Достапни линкови

logo-print

Избирачки список - Колку жители, толку гласачи


Архивска фотографија: Седница на Државната изборна комисија

Архивска фотографија: Седница на Државната изборна комисија

Неспроведениот попис на населението веќе долго време, непочитување на институциите на системот за регистрирање на влезно-излезна состојба, нередовното ажурирање на умрени и новородени, полнолетни, на фиктивни гласачи кои се појавиле на списокот се дел од проблемите кои раѓаат сомнеж дека избирачкиот список не е прочистен, вели поранешниот директор на Државниот завод за статистика Дончо Герасимовски.

Прочистувањето на избирачкиот список и дилемите околу можни неправилности поради ненавремено ажурирање на истиот останува прашање за кое сè уште постои поделеност кај политичките партии, а за кое државните органи меѓусебно си ја префрлаат одговорноста. Неспроведениот попис на населението веќе долго време, непочитување на институциите на системот за регистрирање на влезно-излезна состојба, нередовното ажурирање на умрени и новородени, полнолетни, на фиктивни гласачи кои се појавиле на списокот се дел од проблемите кои раѓаат сомнеж дека избирачкиот список не е прочистен, вели поранешниот директор на Државниот завод за статистика Дончо Герасимовски.
На локалните избори имаше голем број фиктивни гласачи коишто беа пријавени, односно постојано живеат во Пустец, Албанија а коишто беа на избирачкиот список.

„На локалните избори имаше голем број фиктивни гласачи коишто беа пријавени, односно постојано живеат во Пустец, Албанија а коишто беа на избирачкиот список и нон сенс е за државата и за институциите во еден стан да има 30,40 или 50 луѓе со лични карти. Такви појави гледаме каде има и сега истите ќе останат во тој избирачки список и за претседателските избори, утре може и за парламентарните избори“, вели тој.
За да се елиминираат ваквите потенцијални можности за нерегуларности мораме да бараме одговорност од органите кои се надлежни за спроведување на изборите.

Она што остава простор за манипулации околу прочистувањето на избирачкиот список се меѓу другото и законските рокови за ажурирање на тој список, а големо влијание на оваа статистичка операција има тоа што не се знае точниот број на население, односно тоа што последниот попис беше спроведен во далечната 2002 година, појаснува Герасимовски.

„Во законот за попис и во законот за избори има и методолошки разлики. Со законот за попис се евидентира население коешто е во земјата, а во избирачкиот список влегува населението што има наполнето 18 години, независно каде се наоѓаат во светот“, вели Герасимовски.

Прочистувањето на избирачкиот список не може да биде вина само на Државната изборна комисија, туку станува збор за координирана акција меѓу институциите за системот задолжени за спроведување на изборниот циклус, се согласува универзитетскиот професор Осман Кадриу.

„За да се елиминираат ваквите потенцијални можности за нерегуларности мораме да бараме одговорност од органите кои се надлежни за спроведување на изборите“, вели Кадриу.

Она на што укажуваат експертите е потребата од почитување на законите од страна на граѓаните. Кога тоа се случува, а институциите на системот ги применуваат истите законски решенија, тогаш велат, е лесно да се прочистува избирачкиот систем. Според последните податоци, еден милион 787 илјади и 350 илјади граѓани се запишани во Избирачкиот список, a вкупниот број на населението во земјава изнесува 2 062 294.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG