Достапни линкови

logo-print

Предвремени парламентарни избори би предизвикале проблеми


Предвремени парламентарни избори заедно со претседателските би биле сериозен проблем за ДИК. Ако има двојни избори политичкиот амбиент во државата ќе станува се потензичен, велат аналитичарите.

Еветуалното распишување на предвремени парламентарни избори заедно со регуларните претседателки избори се покажува како сериозен проблем и предизвик во Државната изборна комисија, потврдува претседателот на ДИК, Никола Рилкоски во неделното интервју за нашето радио. Рилкоски тврди дека комисијата има капацитет да ги спроведе успешно и двата изборни циклуси, но дека во моментот не е подготвена доколку дојде до таква ситуација.
Тогаш пред нас се јавува еден сериозен проблем, во делот кадешто ќе се испомешаат датумите на едната кампања, на другата кампања, молкот.

„Тогаш пред нас се јавува еден сериозен проблем, во делот кадешто ќе се испомешаат датумите на едната кампања, на другата кампања, молкот. Тука ние се трудиме секојдневно да се подготвиме ако евентуално имаме предвремени парламентарни избори“, вели Рикоски.

И политичкиот аналитичар Исмет Рамадани се согласува дека предвремените избори би фрлиле ново светло на претстојниот изборен период. Ако тоа се случи, политичкиот амбиент во државата ќе станува се потензичен, а тоа пак ќе отвори простор за бескомпромисна политичка борба, вели Рамадани.
Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК).

Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК).


„Може да се случи самиот кандидат да влече да ја подобри состојбата и во однос на парламентарните избори, односно во тоа што значи добивање некое плус место од пратеничките места.“

Еден од проблемите кои исто така би можеле да се појават ако се распишат и предвремени парламентарни избори би било и гласањето на дијаспората. Во овој
Обично кај нас и за време на парламентарните избори во вториот круг остануваат многу изборни места недовршени, така што тоа може да се искористи и за излезноста на изборите.
дел од измените на изборниот законик се уште постојат нејасностии кои би можеле да го комплицираат процесот, истакнува Рилкоски.

„Најспорно беше во однос на цензусот на гласачите кои треба да гласаат, односно да излезат на гласање и да се добие соодветен број на процент на избирачи во смисла да има некоја урамнотеженост на добиените гласови на пратеникот кој се избира во Република Македонија и пратеникот кој се избира во дијаспората.“

Независно од можните проблеми и предизвици, не е исклучено партиите да ги искористат парламентарните избори за да го постигнат посакуваниот цензус на претседателските избори, вели Рамадани.

„Обично кај нас и за време на парламентарните избори во вториот круг остануваат многу изборни места недовршени, така што тоа може да се искористи и за излезноста на изборите.“

Нашите соговорници заклучуваат дека паралелното спроведување на претседателските и предвремените парламентарни избори нема да биде лесно и дека државните институции ќе се соочат со сериозен предизвик да докажат дали имаат капацитет да спроведат фери и демократски избори во согласност со меѓународните стандарди.

Државната изборна комисија соопшти дека претседателските избори ќе чинат најмалку 4 милиони евра, истакнувајќи дека оваа сума не е конечна затоа што дополнително ќе треба да платат за јавните огласи во најтиражните весници во земјите каде што живеат иселениците. Од ДИК најавија и нов изглед на избирачкиот список.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG