Достапни линкови

Цивил - Нерегуларности го прекршија изборниот процес


Целиот изборен ден изобилуваше со нерегуларности кои во целост го прекршија целиот изборен процес, гласи оценката на посматрачите на Цивил. Што се забележаа домашните посматрачки мисии Цивил и Мост и кои се нивните забелешки?

Семејно гласање, фантомски гласачи, попречување на правото на глас, притисоци, уцени, неисправен избирачки список, злоупотреба на службена должност, ова се само дел од нерегуларностите на изборите, на кои укажаа набљудувачите и опозицијата. Според нив, нерегуларностите влијаеле врз изборниот процес.
Постојат стандарди преку кои тоа се утврдува, изборите беа преполни со нерегуларности и тоа такви нерегуларности кои задираат во сржта на изборниот процес, како што е избирачкиот список.
Џабир Дерала, Цивил.


Од Цивил--Центар за слобода, соопштија дека до нив дошле 258 пријави, од нив 4 проценти за проблеми на набљудувачите на Цивил или на други набљудувачи, 13 проценти проблеми со избирачки список, 1 процент имале проблем со избирачките места, 14 отсто се пожалиле на незаконско однесување на членовите на одборите, 5 проценти имале проблем со однесувањето на полиција, 9 отсто проблеми со семејно гласање, 19 проценит- партиски активизам, 1 насилство, 2 проценти имале злоупотреба на јавни ресурси, 6 проценит проблеми на самото избирачко место, 1процент- малолетници во кампања , 7 прекршување на молкот, 6 поткуп, 12 проценти на други нерегуларности.


Целиот изборен ден изобилуваше со нерегуларности кои во целост го прекршија текот на изборниот процес, оценуваат од Цивил.
Имавме поплаки и од поединци, од самите граѓани, на голем дел од нивите барања и полаки ние благовремено одговаравме. Бројката е релативно голема или мала.
Никола Рилкоски, ДИК.

Во текот на целиот изборен процес кој започна многу пред официјалниот старт има една сериозна системска дисфункција, не може да се забележи граница меѓу државата и партијата, вели Џабир Дерала од Цивил.

„Постојат стандарди преку кои тоа се утврдува, изборите беа преполни со нерегуларности и тоа такви нерегуларности кои задираат во сржта на изборниот процес, како што е избирачкиот список, што во нормални околности би требало сериозно да упатува на преиспитување на целиот процес“, Џабир Дерала од Цивил.


Цивил располага и со фотографии за семејно гласање, организиран превоз до местото на гласање, фантомски гласачи
Набљудувачите на МОСТ забележано групно/семејно гласање, пропаганден материјал истакнат во близина на местата на кои се гласало, агитација, читање на глас на имињата на гласачите, членови на избори одбори кои инструирале да се гласа само за парламентарните избори.
МОСТ.

Цивил испратил писмо до Државната изборна комисија, со наведени 247 нерегуларности. До Државната комисија стигнале поплаки за нерегуларности, но тие ќе почекаат да заврши предвидениот рок од 48 часа за приговори од партиите, за да дадат оценка.

„Имавме поплаки и од поединци, од самите граѓани, на голем дел од нивите барања и полаки ние благовремено одговаравме. Бројката е релативно голема или мала“, вели претседателот на ДИК, Никола Рилкоски.

Набљудувачите на МОСТ забележано групно/семејно гласање, пропаганден материјал истакнат во близина на местата на кои се гласало, агитација, читање на глас на имињата на гласачите, членови на избори одбори кои инструирале да се гласа само за парламентарните избори, потоа забележале партиски активисти со списоци на гласачи кои ги евидентираат граѓаните кои гласаат. Од МОСТ забележале и дека одредени лица им помагаат на луѓе да гласаат, гласачи кои не биле обележани со видливото мастило, фотографирање на гласачки ливчиња.
Изборниот ден помина мирно, но со зголемен интензитет на мобилизација на гласачите, која во одредени случаи преминуваше во притисок врз нив да излезат на гласање. Ова беше евидентно и од фактот што пред одредени гласачки места забележано беше агитирање и евидентирање на гласачите.
Дарко Алексов, МОСТ.



Изборниот ден помина мирно, но со зголемен интензитет на мобилизација на гласачите, која во
одредени случаи преминуваше во притисок врз нив да излезат на гласање. Ова беше евидентно и од
фактот што пред одредени гласачки места забележано беше
агитирање и евидентирање на
гласачите, вели Дарко Алексов од МОСТ.

Од Граѓанската Асоцијација го мониторираа и гласањето на болни и немоќни лица, еден ден пред официјалниот изборен ден. Тие забележале дека е нарушена тајност на гласањето во повеќето случаи, имало повеќе гласачи кои сакале да гласаат за двата изборни процеси, но бидејќи не биле пријавени и за парламентарните избори, гласале само на претседателските избори. Во општина Радовиш од 16 лица кои гласале, за 14 од нив гласал некој друг.

Што се однесува пак до гласањето на лицата во затвор, во одделението во Крива Паланка било спроведено гласање само за парламентарните избори.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев веднаш по завршувањето на гласањето, наброја низа нерегуларности кои се случувале во текот на изборниот ден, но и во предизборието, како притисоци врз јавната администрација, поткуп на гласачи, притисоци преку инспекциски служби, директни закани и уцени, притисоци за социјалците и примателите на други додатоци од државата, фантомски гласачи, гласачи од Пустец секаде низ Македонија, злоупотреба на јавниот сервис, итн. „Власта спроведе изборен грабеж. Нема член од Изборниот Закон што власта не го прекрши. Нема. Сите членови и од Кривичниот законик што се однесуваат на изборите се прекршени, рече Заеви и најави дека СДСМ не го признава изборниот процес. Тој побара да се формира техничка влада која ќе овозможи спроведување на нормални и фер претседателски и парламентарни избори.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG