Достапни линкови

Закочените интеграции раѓаат скептицизам


Повторениот заклучок на НАТО за непоканување на Македонија и особено односот на влaста во однос на евроинтегарциите може да имаат влијание врз желбата на граѓаните зa членство во ЕУ и НАТО.

Вака вообичаено одат работите околу зачленувањето на Македонија во НАТО кога се приближуваат самитите на Алијансата. Ако се следат изјавите од официјални претставници на Алијансата се кажува дека простор за оптимизам дека ќе станеме дел од НАТО постои во истиот момент кога ќе го реши долгогодишниот спор за името со Грција.
Емоциите, чувствата, веќе преовладуваат кај населението. Прашањето за името е вештачки наметнато и мислам дека тоа прашање ќе трае доста долго, веќе трае 20 години, не се гледа само прашањето за името, тука има голема позадина, не е само името.

Во изминатиов период владата се обидуваше да ги релативизира очекувањата од последниот Самит, но од друга страна тивко се создаваше искра надеж за поинаков тек со најави за дипломатска офанзива, користејќи ја пресудата од Хашкиот суд на правдата, како клучен аргумент пред Самитот на НАТО.

Ако ние ги одлагаме нашите проблеми за некој поправеден свет во којшто политиката нема да владее над правото, мислам дека ќе се изначекаме и нема тоа да го дочекаме. Потребно е политиката да се соочи со тие реалности, не да му се жали на народот зошто е светот неправеден, туку да му објасни дека тоа се тие состојби на коишто ние мора да се прилагодиме зашто светот нема да се промени. Прашање е дали ние заради нашата безбедност и нашата благосостојба сме спремни да се прилагодиме на таков свет.
Поминуваат месеци. Конечно потоа НАТО објавува изјава во која остана заклучокот дека земјата ќе добие покана за членство штом се реши прашањето за името. И тоа е тоа. Нашите претставници се враќаат дома и продолжуваат да регираат дека Македонија мора да остане на линија на стратегиската определба за членство во Алијансата, да продолжи со реформите и да се потруди да постигне напредок во изнаоѓање решение во спорот за името. Тоа се случи и по овој Самитот кој ги донесе и за граѓаните како што велат сосема извесните и очекувани заклучоци на земјите членки на НАТО во завршната декларација. Во своите реакции некои претставници на властите подршката од големите сили ја нарекоа дволична. Еве што велат граѓаните во своите коментари.

Предолго во чекалниицата за НАТО

„Во исчекување сме 20 години, мислам дека е време да се добие тоа што го заслужуваме.“

„Емоциите, чувствата, веќе преовладуваат кај населението. Прашањето за името е вештачки наметнато и мислам дека тоа прашање ќе трае доста долго, веќе трае 20 години, не се гледа само прашањето за името, тука има голема позадина, не е само името.“

„Го поддржувам тој однос, со тоа што си ги кажуваме нашите ставови, нашите мислења, но не вака, туку таму каде што треба. Односите на владата можеби треба да се зголемат во насока на поголемо лобирање, а не во насока на критики или потценување.“
Учесниците на Самитот на НАТО во Чикаго 2012.

Учесниците на Самитот на НАТО во Чикаго 2012.


Го поддржувам тој однос, со тоа што си ги кажуваме нашите ставови, нашите мислења, но не вака, туку таму каде што треба. Односите на владата можеби треба да се зголемат во насока на поголемо лобирање, а не во насока на критики или потценување.
„Тоа е малку популистичка изјава. Секој си има право на свое мислење, со тоа што кога некој политичар ќе каже свое мислење, а да не кажеме уште и премиер, тоа има посебна тежина. Е сега, дали тоа може да го изјави на тој начин како што го направи премиерот или тоа може така да се кажува само во кулоарите или како што сега ние си разговараме, тоа е сосема друго. Значи неговата изјава секогаш има многу поголема тежина.“

„Евроскептицизам, ако продолжи ваквата политика кон нас може и да порасне, но мислам дека тоа е нешто што го креираат медиумите.“

„Кај мене лично се нема ништо променето, затоа што целата оваа ситуација беше кристално јасна уште од порано, од пред самитот во Чикаго, така што тука е владата, дали оваа или некоја наредна, којашто ја плаќаме и треба да мисли за тоа дали е добро или не е добро и што треба да се направи“, велат анкетираните граѓани.
Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Меѓународниот суд на правдата во Хаг.


ЕУ и НАТО остануваат високо на листата на приоритети?
На Македонија сепак и се поставуваат дополнителни услови, а од друга страна НАТО покажува дека, иако се прокламира дека сака да го обезбедува мирот во светот, пред се води интерес за своите членки. Надвор од членките на НАТО не ја интересираат многу состојбите и од тој аспект мислам дека и во наредниот период ќе опаѓа интересот на граѓаните.

Македонските граѓани се изјаснуваат дека зачленувањето во ЕУ и НАТО останува високо на листата на приоритети, со образложение дека тоа ќе овозможи подобра економска ситуација, увид во начинот на кој се трошат државните пари и понезависно судство, а дека со членството во НАТО земјата ќе го избегне ризикот одредени тензии во општеството да се претвораат во стравувања дека може да ја дестабилзираат земјата. Сепак, останувајќи пред вратите на НАТО и ЕУ неколку години по ред граѓаните не се сигурни дека во блиска перспектива работите ќе добијат поинаков тек.

Иако и овој пат пред самитот на НАТО во Чикаго беше познато дека на агендата на Алијансата прошируавњето не е тема, пресудата од Хаг дека грчката блокада на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 е нелегална и спротивна на меѓународното право, даваше искра надеж дека тоа можеби ќе влијае врз поинаков тек.
Претседателот Ѓорге Иванов и францускиот претседател Франсоа Оланд на Самитот на НАТО во Чикаго.

Претседателот Ѓорге Иванов и францускиот претседател Франсоа Оланд на Самитот на НАТО во Чикаго.


Преседателот Иванов неколку пати повика на исправања на неправдата која на Македонија и е направена на самитот во Букурешт на Самитот на НАТО во Чикаго. Ако се следеа информациите преку изјавите на официјалните преставници на Алијансата, можеше да се заклучи дека простор за оптимизам не постои. И самите изјави и интервјуа што ги даваше премиерот во изминатиот период, каде што отиде дури до таму дека не требало наредните 5, па дури и повеќе години да се очекува поместување на тој план, говорат дека работите стојат во место.
Самата ВМРО-ДПМНЕ во програмата од 2006 година, програмата во 100 чекори, јас ова го кажувам како поранешен член, евроинтеграциите се еден од главните приоритети после економската преродба. Тоа ветување што е запишано во таа програма и што Груевски се уште не успеа да го исполни, сега тој за тоа бара причина во некои други земји. Јас сметам дека ова е пред се резултат за некое оправдување, неаргументирано, за политики кои се покажаа како исклучително неуспешни.

Евроскетицизам или објективни кочници?

Професор Денко Малески од Правниот факултет во Скопје објаснува дека логично е кај македонските граѓани да опаѓа расположението и да се губи ентузијазмот кон овие организаци зошто според него нема кој на луѓето да им ја објасни реалноста на меѓународната политика и начинот на кој се одвиваат односите меѓу државите. Од лидерите на државата се очекува да ги остават емоциите настрана и да не зборуваат за праведно или за неправедно, затоа што за жал во меѓународната политика има многу малку праведност, нагласува Малески.
Средба на премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Штефан Филе

Средба на премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Штефан Филе


„Ако ние ги одлагаме нашите проблеми за некој поправеден свет во којшто политиката нема да владее над правото, мислам дека ќе се изначекаме и нема тоа да го дочекаме. Потребно е политиката да се соочи со тие реалности, не да му се жали на народот зошто е светот неправеден, туку да му објасни дека тоа се тие состојби на коишто ние мора да се прилагодиме зашто светот нема да се промени. Прашање е дали ние заради нашата безбедност и нашата благосостојба сме спремни да се прилагодиме на таков свет“, вели Малески.
Кај нас нема евроскептицизам, ние имаме проблем со Грција, значи проблем околу спорот за името. Во секоја изјава, секој претставник и на владата и на опозицијата вели дека местото на Македонија е во ЕУ и во НАТО и оти ние ќе направиме се за да дојдеме до таму. Проблемот е што некој на тој пат и покрај исполнувањето на сите услови, особено за НАТО, не попречува.

Експертите се согласуваат дека Судот во Хаг не случајно пресуди во корист на македонското барање. Меѓутоа проблемот е во тоа што кога политиката ќе почне да се бави со категории, како праведно ли е, неправедно ли е, тогаш некои се плашат дека на крајот ние нема да имаме политичка полза од тој процес.

Благоја Марковски од Балканскиот форум за Безбедност проценува дека може да се очекува да опаѓа подршката кај граѓаните, но не под влијание на односот на власта, туку како што вели пред се поради тоа што НАТО за нив се покажува како организација која води интерес само за своите членки.

„На Македонија сепак и се поставуваат дополнителни услови, а од друга страна НАТО покажува дека, иако се прокламира дека сака да го обезбедува мирот во светот, пред се води интерес за своите членки. Надвор од членките на НАТО не ја интересираат многу состојбите и од тој аспект мислам дека и во наредниот период ќе опаѓа интересот на граѓаните“, вели Марковски.
Премиерот Никола Груевски на средба со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Брисел на 25 јануари 2012 година.

Премиерот Никола Груевски на средба со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Брисел на 25 јануари 2012 година.


Поранешниот државен секретар во Секретаријатот за европски прашања Перо Димшовски изразува загриженост дека патот на Македонија кон евроатланските процеси станува потежок. Најголемото разочарување според него е тоа што поради неуспехот да ја внесе земјата во НАТО премиерот сега се брани служејќи се со контра напад за да профитира кај граѓаните, по повторената порака од Букурешт.
Па се разбира, доколку граѓаните слушнат изјава од претседател на држава како тој се чувствува фрустриран, како се чувствува премиерот фрустриран, главните актери на НАТО и на ЕУ, делува тоа во расположението на граѓаните, но мислам дека граѓаните се свесни дека таквите изјави прво се политички мотивирани и второ, се дадени во една емоционална состојба која во моментов е продукт на негативниот став на НАТО самитот во Чикаго и ова што ни се случува.

„Самата ВМРО-ДПМНЕ во програмата од 2006 година, програмата во 100 чекори, јас ова го кажувам како поранешен член, евроинтеграциите се еден од главните приоритети после економската преродба. Тоа ветување што е запишано во таа програма и што Груевски се уште не успеа да го исполни, сега тој за тоа бара причина во некои други земји. Јас сметам дека ова е пред се резултат за некое оправдување, неаргументирано, за политики кои се покажаа како исклучително неуспешни“, вели Димшовски.

Други експерти пак оценуваат дека не постои евроскетицизам туку постојат објективни кочници. Така од некои стручњаци може да се слушнат изјави со кои се истакнува дека на Грција не и е од интерес да се реши спорот. Според нив проблемот со името е измислен како проблем што не може да се реши и оти на тој начин требало да се спречи Македонија да стане независна држава.

Аналитичарот Владимир Божиновски во однос на реакциите од домашните политичари вели дека тие произлегуваат од неуважувањето на македонските аргументи, но дека тоа не ја менува државната стратегија.
Очигледно е дека владата прво нема план како да ја одблокира државата од застојот во кој се наоѓа шест години. Ако ме прашувате дали смета дека тоа и носи некаков моментален рејтинг за домашна употреба во делот на подгревање на евроскептицизам и поттикнување на размислување дали може евентуално Македонија да има алтернативен план, мислам дека тие тоа го прават, водат сметка многу повеќе за личниот и за партискиот рејтинг отколку за државниот и националниот интерес.

„Кај нас нема евроскептицизам, ние имаме проблем со Грција, значи проблем околу спорот за името. Во секоја изјава, секој претставник и на владата и на опозицијата вели дека местото на Македонија е во ЕУ и во НАТО и оти ние ќе направиме се за да дојдеме до таму. Проблемот е што некој на тој пат и покрај исполнувањето на сите услови, особено за НАТО, не попречува“, вели Божиновски.

Политичкиот аналитичар Насер Зибери пак оценува дека рекциите на некои од претставниците на власта, а пред се изјавата на премиерот за подршката на големите сили како, САД, Германија и Франција која тој ја нарече дволична се во функција на лични и партиски интереси, но не се во функција на стратешката цел.

„Па се разбира, доколку граѓаните слушнат изјава од претседател на држава како тој се чувствува фрустриран, како се чувствува премиерот фрустриран, главните актери на НАТО и на ЕУ, делува тоа во расположението на граѓаните, но мислам дека граѓаните се свесни дека таквите изјави прво се политички мотивирани и второ, се дадени во една емоционална состојба која во моментов е продукт на негативниот став на НАТО самитот во Чикаго и ова што ни се случува“, вели Зибери.
Средба на вицепремиерот Теута Арифи и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Штефан Филе

Средба на вицепремиерот Теута Арифи и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Штефан Филе


Висока поддршка за ЕУ и НАТО

И според пртставниците на опозицијата реакциите на претставниците од власта по самитот во Чикаго се во функција на лични и партиски интереси.

Гледано на долгорочен план, тоа ќе води и кон други поделби. Најважно е тоа да се гледа, дека кај граѓаните го нема тој евроскептицизам.
„Очигледно е дека владата прво нема план како да ја одблокира државата од застојот во кој се наоѓа шест години. Ако ме прашувате дали смета дека тоа и носи некаков моментален рејтинг за домашна употреба во делот на подгревање на евроскептицизам и поттикнување на размислување дали може евентуално Македонија да има алтернативен план, мислам дека тие тоа го прават, водат сметка многу повеќе за личниот и за партискиот рејтинг отколку за државниот и националниот интерес“, коментира Андреј Петров од СДСМ.
Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ, 2009.

Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ, 2009.


Зијадин Села од ДПА кажа дека реакциите на домашните политичари не се во функција на стратешките цели и потенцира дека таквите идеи не се ни разгледуваат кај гласачите од албанскиот блок.

„Гледано на долгорочен план, тоа ќе води и кон други поделби. Најважно е тоа да се гледа, дека кај граѓаните го нема тој евроскептицизам, особено кај Албанците.“
Меѓу другото и на Галуп Балкан монитор каде што тенденцијата останува помеѓу 80 и 83 отсто од граѓаните на Македонија. Секако над 80 отсто е огромна поддршка за членството на Македонија во ЕУ и во најголем дел и повисока од сите држави-членки на ЕУ.

Досегашните анкети покажуваат подршка на граѓаните кон евроинтегартивните процеси со над 80 проценти. Претходно подршката беше повисока особено во 2004 - та кога САД ја призна Македонија под уставното име. Последните неколку години според истражувањата на јавното мислење подршката на македонските граѓани кон ЕУ и НАТО може да се каже дека останува стабилна.

„Меѓу другото и на Галуп Балкан монитор каде што тенденцијата останува помеѓу 80 и 83 отсто од граѓаните на Македонија. Секако над 80 отсто е огромна поддршка за членството на Македонија во ЕУ и во најголем дел и повисока од сите држави-членки на ЕУ“, наведува Александар Кржаловски од МЦМС.

Сепак во МЦМС наведуваат дека важна е претходната анкета на МЦМС каде расоположението на граѓаните за членство во ЕУ беше разгледувано во врска со нивното расположени за решавање на спорот со името со Грција.

„Значи скоро ист процент, 40,6 со 39,6 отсто беа поделени во однос на тоа прашање дали треба едното или другото да се приоритетизира.“

Интеграции или името?

Анкетите покажуваат висок степен на дилеми по прашањето за влез во ЕУ по цена на промена на името додека ваквата дилема е значително помала кај албанското населене во Македонија. Наредната опасност по самитот од Чикаго на кој ни беше повторена пораката од Букурешт, аналитичарот Насер Зибери ја препознава во настапите на преставниците на власта. Според него реакциите на домашните политичари кои ги повикуваат големите сили поради дволичност носат потенцијал да се предизвика поделба по уште една основа меѓу оние кои се за и против Европа или НАТО. Сепак експертите не мислат дека ова ќе бидат адути со одредени домашни политичари ќе настапуваат на избори туку дека изјавите од овој тип имаат еднократна и наменска употреба.

„Таа изјава е пред се за внатрешна употреба во Република Македонија и во контекст на она што ни следува на политички план, следната година локалните избори или евентуално предвремени парламентарни избори и дека таа суштински на надворешен план не може да постигне никакви специфични резултати“, вели Марковски.

„На внатрешен план некои мислат дека тоа ќе му донесе успех, јас не мислам така, тоа е потценување на гласачите во Македонија. Гласачите во Македонија се многу добро информирани. Таа политика ја доведе земјава до една затвореност“, вели Димшовски.

На планот, пак, на членството во ЕУ во меѓувреме како на позитивен процес кој го одржува ентузјамот за членство во ЕУ се гледа на започнатите претпристапни преговори на Македонија со ЕУ. Експертите дома повторуваат дека ако нема политичка волја за реформи истите нема да се забрзаат.

„Тие претпристапни преговори се повеќе поддршка, поттик на Европа, на Брисел, да не загубиме од темпото во очекување на расплетот на ситуацијата со Грција и тоа извесно време ќе делува мотивирачки, иако ентузијазмот не е ни приближно таков како кога би се прогласил почеток на преговори и претходно членство во НАТО, но тоа е она што е можно во овој момент“, вели Малески.

Колку пати треба да се повтори дека не може дијалогот на високо ниво со Унијата да биде замена на преговорите. Ова особено го потенцира опозициајта. Од таму нагласуваат дека треба да се сконцентрираме како да излеземе од статус кво ситуацијата во која се наоаѓаме шест години по ред и дека сите други дебати се изместување на суштината. Суштината е дека имаме третпат повторена препорака за добивање датум за преговори со Унијата и утврдено статус кво поради спорот со името.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG