Достапни линкови

Светот на младите останува (ако преживеат)!


Стефан Богоев, претседател на Социјалдемократската младина.

Стефан Богоев, претседател на Социјалдемократската младина.

На младите им е доста од лаги, манипулации и закани! Ние нема да трпиме вие да живеете во неколку станови, а на младите да им прокиснуваат таваните. Вие да делите милионски тендери, а младите да си одат од државата! Да се грижите за мртвите, а да ги заборавате живите! Доста беше, младите на наредните избори ќе ви дадат црвен картон!, пишува претседателот на СДММ Стефан Богоев во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Изминува и вториот месец од 2014 година, а во Македонија ништо добро. Повторно избори, редовни претседателски и можни предвремени парламентарни. Сè по старо, црната кампања против СДСМ си тече, Латас си беседи на телевизија без око да му трепне, навидум, Македонија и во 2014 останува да биде држава во која учените и паметните молчат, а приучените профитери царуваат!
Мизеријата е надградена и проширена. Лифтови по студентски паѓаат, тавани протекуваат, а истовремено, што би рекол еден мој другар, „Светот на младите останува (ако преживеат)“. Но, и не е сè така исто во 2014, како во претходните години.

Мизеријата е надградена и проширена. Лифтови по студентски паѓаат, тавани протекуваат, а истовремено, што би рекол еден мој другар, „Светот на младите останува (ако преживеат)“. Но, и не е сè така исто во 2014, како во претходните години.

Во последните два месеци од 2013, СДСМ интензивно низ целата држава ги промовираше мерките од програмата кои наидоа на огромна поддршка кај граѓаните. Мерките ги опфаќаат буквално сите сфери, а особено е ставен акцент на решавањето на проблемите со младинската невработеност и иселувањето на младите од државата. Истовремено, Социјалдемократската младина го избра новото раководство и активно со силен интензитет се приклучи на оваа кампања на партијата.

На почетокот од оваа година, во јавноста излегоа бројни скандали милионски тендери на новинари – бизнисмени, т.н. владини полтрони и мегафони кои ја разбрануваа јавноста. Милионски тендери доделени на мајки на новинарки, земјишта од по неколку илјади метри квадратни и бројни станови и фирми, претседателски вратоврски од 6.000 евра... Сè на сè, фиоките не се затвораат од тендерска, криминална документација!

Меѓувремено, СДММ секојдневно и неуморно ги посетува раководства во локалните клубови низ државата кои целосно се екипираат. Тоа е наша обврска, но и задоволство. Сето ова ја зголемува довербата и поддршката на СДСМ, а ја топи поддршката кај ВМРО-ДПМНЕ и предизвикува паника кај нив. Следствено на тоа, испаничените побрзаа со идејата за предвремени избори за да се обидат да го фатат последниот воз, бидејќи повеќе од очигледно е дека на редовните парламентарни во 2015 возот веќе ќе биде во амбис!
На младите им е доста од лаги, манипулации и закани! Ние нема да трпиме вие да живеете во неколку станови, а на младите да им прокиснуваат таваните. Вие да делите милионски тендери, а младите да си одат од државата! Да се грижите за мртвите, а да ги заборавате живите! Доста беше, младите на наредните избори ќе ви дадат црвен картон!

Да биде ситуацијата уште поинтересна, немајќи реална причина и повод за распишување на предвремени избори, почнаа да се заплеткуваат во смешни објаснувања. Фарсата околу консензуалниот кандидат со ДУИ, народски позната како „Ѓорге не го сакаме, ама Хорхе може!“ Мене лично, сето ова ми личи на добро осмислен параван зад кој интензивно си врват тендерските пазарења! Сценариото понатаму е исто. Почнуваат меѓуетнички тепачки каде се злоупотребуваат млади луѓе, провладини експерти како Каракамишева и Божиновски (кој според одредени информации се офајдил преку набавките на Иванов) јавно делат памет и се обидуваат да ја сменат реалната слика. Злоупотребата на буџетските пари продолжува, како и црната кампања против опозицијата. Тоа е веќе добро познато сценарио.

Епа другари, што би рекле во легендарниот српски филм „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Неќе моќи, ове ноќи!“. Ние овој пат нема да бидеме статисти и дел од вашиот филм. На овие избори, какви и да бидат, ниту ќе ви дозволиме да исплаќате субвенции, ниту екстра парични додатоци со кои ги купувате легално гласовите! Ниту ќе дозволиме да си сечете лентички и да си фрлате лопати на само неколку дена пред изборите и да правите вештачка слика дека нешто градите, ниту ќе дозволиме да го узурпирате целиот медиумски простор! На овие избори жестоко и непопустливо ќе се заложиме за фер правила и можност за фер борба! Злоупотребата на власта си оди во историјата! Таква е политиката на нашата партија! Само со фер услови ќе видиме дали народот навистина ве сака и ви верува!?

На младите им е доста од лаги, манипулации и закани! Ние нема да трпиме вие да живеете во неколку станови, а на младите да им прокиснуваат таваните. Вие да делите милионски тендери, а младите да си одат од државата! Да се грижите за мртвите, а да ги заборавате живите! Доста беше, младите на наредните избори ќе ви дадат црвен картон!

П.С. Кога ќе добиеш црвен картон излегуваш од игра и имаш забрана за настап на наредните два натпревари.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG