Достапни линкови

Дали САД и Иран можат да соработуваат околу Ирак?


Соединетите Држави и Иран долго време се непријатели во Ирак, иако и двете земји и се сојузници на власта во Багдад. Сега, како што бунтовниците на Исламската држава Ирак и Левант освојуваат дел по дел од Ирак, Вашингтон и Техеран имаат причини да работат заедно. Дали тоа воопшто и можат да го постигнат?

Двете страни соопштија дека се отворени за соработка, но без да предложат конкретни чекори. Имаше некои иницијални контакти на маргините на нуклеарните разговори во Виена, ама без збор за некаков резултат.
Единствена работа која може да го реши проблемот е соработка, дијалог и преговори. Колку повеќе луѓе се инволвирани, тоа ќе биде подобро за сите различни страни.
Џон Дрејк, експерт за Ирак од Лондон.


Аналитичарите велат дека мотивацијата за соработка е силна, бидејќи Исламската држава Ирак и Левант, претставува закана не само за Ирак, туку и за целиот регион.


Станува збор за сунитска фундаменталистичка организација која создаде своја држава во јужна Сирија каде што се бори против иранскиот сојузник, претседателот Башар ал-Асад.

Тоа е војна против шиитството, официјална религија во Иран, но и војна против Западот со оглед на поврзаноста на оваа група со Ал Каеда.

Нејзина цел е да етаблира калифат во Ирак и Левант, базирана врз нејзината интерпретација на мулсиманското шеријатско право.
И за американската јавност и за иранската јавност, соработката со Соединетите Држави или со Иран во најдобар случај е итар предлог за да не и се каже ништо на таа јавност за политиката во рамките на американската или на иранската администрација.
Фанар Хадад, експерт за Блискиот Исток од Сингапур.

Соработката меѓу Вашингтон и Техеран во решавањето на проблемот не би можело да се одвива без пошиоки преговори, вели Џон Дрејк, експерт за Ирак од Лондон.

„Единствена работа која може да го реши проблемот е соработка, дијалог и преговори. Колку повеќе луѓе се инволвирани, тоа ќе биде подобро за сите различни страни“, вели Дрејк, додавајќи дека освен сунитите и шиитите, важно е во процесот да бидат вклучени и Курдите.

Во секоја евентуална соработка, Техеран и Вашингтон ќе мора да се справат со нивната домашна јавност која се противи на секаква кооперација со другата страна. Сепак има и други мислења:

„И за американската јавност и за иранската јавност, соработката со Соединетите Држави или со Иран во најдобар случај е итар предлог за да не и се каже ништо на таа јавност за политиката во рамките на американската или на иранската администрација“, вели Фанар Хадад, експерт за Блискиот Исток од Сингапур.

Во Вашингтон, разговорите за соработка со Иран наидоа на критики од дел од републиканците, а сенаторот Џон Мекејн ги нарече врв на глупоста. Но, има републикаци кои го подржуваат предлогот.


Слична политичка сложеност има и во Техеран. Претседателот Рохани се соочува со ултраконзервативци кои и онака го обвинуваат за попустливост во разговорите со Западот за нуклеарната програма.

Од друга страна, има и такви кои сметаат дека токму соработката околу Ирак ќе ја зацврсти позицијата на Техеран на овие преговори.

Поради ваквите контроверзи, некои аналитичари очекуваат кооперацијата меѓу САД и Иран да се одвива тивко. Тука пред се станува збор за размена на разузнавачки информации, како што беше случај во справувањето со талибанците во Авганистан по терористичките напади врз Америка на 11 септември 2001 година.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG