Достапни линкови

logo-print

Сегашност, изборот е ваш!


Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Не можеме да говориме за минимална плата, а да не кажеме кога се установи, не можеме да говориме за демократија, а да не кажеме дека СДСМ, наследникот на СКМ, сè уште се нема извинето за жртвите на комунистичката власт. Не можеме да говориме дека денес толку и толку млади луѓе се иселени, а да не потсетиме на амбиентот во кој растевме деведесетите, пишува претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Следејќи ја дебатата на медиумите околу закони, законски измени и нови решенија, неизбежно е да се заклучи колку опозицијата не признава континуитет. На која било тема, тоа што тие ќе ви го кажат е дека е важно „сега“, а не важно „од кога“, а уште помалку „како“.
ВМРО-ДПМНЕ од прв ден кога ја презеде власта потенцира дека не нуди инстант решенија, дека нема магични стапчиња за натрупаните проблеми, но дека ќе го вложи целокупниот потенцијал да ги решава предизвиците постепено.

И пак излегуваат на виделина две темелни разлики меѓу опозиционерите и ВМРО-ДПМНЕ. Првите јаваат на популизам, своето мрачно минато го кријат како змија нозе, и се однесуваат како да се телепортирани од друг свет. И како такви го имаат природното право да крит(изираат)икуваат до бескрај. Онаа матрица која седи лево во собраниските клупи да говори за плати, за урнати семејства, за сиромаштија е само обид за понижување на паметењето на граѓаните на Македонија. Одговорен политичар, а и човек, кога направил грешка, прво треба да се извини за истата и да се обиде да не полeмизира кога некој ги санира штетите од нејзиното настанување.

ВМРО-ДПМНЕ од прв ден кога ја презеде власта потенцира дека не нуди инстант решенија, дека нема магични стапчиња за натрупаните проблеми, но дека ќе го вложи целокупниот потенцијал да ги решава предизвиците постепено. За тоа постојат како доказ изборни програми, видео снимки, кои засекогаш ќе служат за отчет и после 100 години некој ќе може да ги одмерува резултатите. Како израз на висока демократска свест и почитувајќи го граѓанското општество, Владата на Македонија води дијалог со сите партнери, како би се слушнал гласот на оние за кои се нудат решенија, независно дали се работи за лица со инвалидитет, за невработени, за стечајци. И како резултат на тој дијалог се доаѓа до заеднички договор.
Не можеме да говориме за минимална плата, а да не кажеме кога се установи, не можеме да говориме за демократија, а да не кажеме дека СДСМ, наследникот на СКМ, сè уште се нема извинето за жртвите на комунистичката власт. Не можеме да говориме дека денес толку и толку млади луѓе се иселени, а да не потсетиме на амбиентот во кој растевме деведесетите.

Посебно е иронично, кога ќе прочитам какви мерки нудат СДСМ за младите, конкретно за вработување, за надградување или развој на претприемнички компетенции. Е тука разликата е веќе во светлосни години. И околу имплементацијата и смислувањето на мерки и акциони планови. Едноставно, доцна ви е!

На ниво на политички подмладоци, УМС наназад спроведе низа проекти со кои на младиот човек, му го доближуваше претприемништвото, контактите со успешните бизнисмени и нивните приказни. За разлика од противниците, јас не би сакал да пишувам и говорам за детали, во услови на немање принципи на анализа од чија перспектива ја скенираме сегашноста и иднината. Времето е права линија и сè има причинско-последични врски.

Не можеме да говориме за минимална плата, а да не кажеме кога се установи, не можеме да говориме за демократија, а да не кажеме дека СДСМ, наследникот на СКМ, сè уште се нема извинето за жртвите на комунистичката власт. Не можеме да говориме дека денес толку и толку млади луѓе се иселени, а да не потсетиме на амбиентот во кој растевме деведесетите. Тој отпор кај социјалдемократите кон временскиот континуитет е веројатно бегство од сопственото минато. Ние тука не можеме да им помогнеме, но со задоволство ќе ги пречекаме на изборниот мегдан, каде граѓанинот со пенкалото ќе потврди, сегашност со баснословни решенија без минато, или сегашност со остварливи решенија и иднина. Изборот е ваш!

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG