Достапни линкови

logo-print

Првите соседи го наполнија Охрид


Охрид подготвен за пречекот на Нова Година 2014.

Охрид подготвен за пречекот на Нова Година 2014.

Во Охрид се очекува бројка од околу 5.000 гости за Нова Година. Најбројни ќе бидат Бугарите, но присутни ќе се и гостите од Србија и Црна Гора.

Најголем дел од хотелските капацитети во Охрид се 100 проценти исполнети за новогодишните празници со гости од соседните држави. Најбројни ќе бидат Бугарите, но присутни ќе се и гостите од Србија и Црна Гора. Автобускиот превозник Ниш Експрес од Србија до сега има воведено четири вонредни линии до Охрид, а вонредни автобуски линии ќе има и од Подгорица и некои други балкански градови.
За Нова Година 2014 Охрид ќе биде масовно посетен од нашите први комшии, Црногорци, Срби, Бугари и Албанци. Нема ниту место во капацитетите да примиме други гости.

Љупчо Јузмески туристички водич од Охрид вели дека во контакт со неговите колеги во Охрид се очекува бројка од околу 5.000 гости за Нова Година.

„За Нова Година 2014 Охрид ќе биде масовно посетен од нашите први соседи, Црногорци, Срби, Бугари и Албанци. Нема ниту место во капацитетите да примиме други гости. Задоволува тој податок за нас како Охрид, но тоа значи дека платежната моќ на граѓаните на Балканот паѓа и не можат да одат на друго место“, рече Јузмески.

Јузмески вели дека за оваа Нова Година во Охрид ќе дојдат и многу Бугари кои живеат во Израел.

„Оваа 2014 година ќе имаме
Во 23 часот Нова Година ќе прославуваме за бугарските гости, а за сите други во 24 часот.
Бугари од еврејско потекло кои живеат во Израел, кои беа депортирани 1948 година под комунистичкиот режим,од Бугарија во Израел. И сега потомците на тогашните Бугари сакаат да го посетат Охрид. Околу 5.000 – 6.000 туристи ќе имаме во хотелите, во приватните сместувачки капацитети, кај пријатели“, вели Јузмески.

И од еден од поголемите хотели во Охрид, Гранит велат дека се 100 проценти исполнети од кои 80 отсто од гостите им се од Бугарија.
Слично е и во Струга. И таму пополнетоста е задоволителна.

Ана Јанчева од хотел Дрим вели дека ќе организираат интернационален дочек на Нова Година со гости од Бугарија, Србија, и Албанија.Таа вели дека комплетно е распродаден капацитетот на хотелот. Она што им се нуди како понуда на гостите во Струга е што утрото на 1 јануари на плажата пред хотелот ќе се организира ручек со лебедите.

„Да повелат на македонска музика, на традицонална скара, на греано вино и ракија на плажата пред хотелот. Одличниот одѕив на бугарските гости посебно не радува, а не радува и одѕивот на албанските гости, но и враќањето на домашните туристи. Во 23 часот Нова Година ќе прославуваме за бугарските гости, а за сите други во 24 часот“, вели Јанчева.

И на градскиот плоштад во Струга ќе има организиран дочек со музичари од сите националности. Јанчева вели дека посебно радува одлично украсениот град.

„Минатите години не беше така, но оваа година е вложено во украсувањето на градот и тоа ни е од помош оваа година што придонесува за уште поголем впечаток за гостите кои ќе дојдат“, рече Јанчева.
XS
SM
MD
LG