Достапни линкови

Дневен печат - очекувања од 2014


Дневните весници пишуваат за пречекот на Новата година и за очекувањата во неа, особено на економски план.

За што во овој преглед на печатот, ако не за пречекот на Новата година. И за очекувањата во неа, особено на економски план. Според министерката Јанкулоска дочекот сме го поминале „во мирна атмосфера, без поголеми инциденти - во цела земја имало само 20 инциденти“, како што ја цитираа Утрински и Дневник. Дури Дневник оди со констатација дека ова било „Најмирна прослава години наназад“.
Година на пљачка на културното наследство и на поединци што се вивнаа во ѕвездите - потфрлија институциите. Тешко се спојуваат изјавите за заштита на идентитетот на нацијата, а за културното наследство не се води сметка.
Нова Македонија.

Утрински ги пренесува очекувањата на политичките аналитичари за 2014 со наслов: „Година на стабилизација или на нови шокови - Марјан Николов вели дека идната година нема да биде подобра од ланската“. Нова Македонија ја оценува старата година со наслов: „Година на пљачка на културното наследство и на поединци што се вивнаа во ѕвездите - потфрлија институциите. Тешко се спојуваат изјавите за заштита на идентитетот на нацијата, а за културното наследство не се води сметка“. Истиот весник забележува дека ланската била
и „Година на политички ровови и на затворски лузни“.

Вечер информира за ручекот на бизнисмените од северозападна Македонија со Груевски, на кој тие оцениле дека „2013 беше економски добра година, во 2014 влегуваме со оптимизам“. Весникот
Грција ќе плати повисока цена ако го развлекува наместо да го решава спорот со Македонија.
Утрински весник.
Слободен печат оценува дека „Годината 2013 беше година кога умреа слободата и демократијата во Македонија“. Слободен печат исто така прашува: „Каква финансиска дисциплина ветува Груевски - Државата не мора да плаќа долгови, ама ќе им удира казни на неплаќачите!?“

Дневник информира за интерната партиска анкета на СДСМ за претседателски кандидат: покрај Стево Пендаровски, кој според извори на весникот се чинело ќе ја прифати кандидатурата, во Партијата добро се котирале и Денко Малески и Трифун Костовски. Утрински во средата, а Дневник во четвртокот ја одбележуваат 2-годишнината од смртта на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

Утрински информира дека Грција, која од 1 јануари го презема претседавањето со ЕУ за трошоците од своето раководење одредила рекордно низок буџет од само 50 милиони евра. Истиот весник од својот дописник од Атина објавува дека според грчките политички и економски аналитичари, „Грција ќе плати повисока цена ако го развлекува наместо да го решава спорот со Македонија“. Утрински и Дневник објавуваат дека Велика Британија стравува од навала на „Бугари“, и „Романци“односно од граѓани на Македонија и на Молдавија со пасоши на тие земји, чии граѓани од оваа година ќе можат слободно да работат на Островот. Вечер ја објавува анкетата на МЦМС според која за нашите граѓани „Најдобри соседи ни се Србите, од јужните нема фајде!“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG