Достапни линкови

logo-print

Ред критики, ред препорака за преговори


Вицепремиерката Теута Арифи.

Вицепремиерката Теута Арифи.

Вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи очекува Македонија повтoрно да добие препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Судството, јавната админстрација и медиумите ќе бидат критикувани во извештајот на ЕК. Вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи, очекува сличен извештај од ЕК како ланскиот. На средба со новинарите, таа рече дека извештајот ќе содржи препорака за почеток на преговорите со ЕУ, „ќе ги нотира постигнувањата, но и областите каде е потребен поголем напредок“. Сепак, таа посочи дека деблокирањето на процесот на евроинтеграции зависи од решавање на спорот за името.
Не треба да западнеме во евроскептицизам, а тука улогата на медиумите е многу важна.

Арифи вели дека извештајот, што ќе биде презентиран на 12 октомври, ќе даде објективна слика за реалноста во земјата и оти треба да го прифатиме добронамерно и конструктивно.
Американскиот амбасадор Пол Волерс и вицепремиерот Муса Џафери.

Американскиот амбасадор Пол Волерс и вицепремиерот Муса Џафери.


„Треба да бидеме задоволни со оглед на задржаната препорака, нотираниот успех и да работиме на подобрување. Не треба да западнеме во евроскептицизам, а тука улогата на медиумите е многу важна“, вели Арифи.
Една од клучните работи за нас е Охридскиот рамковен договор, на кој Соединетите Држави се посветени, како клучен основен документ за развојот на Република Македонија како вистински просперитетна и мултиетничка демократија и како чекор кон евроатлантската иднина на земјата.

Таа очекува позитивни оцени за успешно спроведените вонредни парламентарни избори, во делот на политичките критериуми и за хармонизацијата на законодавството со тоа на ЕУ. Забелешки се очекуваат во делот на реформите во судството и администрацијата.

Во однос на медиумите ќе биде поздравен воспоставениот дијалог меѓу Владата и ЗНМ, вели вицепремиерката Арифи.

Американскиот амбасадор Пол Волерс пак го посочи Рамковниот договор како еден од клучните документи за евроинтеграциите на земјава. Волерс денеска се сретна со вицепремиерот задолжен за спроведување на рамковниот договр, Муса Џафери.

„Една од клучните работи за нас е Охридскиот рамковен договор, на кој Соединетите Држави се посветени, како клучен основен документ за развојот на Република Македонија како вистински просперитетна и мултиетничка демократија и како чекор кон евроатлантската иднина на земјата“, рече Волерс.

Џафери изјави дека спроведувањето на Рамковниот договор е многу битно.

„Тоа е најпозитивното нешто што 10 години во постконфликтниот процес, успеавме премку дијалог и институционално да ги менаџираме процесите.“
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG