Достапни линкови

logo-print

На овие избори победија младите


Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Младите на овие избори имаа можност да препознаат и да изберат проверена младинска политика од страна на ВМРО-ДПМНЕ, поткрепена со безброј проекти во корист на младите, создавање подобри услови во образованието, отворање на работни места низ целата држава, пишува претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Честитки за граѓаните на Република Македонија! Честитки за Република Македонија! На овие избори победи Република Македонија. Покажавме дека сме зрела демократска држава која знае да спроведе фер и демократски избори. Граѓаните покажаа дека знаат да одберат правилен концепт на водење на работите и дека одбираат визија, иднина и 2.046 проекти, 64.000 нови работни места. Граѓаните препознаа и народен човек, вистински Претседател на сите граѓани. Со убедливата разлика во ниеден момент граѓаните не се посомневаа во својата одлука и во двата изборни круга.
Младите на овие избори имаа можност да препознаат и да изберат проверена младинска политика од страна на ВМРО-ДПМНЕ, поткрепена со безброј проекти во корист на младите, создавање подобри услови во образованието, отворање на работни места низ целата држава.

Честитки и до Унијата на млади сили и 45-те илјади членови кои во оваа кампања ја промовираа младинската програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Младите на овие избори имаа можност да препознаат и да изберат проверена младинска политика од страна на ВМРО-ДПМНЕ, поткрепена со безброј проекти во корист на младите, создавање подобри услови во образованието, отворање на работни места низ целата држава. Наспроти ова, од другата страна имавме занемарување на сите проекти спроведени од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и обид за оцрнување на сè она што е направено за младите во Република Македонија.

Како и секоја генерација на УМС, и ние имавме можност да ја креираме младинската програма која ја понуди ВМРО-ДПМНЕ за овие избори. Многу проекти во корист на младите кои веднаш по конституирањето на институциите ќе бидат спроведени.

Во текот на предизборието Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ спроведе голем број на акции кои беа прифатени од младите. Но, не застануваме тука. Откако поминаа изборите, кои беа оценети од сите релевантни фактори како фер и демократски, Унијата на млади сили сега најaвува уште голем број на акции, проекти и настани. Се разбира, сите од огромна корист на младите. Но и повозрасните, па и најстарите. Моралните вредности пред сè. Би сакал да најавам дека ни претстои доста исполнет летен период.
Гласот на младиот човек за ВМРО-ДПМНЕ е глас за да се остане во Македонија, тука да се бара среќата и да се создаде семејство.

Исто така би сакал и да им изразам поддршка на СДММ и Претседателот на СДММ, кои се наоѓаат пред голем крстопат. Додека во целото предизборие ние говоревме за проекти и програма за младите, 64.000 работни места кои во голем дел ќе им припаднат на младите, мерките за вработување кај младите луѓе од кои би ја издвоил мерката за вработување на млади луѓе до 29 години која се покажува како најуспешна, СДММ се обидуваа да нè деградираат и претстават во лошо светло. Но, младите одбраа јасна визија и програма. Искрена поддршка за колегите од СДММ во најбрз можен рок да се вратат на колосекот, да си ги воочат грешките и конечно да сфатат што значи водење младинска политика и промоција на проекти кои се важни за младите во нашата држава.

И само да напоменам, гласот на младиот човек за ВМРО-ДПМНЕ е глас за да се остане во Македонија, тука да се бара среќата и да се создаде семејство, тоа е глас за можноста да се образуваат во странство со стипендиите доделени од Владата на Република Македонија, да тренираат и постигнуваат успех на огромниот број спортски сали и терени што ги изгради Владата на ВМРО-ДПМНЕ, да освојуваат огромен број на награди низ целиот свет во областа на знаењето и природните науки, учејќи од големиот број на преведени книги од светски автори. Нормално, преведени од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

До следната колумна, би сакал да ви најавам огромен проект од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде за сите граѓани. Модерен и од општествени размери. Како и секогаш.
XS
SM
MD
LG