Достапни линкови

Бесими - Продолжуваме со реформите


Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Најважно е што Советот нотира дека Македонија ги исполнува политичките критериуми за препораката, ја коментира вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими одлуката на Советот за министри на ЕУ да не и додели датум за преговори на Македонија. Вели дека наредниот период треба да се искористи максимално за спроведување на реформската агенда, отворените прашања со соседите и добрите меѓуетнички односи и уверува дека грчкото претседавање со Унијата нема да влијае врз македонските евроинтеграции.

Господине Бесими кој е вашиот коментар на нацрт заклучоците на Советот на министри на Европската унија сега која веќе ни е јасно дека не добивме датум за отпочнување на преговорите?

Тоа што е најважно е дека советот во однос на препораката го нотира и го споделува истото мислење како дека Македонија продолжува да ги исполнува критериумите за преговорите. Но како што знаеме ова прашање се одлучува врз основ на консензус, а во моментот таков консензус се уште не е постигнат, со оглед на тоа дека има отворени прашања со соседите.

Што може ние да направиме за да ги зголемиме шансите за добивање датум за преговори следната година?

Тоа што за нас останува во фокусот е наредниот период за се искористи максимално во однос на реформската агенда и отворените прашања што ги има Република Македонија со соседите, добрите меѓуетнички односи. Политичката поддршка за овие процеси останува во рамките на земјите членки на ЕУ и ХЛАД се споменува како механизам кој ќе се користи во реформската агенда и тоа што е позитивно меѓудругото е во однос и на очекувањата за преговорите што се однесуваат и за прашањето за името, што на некој начин за нас е важно овие прашања да се стават во една динамика што ќе кореспондира со динамиката на ЕУ.

Колку можеме да бидеме оптимисти дека ќе биде поинакво сценариото во 2014, со оглед на грчкото претседавање со Унијата?

Јас не би правел некоја разлика како тоа ќе влијае врз процесот, ние независно од тоа, реформите што ги имаме планирано ги тераме со динамиката што веќе е освоена со Акцискиот план на владата, а истиот акциски план во наредниот период заедно со ЕК ќе се дефинира и за други работи што приоритетни во однос на реформската агенда, тоа е еден аспект. И второ во однос на отворените прашања, ние остануваме отворени за овие прашања и со голем акцент дека сметаме дека за интензивирање на преговорите важно е да се вклучат или помогнат и земјите членки на ЕУ, меѓутоа и институциите на Унијата. Сметаме дека на тој начин ќе се помогне процесот, а секако решението ќе биде со нашите соседи во моментот кога и двете страни ќе сметаме дека сме достигнале на ниво дека тоа е прифатливо решение. Претседавањето не би го ставил како контекст дека тоа може да влијае на еден или на друг начин.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG