Достапни линкови

Гласањето се одвива без поголеми проблеми


ДИК до сега не забележала нерегуларности на изборите. Набљудувачите нотираат одредени неправилности.

Излезноста на гласањето до 10 часот од нешто повеќе од 93 избирачки места како што информираше Државната изборна комисија изнесувала 9,58 отсто, за парламентарните и 8,93 за претседателските избори.
Во Новаци излезноста е процентулано најголема и изнесува 20,9 проценти
Билјана Јовановска, ДИК.


„Ова се податоци од 93, 23 отсто од избирачките места. Во Новаци излезноста е процентулано најголема и изнесува 20,9 проценти“, изјави портпаролката на ДИК, Билјана Јовановска.

ДИК до сега не забележала нерегуларности на изборите.

Истакнување на пропаганден материјал, неколку случаи на семејно гласање и нарушена тајност на гласањето забележале набљудувачите на МОСТ во досегашниот тек од гласањето.
Истакнување на пропаганден материјал, неколку случаи на семејно гласање и нарушена тајност на гласањето забележале набљудувачите на МОСТ во досегашниот тек од гласањето.
МОСТ.


Невладината Цивил забележала и прекршување на изборниот молк во неколку скопски општини каде што е вршена агитација во раните утрински часови. Набљудувач на Цивил известува и дека некој градоначалник ја злоупотребил својата функција сугерирајќи во пропаганден материјал со негов потпис да се гласа за неговата партија а се повторува и практиката на некои партии преку социјалните мрежи да повикуваат да се гласа за нивната партија, велат од Цивил.
Невладината Цивил забележала и прекршување на изборниот молк во неколку скопски општини каде што е вршена агитација во раните утрински часови.
Цивил.

Денеска во Македонија се одржува вториот круг од петтите претседателски избори и парламентарните избори на кои граѓаните на Република Македонија ќе излезат по осми пат. На 3.480 избирачки места во земјата право на глас на претседателските избори имаат 1.779.572 избирачи, а во избирачкиот список за парламентарните избори се запишани 1.780. 128 избирачи.

На избирачките места ќе има два извода од избирачкиот список, еден за парламентарните, а вториот за претседателските избори. Граѓаните можат само еднаш да го посетат избирачкото место и да гласаат а според укажувањата на ДИК, членовите на избирачките одбори се должни да му укажат на избирачот дека може да гласа за двата или само за едниот вид избори и оти подоцна нема да може дополнително да се врати на гласање.

Оваа година првпат избирачите беа обележувани со видливо мастило во вид на маркер, на првиот круг од претседателските избори на десниот палец, денеска ќе бидат обележувани на левиот палец. Отпечатокот треба да има трајност од најмалку 24 часа и не може да се избрише со алкохол ацетон хидроген или други средства за бришење.

За следење на денешното гласање се акредитирани 10.013 домашни и 610 странски набљудувачи а изборите ќе ги следат и 42 странски новинари.

Канцеларијата на народниот правобранител информираше дека денеска од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Гласачките места се отворени во 7:00, а ќе бидат затворени во 19:00 часот. По затворањето на гласачките места ќе можат да гласаат само лица копи во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Гласањето засега се одвива без поголеми проблеми
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00
XS
SM
MD
LG