Достапни линкови

logo-print

Прегледот на најважните случувања во годинава што изминува сепак го почнуваме со настанот од 24 декември минатата година, кога најпрвин новинарите, а потоа и пратениците на опозицијата беа отстранети од собраниската сала, по што беше донесен буџетот за 2013 година. Многу од настаните годинава беа на овој или на оној начин тесно поврзани со она што се случи на крајот од минатата.

Уште од почетокот на годинава, опозицијата, која не учествуваше во работата на Собранието, ги објави своите услови за учество на локалните избори, односно бараше истовремено со општинските, во март да се избира и централна власт. Тоа беше проследено и со барањето за назначување на тројца нови министри во клучните ресори, кои би останале на должност за време на изборите.
Доколку овие предлози бидат одбиени ние нашата битка за слободата и демократијата ќе продолжиме да ја водиме со методите на улична демократија и сите видови на граѓански отпор.

Протести, инаети и избори

„Доколку овие предлози бидат одбиени ние нашата битка за слободата и демократијата ќе продолжиме да ја водиме со методите на улична демократија и сите видови на граѓански отпор се до остварување на овие цели“, рече во јануари тогашниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски.

Потоа следуваа протести, собири, распишување на изборите за 24 март, па средби ​меѓу претставници на власта и опозицијата.

„Ќе одиме на избори со опозиција, бидејќи СДСМ не е единствената опозиција во Република Македонија.“

„Ако нема предвремени парламентарни избори не се враќаме во Парламентот и не
Ќе одиме на избори со опозиција, бидејќи СДСМ не е единствената опозиција во Република Македонија.
учествуваме на локални избори“, изјавија по една неуспешна средба лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ Никола Груевски и Бранко Црвенковски.

Мартовски договор за декемвриски настани

Потоа беше поместуван рокот за поднесување кандидатски листи за изборите, политичката криза беше се подлабока, се додека, како во еден познат виц, не дојде шумарот. Односно, за време на посетата на Скопје од страна на тројката од Брисел- Штефан Филе, Ричард Ховит и Јиржи Бузек, на 1 март беше постигнат договор за одржување локални избори, на кои ќе учествува и опозицијата. Според договореното, пратениците од опозицијата ќе се вратат во парламентот, а ќе биде формирана
Задоволни сме што политичките лидери конечно ја покажаа нивната политичка одговорност.
и комисија за расчистување на настаните од 24 декември.

„Задоволни сме што политичките лидери конечно ја покажаа нивната политичка одговорност за да постигнат договор што ќе ја врати земјата во нормално функционирање на институциите и ќе ја продолжи својата конструктивна работа на европските приоритети“, рече европратеникот Ричард Ховит.

„Морам да искажам задоволство од позитивниот однос на лидерите и на власта и на опозицијата што конечно овозможија европската агенда да се врати повторно на дневен ред во Македонија“, изјави претседателот на Ѓорге Иванов.
Морам да искажам задоволство од позитивниот однос на лидерите и на власта и на опозицијата.

Првите спорни прашања во врска со комисијата за настаните од 24 декември беа кој ќе биде нејзин претседател и како ќе се носат одлуките- со надгласување или со консензус. По неколкумесечното натегање, во јуни за прв човек на ова тело беше избран деканот на Правниот факултет Борче Давитковски, но само по еден месец, тој си даде оставка.
Седница на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември.

Седница на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември.


„Ги изгубив допирните точки од двете страни, така што мислам дека моето натамошно опстојување во истата е излишно, толку се големи сега разликите, извештајот го направивме прекрасен, има прекрасни препораки, дојдовме многу блиску до заеднички став, но едноставно пак се разединуваме.“
Ги изгубив допирните точки од двете страни, така што мислам дека моето натамошно опстојување во истата е излишно.

Повторно следуваа тензии, препукувања, се до крајот на август, кога некаков договор беше постигнат.

„Ќе подметнеме грб и сè ќе изгласаме и сè ќе им потпишеме, ако не можат да се израдуваат на изборен резултат, нека се радуваат барем на овој извештај, на кого никој нема да му верува во делот на правните квалификации“, беше изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски. Потоа беше формирана работна група за спроведување на заклучоците Средба на претседателот на Мaкедонија Ѓорге Иванов со Борче Давитковски.

Средба на претседателот на Мaкедонија Ѓорге Иванов со Борче Давитковски.

од договорот, но до крајот на годинава нема речиси никаков опиплив резултат од нејзината работа.

Фер избори со бројни нерегуларности

Локалните избори се одржаа кон крајот на март и почетокот на април. Посебен печат врз нив оставија случувањата во неколку
И понатаму се јавија случаи на групно гласање, а тајноста на гласот не беше секогаш испочитувана
општини, а најкарактеристично беше во Центар, Кичево и Струга. Како посебен куриозитет беше оценет заедничкиот настап на лутите ривали СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Кичево и во Струга, но и покрај тоа нивните кандидати не станаа градоначалници во тие општини. Во најголемиот дел од општините победија кандидатите на владејачката коалиција на Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герд Аренс .

Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герд Аренс .

централно ниво.

„Победата е и над претходните наши очекувања“, изјави премирот Никола Груевски.

Опозицијата имаше голем број забелешки за регуларноста на гласањето.
Противник на власта не бевме ние, противник на власта беа граѓаните на Општина Центар.

„Сите нерегуларности кои беа евидентирани или допрва ќе бидат евидентирани додека не се расчистат за нас сите опции се отворени, вклучително и неучество во вториот изборен круг“, изјави Бранко Црвенковски.

А оценката на странските посматрачи беше како и обично: мирно, но...

„Процесот на гласање беше Андреј Жерновски.

Андреј Жерновски.

мирен, иако постапките не се проследија во одредени гласачки места коишто ги посетивме. И понатаму се јавија случаи на групно гласање, а тајноста на гласот не беше секогаш испочитувана“, рече по првиот круг Герд Аренс од посматрачката мисија на ОДИХР.

Сè започнува и завршува во Центар
Ние не се плашиме од никаква ревизија и ние како Министерство за култура и во изминатиот период сами побаравме ревизија од Државниот завод за ревизија.

Во некои општини беше одржан и втор круг, а во Центар имаше и трето прегласување. Опозицијата обвинуваше дека власта се служи со измами и нерегуларности, се додека нивниот кандидат Владимир Тодоровиќ не победи. Сепак, на крајот нов градоначалник стана Андреј Жерновски.

„Противник на власта не бевме ние, противник на власта беа граѓаните на Општина Центар,​коишто потврдија дека не може ниту оваа власт, ниту која било власт да ја промени јасно изразената волја на граѓаните, рече по третиот круг Жерновски.

А додека се одвиваше избирачкиот процес во Центар, на неколку наврати буквално преку ноќ, општината осамнуваше со нови споменици и објекти од проектотСкопје 2014. Така, по вториот круг беа поставени скулптури на мостот Око, а пред третиот круг и каруселот на плоштадот. Ден по завршувањето на третото гласање, откако Жерновски најави ревизија на сите трошења за проектот Скопје 2014, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на прес конференција на која учествуваше и дотогашниот градоначалник Тодоровиќ, објави дека за таа намена се потрошени 207 милиони евра.

„Ние не се плашиме од никаква ревизија и ние како Министерство за култура и во изминатиот период сами побаравме ревизија од Државниот завод за ревизија“, рече министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Случувањата во Центар не завршија со крајот на изборите. Во јуни група граѓани протестираа поради, како што велеа, намерата на Жерновски да ја запре изградбата на црквата Свети Константин и Елена кај Домот на АРМ. Општинските власти тврдеа дека немаат намера да ја урнат црквата.

Ако владата донесе ваков закон ние тврдиме дека ситуацијата ќе се влоши.
„Се што е започнато, се што е изградено, се за што има издадено документација дали од Општината или од Министерството за транспорт и ​врски, тоа воопшто нема да биде предмет на одлуката за поништување на деталниот урбанистички план “, изјави претседавачот на Советот Еврокомесарот Штефан Филе и претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.

Еврокомесарот Штефан Филе и претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани.

​Мирослав Шиповиќ.

Сепак, протестите не престануваа и неколку дена подоцна насобраните граѓани пред зградата на општината спречија одржување на седница на Советот. Дојде и до судири со полицијата, беа искршени неколку прозорци на објектот.
Општинските власти тврдеа дека овие протести имаат политичка заднина, затоа што ВМРО ДПМНЕ
Не сакаме да учествуваме во фингирање на дебата за закон за кој никој не знае што содржи.
не може да се помири со поразот на изборите, а истото го тврдеа и во октомври, кога МВР покрена акција за расчистување на наводен криминал во фирмата Машинопромет, а еден од осомничените беше и претседавачот на Советот на Центар Шиповиќ.

„Сакаат да ме малтретираат, сакаат да се изживуваат со мене...“, рече Шиповиќ откако беше приведен на аеродромот во Виена при враќањето во Македонија од САД. По 40-ина дена тој беше екстрадиран во земјава, а неодамна притворот му беше продолжен уште за еден месец, што беше повод за СДСМ да најави дека веќе нема да учествува во работата на Комисијата за настаните од 24
Ова е првпат во демократска Република Македонија новинар да биде уапсен за напишан текст.
декември.

Новинарството на колена

Освен одвивањето на изборите и работата на Комисијата за 24 декември, слободата на медиумите беше друга област која постојано се наоѓаше под будното око на меѓународната заедница. А имаше и зошто. Во континуитет траеја несогласувањата меѓу владата и повеќето новинарски здруженија и синдикатот, за тоа дали има потреба од носење на Закон за медиуми, а ако веќе се носи, каков треба да биде и што да регулира

„Ако владата донесе ваков закон ние тврдиме дека ситуацијата ќе се влоши“, изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани.
Судот како да признава дека доколку Кежаровски истражува и понатаму и копа по случајот Ореше тоа може сериозно да влијае врз истрагата.

„Не сакаме да учествуваме во фингирање на дебата за закон за кој никој не знае што содржи“, изјави претседателката на синдикатот на медиумски работници Тамара Чаусидис.

На крајот од годинава, сепак двата медиумски закона беа донесени во Собранието.

Во меѓувреме, на ранг листите на специјализираните светски организации за слобода на Протест за поддршка на новинарот Томислав Кежаровски пред Музејот на ВМРО.

Протест за поддршка на новинарот Томислав Кежаровски пред Музејот на ВМРО.

изразување, Македонија забележа нов пад. А дополнително влошување на ситуацијата предизвика и настанот што се случи кон крајот на мај. Тогаш меѓу другите, беше уапсен и новинарот на Нова Македонија Томислав Кежаровски, кој беше обвинет дека наводно го открил идентитетот на заштитен сведок во случајот со убиство во село Ореше. Неколку дена потоа беше одржан протест на кој учествуваа новинари од
Ова не е ништо само продолжување на низата на покажување на сила на оваа власт и на дело да видиме уште еднаш дека живееме во полициска држава.
речиси сите медиуми

„Ова е првпат во демократска Република Македонија новинар да биде уапсен за напишан текст“, рече Петрит Сарачини од МИМ.

„Замислете Судот, односно Обвинителството предложило, а истражната судијка прифатила, дека Кежаровски може со своите текстови како новинар да влијае на јавноста за делото за кое е обвинет, па тоа е скандал, затоа што пред сè тој е новинар и тој го истражува овој случај од самиот почеток, од 2005 година. Со други зборови, Судот како да признава дека доколку Кежаровски истражува и понатаму и копа по случајот Ореше тоа може сериозно да влијае врз истрагата во врска со целата оваа група уапсена за организиран криминал. А што друго сакаме, ако не вистината?“, рече уредникот на Нова Македонија Зоран Димитровски.

Протести имаше и подоцна, откако судот на неколку пати го продолжуваше за по еден месец притворот за Кежаровски, и покрај укажувањата и забелешките од меѓународни новинарски организации и асоцијации за заштита на човековите права, како и од ОБСЕ. Пресудата од 4 и пол години затвор за Кежаровски беше изречена во октомври, по што беше одржан протест на новинари пред музејот на револуционерната борба, каде што голем полициски кордон им забрани на насобраните да се доближат до зградата.

„Ова не е ништо само продолжување на низата на покажување на сила на оваа власт и на дело да видиме уште еднаш дека живееме во полициска држава“, вели уредникот на телевизија Алсат-М, Мухамед Зекири.

„Македонската власт извади специјални сили за да ја одбрани државата од слободата на говорот“, изјави новинарот и аналитичар Сашо Орданоски.

За „името“ - оптимизмот не донесе решениe
Би бил среќен доколку имавме успех, но сè уште постојат значителни разлики меѓу двете страни, сè уште немаме решение.

Прашањето за името, односно барањето за решавање на спорот со Грција, е неизоставен дел од сите извештаи на меѓународните институции во изминатите години. Така беше и оваа. Медијаторот Метју Нимиц во јануари беше оптимист дека нешто може да се случи и конечно по 20 години да се дојде до решение

„Зборувавме за детали, за различни можности. Претставив неколку идеи и добив реакции. Од моите посети во Атина и Скопје можам да кажам дека забележав зголемен интерес и сериозен пристап кон можностите за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение“, рече Нимиц.
Но, потребно е поголемо внимание врз владеењето на правото и резултатите во борбата против организираниот криминал. Слободата на медиумите останува прашање кое загрижува.

Сепак, како минуваше времето, оптимизмот се намалуваше, па во септември Нимиц по средбите со грчкиот и македонскиот државен врв, рече дека решението не е на повидок.

„Би бил среќен доколку имавме успех, но сè уште постојат значителни разлики меѓу двете страни, сè уште немаме решение, постојат сериозни разлики во однос на различните аспекти на можното решение и треба да продолжиме со изнаоѓањето решение “, рече Нимиц.

Од ЕУ само редовна препорака

Сите работи што ги спомнавме во прегледов имаа влијание врз извештаите на Европската Комисија, кои беа презентирани во април и во октомври. Во вонредниот извештај во април еврокомесарот за проширување Штефан Филе истакна дека има напредок во реформите, но оти не се исполнува во целост договорот од 1 март. Во октомври, пак, освен редовната препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ, Филе повторно ги нотира забелешките за владеењето на правото, слободата на медиумите, а беше спомната и селективната правда.

„Генерално, реформите продолжија и европската агенда останува стратегиски приоритет на земјата. Но, потребно е поголемо внимание врз владеењето на правото и резултатите во борбата против организираниот криминал. Слободата на медиумите останува прашање кое загрижува“, рече Филе.

Епилогот од сево ова беше одлуката на ЕУ, за почеток на пристапните преговори на Македонија да се разговара и во 2014 година.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG