Достапни линкови

logo-print

Избирачкиот список повторно оспоруван


ДИК ќе ги разгледува забелешките на СДСМ и на ДУИ за избирачкиот список. Тоа прашање мора да се реши, оти од него зависи целиот исход на изборите, коментираат познавачите.

Државната изборна комисија на денешната седница ќе ги разгледува приговорите за избирачкиот список кои завчера ги доставија СДСМ и ДУИ. Опозициската СДСМ се сомнева во веродостојноста на податоците на 22 илјади гласачи од 22 општини. Од ДУИ бараат да се избршат 453 лица од избирачкиот список кои треба да гласаат во амбасадата во Тирана.
Тоа напротив фрла светлина на процесот, а не сенка. Партиите имаат право да поднесуваат забелешки и тоа е намерно направено за да биде земена предвид секоја забелешка пред изборите.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи вели дека партијата ја почитува законската процедура преку која е овозможено да достават забелешки за избирачкиот список и тоа според него, е позитивно за процесот.

„Тоа напротив фрла светлина на процесот, а не сенка. Тоа е со измената на изборниот законик, партиите имаат право да поднесуваат забелешки и тоа е намерно направено за да биде земена предвид секоја забелешка пред изборите. Сметаме дека имаме аргумент, е сега ако ДИК смета дека е така ќе прифати, ако не ние ќе ја прифатиме одлуката на ДИК каква и да е.“

Професорот Осман Кадриу вели дека избирачкиот список мора да одговара на фактичката состојба по однос на бројот на гласачите.
Тоа е едно прашање кое мора да се реши, затоа што од неговото решавање, односно нерешавање ќе зависи и целиот исход на постапката и целиот процес на изборите.

„Тоа е едно прашање кое мора да се реши, затоа што од неговото решавање, односно нерешавање ќе зависи и целиот исход на постапката и целиот процес на изборите, а со тоа може повторно да дојдеме до ситуација дека имаме незаконитост, нерегуларност, повреди на постапката и на изборниот законик.“

Според него, претседателските и предвремените парламентарни избори ќе бидат сложени и деликатни за спроведување, при што може да се појават некои аномалии за време на гласањето.

„Навистина и Државната изборна комисија, но не само таа, туку и другите тела кои се надлежни, како Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, другите институции, тие приговори треба мошне трезвено, одоговорно, професионално и стручно да ги согледуваат за да можат навистина да ги исчистат и навистина да имаме еден добар избирачки список.“

Доколку СДСМ или ДУИ не е задоволна од одлуката на ДИК може да испрати приговор и во Управниот суд.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG