Достапни линкови

ОБСЕ го започна мониторирањето на изборите


Прес-конференција на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР.
Прес-конференција на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР.

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР ќе набљудуваат дали изборите се одвиваат согласно со обврските кон ОБСЕ и кон правните стандарди на земјата.

Со 20 долгорочни, 300 краткорочни и 11 експерти мисијата на ОБСЕ во земјава ќе ги набљудува претседателските избори, а за предвремените парламентарни очекуваат покана од МНР. Амбасадорот Герт Хајнрих Аренс вели дека на изборите ќе набљудуваат дали нивното одвивање е усогласено со обврските кон ОБСЕ и кон правните стандарди на земјата.
Важно е да се нагласи дека нашата улога тука е да набљудуваме и да известуваме, а не да се мешаме. Нас не не интересира исходот на изборите, туку не интересира самото гласање, неговото броење и табелирање.
Герт Хајнрих Аренс, ОБСЕ/ОДИХР.

„Важно е да се нагласи дека нашата улога тука е да набљудуваме и да известуваме, а не да се мешаме. Нас не не интересира исходот на изборите, туку не интересира самото гласање, неговото броење и табелирање. Нашите правници ќе понудат своја проценка, а потоа е работа на општеството, на политичките партии, на властите како ќе ги користат нашите наоди и нашите препораки, за да ги исполнат демократските стандарди коишто се обврска преземена со членството во ОБСЕ.“
Амбасадорот Герт Хајнрих Аренс.
Амбасадорот Герт Хајнрих Аренс.

Во однос на тоа дали македонските власти ги имплеметирале преппораките на ОБСЕ од минатите избори Аренс одговори.

„Она што би можел да кажам сега е дека голем дел од нив се вградени во законодавството, она што останува да се види е како тие ќе се спроведуваат на терен, а тоа е она што ќе го набљудуваме меѓудругото во тек на нашата мисија.“
ДИК е уверена дека гласачкиот список е веродостоен, на крајот на краиштата мора да се забележи дека во земјава нема скорешен попис, кој ќе покаже кој живее во земјата и колкав е нивниот број.
Герт Хајнрих Аренс, ОБСЕ/ОДИХР.

На прашањето како ОБСЕ ќе го контролира гласањето на дијаспората кое не го набљудува Аренс вели дека не може да одат во амбасадите и директно да го посматраат гласањето, но ја имаат согледано правната рамка и може да ги следат процедурите. ОБСЕ досега набљудувал 15 изборни процеси од 1998 година. Аренс вели дека не е запознаен со состојбата во сите земји, но има такви каде изборите често се одвиваат.

„Но тоа е политичка одлука и не е наше да судиме за таквата одлука, она што ние го набљудуваме е усогласеноста со стандардите и обврските кон ОБСЕ.“

Во однос на избирачкиот список и тоа дека Македонија има регистрирано 1,8 милиони гласачи, а 2 милиони жители, Аренс вели дека тоа прашање било покренато.

„ДИК е уверена дека гласачкиот список е веродостоен, на крајот на краиштата мора да се забележи дека во земјава нема скорешен попис, кој ќе покаже кој живее во земјата и колкав е нивниот број. Она што морам да кажам е дека ние внимателно набљудуваме каква е состојбата со избирачкиот список.“

Завршниот извештај ОБСЕ ќе го објави осум недели по изборите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG