Достапни линкови

Препознаваме, за државата се работи!


Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

На 13-ти и 27-ти продолжуваме таму каде застанавме, на патот на напредокот! Се работи за нашата држава!, пишува Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Изборната кампања за претседателските кандидати е во полн ек, наскоро ќе биде и за вонредни парламентарни избори. Граѓаните имаат можност да се соочат со понудата од политичките партии. Сумирано, сето она што нивниот избор за претседател на државата ќе треба да го прави за државата и народните избраници во парламентот.
СДСМ се потпираат единствено на своето децениски градено его, заклучени во имагинарен свет.


Стилот на водење на изборните кампањи веќе е познат. За ВМРО-ДПМНЕ првенствено е важно да ги запознае гласачите со направеното во изминатиот период. Недвосмислено презентирање на резултатите кои на граѓанинот ќе му овозможат реална перцепција за тоа што е ветено, што е направено, што не е, а што не е ветено, а е сторено. Кога пред себе имаме нешто што се оценува и расудува можееме и соодветно да го оценуваме.

Ако го анализираме приодот на СДСМ кон изборите, многу лесно ќе го препознаеме нивниот стил. Почнувајќи од нивниот севернокорејски избор на кандидат за претседател на државата, преку квалитетот на пратеничките листи до говорите на Пендаровски, сè се сведува на гола ароганција или пораката која ни ја испраќаат е: „ние ќе победиме, зошто ние така велиме, и зошто тоа ни следува“. СДСМ се потпираат единствено на своето децениски градено его, заклучени во имагинарен свет, надвор од реалноста, притоа сметајќи дека тие се центарот на вистината.

Каде ви е програмата, каде се роковите, каде е концизноста кога зборувате за ќе-настани? Кому се обраќате? Празна фразеологија за поделби и за демократија, и секако омилената тема за евроинтеграциите и името. Веќе видено, ништо не се менува. Мислете му што ве очекува во сопствениот двор после изборната катастрофа која ви следи.
Еуфоријата се повеќе се чувствува, но тоа не е едноставна победа на една политичка партија, тоа е визија на македонските граѓани со далекусежност.


ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави својата програма. Многу проекти за младите, за културата, образованието, социјалната политика. Секој може да цени и да оцени после 4 години. Се водиме од три големи цели, а тоа се богата и економски силна Македонија, недопрен национален идентитет и влез во НАТО и ЕУ. Еуфоријата се повеќе се чувствува, но тоа не е едноставна победа на една политичка партија, тоа е визија на македонските граѓани со далекусежност. На 13-ти и 27-ти продолжуваме таму каде застанавме, на патот на напредокот! Се работи за нашата држава!

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG