Достапни линкови

Моќта на младинскиот глас


Стефан Богоев, претседател на СДММ.
Стефан Богоев, претседател на СДММ.

Ако ги преспиеме и овие избори, се плашам дека после извесно време ќе се разбудиме во некоја друга држава која сигурно нема да биде нашата Македонија!? Ова се судбински избори. После ова гласање ќе нема време за каење, пишува претседателот на подмладокот на СДСМ, Стефан Богоев, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Младите во нашата земја, без оглед на етничката припадност, на претстојните избори (претседателски и парламентарни) со моќта на својот глас мора да ја поразат политиката на сегашната власт. Друг избор – нема! Другиот избор ќе значи дека сме се согласиле Груевски и неговата компанија на крајот да ни ја украдат и нашата иднина.
Ако ги преспиеме и овие избори, се плашам дека после извесно време ќе се разбудиме во некоја друга држава која сигурно нема да биде нашата Македонија!? Ова се судбински избори. После ова гласање ќе нема време за каење.

Младите луѓе во Македонија - Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи... во ова време-невреме имаат огромна одговорност пред сегашноста и иднината. На 13 и 27 април нашата судбина, иднина и сила ја имаме во свои раце. Ова не е излитена фраза, ова е апсолутна вистина! Ако ги преспиеме и овие избори, се плашам дека после извесно време ќе се разбудиме во некоја друга држава која сигурно нема да биде нашата Македонија!? Ова се судбински избори. После ова гласање ќе нема време за каење.

Осум години од животот ни поминаа во слушањето лаги, празни зборови и фрази за подобар живот и блескава иднина. Ни летнаа годините висејќи по шалтерите на едношалтерскиот систем на Груевски и по бироата за (не)вработување. Дипломите и високиот просек немаат никаква вредност и предност за вработување ако до нив не е залепена партиската книшка на ДПМНЕ. Членувањето во владејачката ВМРО наскоро ќе биде главен услов и за дишење воздух во нашата Македонија!!!

Се претворивме во телиња гледајќи како режисерскиот тандем Грујо-Рој ја претвора нашата земја во сценографија за снимање петпарачки боливудски филмови, со најевтини трикови. Главната улога ја имаа неколку волови и 20.000 „свети“ индиски крави. Останатите бевме само неми статисти во оваа нова комедија на власта.

Во далечната Индија го уапсија и со мастило го обележаа како криминалец најголемиот пријател на власта и најдарежливиот инвеститор кој во нашата земја требаше да вложи 3 милијарди долари и да отвори десетици илјади нови работни места. Од оваа најголема инвестиција на младите во земјава им остана само штафетата на Субрата.

Години наназад власта не бомбардира со најави за лажни мега- проекти и инвестиции. Од сето тоа единствено вистинска беше бомбата што пред 2 недели некој ја фрли во непосредна близина на седиштето на младите од СДСМ-Карпош, во време кога 30 момци и девојки одржуваа партиски состанок. Бомбашот сè уште непознат за полицијата и за јавноста!?
Младите во Македонија осум години живеат во стилот „од денес за утре“. Без работа, без пари и без перспектива станаа најголеми зависници од пензиите на своите дедовци и баби кои власта на ДПМНЕ, сега, пред избори се обидува да ги поткупи со зголемување од 600 денари.

Младите во Македонија осум години живеат во стилот „од денес за утре“. Без работа, без пари и без перспектива станаа најголеми зависници од пензиите на своите дедовци и баби кои власта на ДПМНЕ, сега, пред избори се обидува да ги поткупи со зголемување од 600 денари.

Младите не сакаат да ги води власт која со години се обидува да прикаже дека градењето споменици наместо фабрички погони преставува инвестиција за иднината. Тие не прифаќаат Груевски и неговата компанија да ги прават „при памет-глупи“ и да им го продаваат барокот како архитектура на 21 век. Ниту, пак, ги сакаат медиумите чие далечинско се наоѓа во зградата на Илинденска и служат за перење мозоци со солзите од турските серии.

Претстојните избори се нашата последна шанса за промени и последната надеж за подобро утре. Мора да ѝ покажеме црвен картон на политиката на Груевски и на неговите најблиски роднини, кумови и пријатели кои за да можат слободно да си ги делат парите од тендерите го поделија народот и младите на мои и твои, на наши и ваши! Треба да биде поразена власта која се фали дека на сите страни гради, а во суштина го урива сето она што досега во нашата земја е изградено. СДСМ ја има победничката програма, СДСМ ги има победничките, млади луѓе! Младите ќе бидат носители на промената, носители на победата!

Време за дилеми повеќе нема! Да не дозволиме да ни ја украдат и иднината. Младите на априлските избори сигурно ќе знаат за кого и за што ќе гласаат. Изборот е единствена Македонија, татковина на чесни, одговорни, образовани, работливи и европски ориентирани млади луѓе.
XS
SM
MD
LG