Достапни линкови

Поттикнување на евроскептицизмот


Експертите стравуваат дека односот на власта кон евроинтегративните процеси може да го подгрее евроскептицизмот.

Тешката економска состојба, падот на вредностите, бавниот развој на демократијата, политичката и безбедносната нестабилност, кај македонските граѓани се уште ја држат високо на листата на надежта Европската унија за која ниту гледаат ниту им е понудена друга алтернатива. Досегашните анкети покажаа наклонетост на граѓаните кон евроинтегративните процеси со над 80 проценти. Претходно, поддршката беше и повисока, односно постоеше целосен консензус на граѓаните за влез во ЕУ. Оваа есен не донесе многу аргументи за
Па искрено да ви кажам се намалува затоа што многу долго трае тоа. Ќе се реши, ќе се реши, ќе помогнат, ама никој не помага.
Анкетиран граѓанин.

одржување на ентузијазмот.

РСЕ: Кај вас конкретно се намалува таа желба за членство во ЕУ?

„Па искрено да ви кажам се намалува затоа што многу долго трае тоа. Ќе се реши, ќе се реши, ќе помогнат, ама никој не помага.“

„А како ќе го решат се прашувам. Еве кажете ми, како? Да смениш име, да не се викаш Македонија.“

„Европската унија е економски експлоататор. Мислиш дека ќе дадат кредити, инвестиции, без камата? Па, душата ќе ти ја земат после тоа.“

„Нели има многу услови за ЕУ, ако се исполни сето тоа може и може да се влезе, ама ако продолжи ситуацијата ваква каква што е, тешко.“
А како ќе го решат се прашувам. Еве кажете ми, како? Да смениш име, да не се викаш Македонија.
Анкетиран граѓанин.

Најголем дел од анкетираните велат дека на нивното расположение не влијаеле ниту медиумите ниту политичарите, туку единствено сосотојбите во кои исчекувањето станало предолго, а изгледите за излез од билатералната криза се помали.

Статус кво ситуација и односот на власта го подгрева евроскептицизмот

Третпат повторената препорака за добивање датум за преговори со Унијата и утврденото статус кво поради спорот за името, но и држењето на властите во однос на евроинтеграциите за дел од македонските
аналитичари може да има влијание врз подгревањето на евроскептицистичкото расположение кај населението чијшто гнев по долгото исчекување лесно се поттикнува.

„Како резултат на недобивање датум за преговори и овие препораки кои доаѓаат дека не ги исполнува Македонија условите за да ги започне тие преговори со ЕУ, како кај граѓаните да влеваат еден скептицизам, а во тоа како да помагаат и одредени изјави и односи на владата со структурите на ЕУ“, изјави аналитичарот Исмет Рамадани.

Како резултат на недобивање датум за преговори и овие препораки кои доаѓаат дека не ги исполнува Македонија условите за да ги започне тие преговори со ЕУ, како кај граѓаните да влеваат еден скептицизам, а во тоа како да помагаат и одредени изјави и односи на владата
Исмет Рамадани, политички аналитичар
Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование посочува дека со ваквите изјави премиерот сака да придобие дел од граѓаните коишто не можат секогаш да имаат соодветни информации за Европската унија.

„И ова е сега она што тој го презема за да може нели пред граѓаните, пред тие кои што гласале за него, а кои не се упатени во европската агенда. Ова е техничка работа, ова е комплицирана работа за вие да бидете добро упатени и се надева дека на тој дел од граѓанството, ова сепак ќе може да му се допадне.“

Власта ја прекршува Спогодбата за асоцијација и стабилизација

На овој начин Владата, додава Димова, прекршува дел обврските преземени со Спогодбата за асоцијација и стабилизација.

„Владата има обврска да ја промовира европската агенда во Македонија, значи ако сега сака Брисел навистина да ни прави проблеми ќе каже, со ова сега што премиерот го прави е директно кршење на членот 10 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, дека владата има обврска да ја промовира ЕУ, како што ЕУ има обврска да има проекти со кои ќе се промовира Унијата во Македонија.“
Во Македонија сеуште не е назначен евроамбасадор
Во Македонија сеуште не е назначен евроамбасадор


Стравувањето на Димова дека од сето ова ќе произлезе зголемување на евроскептицизмот во земјава се темели и на фактот дека во моментов земјава е речиси без евроамбасадор како и со ограничена слободата на медиумите при што згаснале токму еден дел од оние коишто активно ја поддржувале европската агенда на земјава.

„Сега е проблем и ви се чуе гласот ако зборувате нешто што не се совпаѓа со она што на Груевски му се допаѓа“, додава Димова.
Ако сега сака Брисел навистина да ни прави проблеми ќе каже, со ова сега што премиерот го прави е директно кршење на членот 10 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
Лидија Димова, македонски центар за европско образование.

Оваа година, во споредба со претходните, се забележува значително опаѓање на квалитетот и квантитетот на информирањето за евроинтеграциските процеси, неодамна констатираше македонскиот центар за европско образование. Непосредно пред објавувањето на извештајот на ЕК годинава вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи на новинарите им порача да не создаваат атмосфера на евроскептицизам.
И Европската Унија со својата неможност да изнајде излез од кризата поради спорот за името има своја улога врз нараснувачката летаргија кај македонските граѓани, вели Димова иако таа од своја страна во своите редови бара партнери, подготвени сами да изнаоѓаат решенија а не да очекуваат грижа и заштита.

„До некаде и вината е нејзина затоа што не не извади од оваа каша од самиот почеток, требаше да предвидат дека до ова ќе дојде. Меѓутоа не можеме целосно да ја обвиниме Унијата затоа што вие барате членство во ЕУ, значи таа не бара начини како да се грижи за вас, туку бара да фатите чекор со нив.“

Меѓу името и желбата за членство во ЕУ

Засега не гледа опасност од зголемен евроскептицизам кај македонските граѓани, политичкиот аналитичар Владимир Божиновски. Ниту еден политичар според него не дава такви насоки кон граѓаните во моментов, а единствената резерва останува во врска со спорот за името. Она што би можело според него да влијае врз расположението на граѓаните е билатералниот спор којшто како блокатор на процесот полека создава извесна летаргија.

„Едноставно желбата да се влезе во самата ЕУ мислам дека е малку кај луѓето намалена исклучиво поради проблемот со името, бидејќи голем дел од луѓето не се подготвени да го жртуваат својот национален идентитет со цел да продолжиме со преговорите“, изјави Божиновски.

Тоа според него сепак нема значително да го намали процентот на приврзаници на европската агенда меѓу македонските граѓани.

„А инаку евроинтеграција како таква, дека сите се за, дека сите сакаат тоа да продолжи, дека луѓето сакаат да ја видат Македонија во ЕУ, и граѓаните и политичарите, тоа продолжува“, изјави Божиновски.
Едноставно желбата да се влезе во самата ЕУ мислам дека е малку кај луѓето намалена исклучиво поради проблемот со името, бидејќи голем дел од луѓето не се подготвени да го жртуваат својот национален идентитет
Владимир Божиновски, политички аналитичар

Во последните анкети на надлежните државни институции расположението на граѓаните за членство во ЕУ беше сондирано во корелација со расположението во тоа име да се смени уставнотот име на земјата, при што беше забележан извесен пад на процентот на граѓани коишто се за влез во Унијата затоа што голем процент од нив не се подготвени на промена на името. Речиси по правило анкетите покажуваат висок степен на дилема кај македонските граѓани дали се влез во ЕУ по цена на промена на името. Ваквата дилема е значително помала кај албанскотот население коешто е во 90 проценти за влез во НАТО дури и тоа да значи промена на уставното име. Сепак, според аналитичарите бројката на оние што се противставуваат на промената на името не е толку голема што би била доволна како поддршка на политиката што ја води владата кон Европската Унија. Затоа според Димова вака поставените анкети не можат до крај да се сметаат за релевантни со оглед на тоа што пречката што ја прави спорот за името на властите им е позната и во текот на изборите но кај нив не постои подготвеност јасно да им порачаат на граѓаните дека гласањето за нив значи и задржување на уставното име и откажување од евроинтегративните процеси.

„Голем е процентот на граѓаните кои се уште себе си се гледаат во ЕУ и затоа премиерот не можеше сега на избори, кој е со мене, не го менуваме името, нема ЕУ, затоа што ќе изгубеше многу од поддршката, затоа што се уште има граѓани кои му веруваат дека тој сака во ЕУ иако не сака да се решава прашањето со името“, вели Димова.
Си правиме со ова длабок рез меѓу тие кои што се за Европа и тие кои посакуваме да ги свртиме против Европа.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

Поттикнувањето на евроскептицизмот според аналитичарите значи и поттикнување на недемократските процеси во земјата. Она што е наредна опасност по последните настапи на властите откако го добивме извештајот за напредокот, според професорот Мерсел Биљали е можноста да се предизвика поделба на граѓаните во Македонија по уште една основа.

„Си правиме со ова длабок рез меѓу тие кои што се за Европа и тие кои посакуваме да ги свртиме против Европа, така што со дополнителна поделба во општеството е многу, многу сериозна работа ако се има предвид дека ние сме веќе многу поделени и по разни други сегменти“, изјави Биљали.
XS
SM
MD
LG