Достапни линкови

За младите во Македонија, изборот е иднината!


Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатиот период Владата на Република Македонија особено се посвети на креирање политики и преземање активности за намалување на невработеноста, подобрување на статусот на невработените лица, како и јакнење на конкурентноста на економијата и подобрување на бизнис климата во Република Македонија, пишува претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Во последниов период, од последната моја објавена колумна, се случија повеќе работи на актуелната политичка сцена. Најнапред политичките партии ги објавија своите кандидати за претседателските избори, во меѓувреме се распушти Собранието на Република Македонија, но проектите и иницијативите за младите не запираа.
Во изминатиот период Владата особено се посвети на креирање политики и преземање активности за намалување на невработеноста.

Она што јас би сакал да го споделам со Вас, е моето задоволство во однос на сето она што се направи за моите врсници во последниов период, независно од околностите. Владата на Македонија создава можности за младите. Тоа подразбира креирање на конкретни можности, при што се преземаат остварливи активности и мерки за намалување на невработеноста и зголемување на вработеноста кај младите невработените лица.

Во изминатиот период Владата на Република Македонија особено се посвети на креирање политики и преземање активности за намалување на невработеноста, подобрување на статусот на невработените лица, како и јакнење на конкурентноста на економијата и подобрување на бизнис климата во Република Македонија. Скоро најавената мерка за вработување на млади лица до 29 години во приватниот сектор донесена од Владата на ВМРО-ДПМНЕ е одлична можност, не само за вработување на младите во приватниот сектор, туку и за одлучување на чекорот веднаш по завршувањето на студиите и самите тие да се одлучат на отворање своја фирма.

Како млад човек сметам дека преземањето ризик е половина пат до успехот. Младите претприемачи треба да бидат двигатели на општеството, двигатели на економијата креирана и поддржана од Владата и пример за сите оние кои сè уште не се одлучуваат на ваквиот чекор. Исто така и сакам да ви најавам дека Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во идниот период ќе организира обуки за претприемништво. Да, ние младите треба да ги пресретнеме предизвиците кои ќе не очекуваат. Да, ние младите од Република Македонија треба да го направиме чекорот и да основаме свои бизниси кои ќе бидат двигатели на нашата економија.
Младите претприемачи треба да бидат двигатели на општеството, двигатели на економијата креирана и поддржана од Владата.

Тие што ни се нудат како опција, а постојано добиваат жолт картон од гласачите имаат само поразителни бројки кои не можат да ги покријат со било какво ветување. ВМРО-ДПМНЕ има видливи и опипливи резултати. Но, тоа не е доволно, тука не запираме.

Со ваквите мерки кои континуирано ги воведува Владата на ВМРО-ДПМНЕ, докажува дека младите и се приоритет. Токму затоа за младите во Република Македонија, Изборот е ИДНИНАТА!

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG