 75 отсто од граѓаните мислеле дека членството на Македонија во Унијата е добра работа, во последното истражување на јавното мислење во рамките на Евробарометар направено есента 2013, таа поддршка се стопи на само 50 проценти.

Мислам дека вака како што се развиваме, со оваа дефиниција дека ќе влеземе во ЕУ, но под наши услови, нема ни наскоро да влеземе во некакво разгледување, а истовремено односот на Европската Унија е потполно незаинтересиран за Македонија.

Намалувањето на перцепцијата дека членството би било добра работа се уште не е претворено во директно негативна перцепција, туку се зголемува бројот на оние кои велат дека членството не би било „ниту добра ниту лоша работа“, а се зголемува и процентот на оние кои немаат став. Но и покрај намалувањето на поддршката, граѓаните на Македонија, споредено со граѓаните на другите држави-кандидатки, сè уште имаат најпозитивно мислење за членството. Сепак, намалувањето на поддршката во Македонија е загрижувачко, особено доколку се имаат предвид природата на намалувањето на поддршката и стабилниот тренд.

Аналитичарите за растечкиот евроскептицизам ја обвинуваат сегашната власт, но и политиката на ЕУ кон земјава.

Аналитичарот Сашо Ордановски, говорејќи на прес-конеренцијата на МЦЕО, рече дека земјата сака да влезе во ЕУ, но само под свои услови.

„Мислам дека вака како што се развиваме, со оваа дефиниција дека ќе влеземе во ЕУ, но под наши услови, нема ни наскоро да влеземе во некакво разгледување, а истовремено односот на Европската Унија е потполно незаинтересиран за Македонија, а тоа и оди од рака на сегашната власт во Македонија“, изјави Ордановски.

Љупчо Поповски, новинар во Утрински весник, пак, се прашува како тоа луѓето одговараат дека не се за влез во ЕУ, а секој поединечно веднаш би заминал во некоја од земјите на Унијата.

„Тоа е парадоксална ситуација и тоа е поврзано, претпоставувам, со влијанието на партиите, влијанието на семејствата, на работата, на околината. Сите тие граѓани се поставени во една конфузија во која што не знаат кон каде да се свртат.“

Од МЦЕО велат дека е забележлив домашен замор и бегање од европеизацијата, што е забележано и кај опозицијата и критичката јавност во Македонија, кои до неодамна имале поголеми очекувања од улогата на Брисел во домашните работи, а сега е забележливо нивно разочарување од Европската унија .

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG