Достапни линкови

Посетата на Бутарис за придвижување на односите со Грција


Според солунскиот градоначалник Јанис Бутурас, ако постои добро расположение кај двете држави за решавање на тие проблеми, тие ќе се решат.

Посетата на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис е за поздрав, велат експертите, кои очекуваат тоа да биде само првиот чекор во интензивирање на соработката и контактите меѓу Македонија и Грција на политички план. Бутарис, иако порача дека не е политичар кој се бави со надворешна политика, сепак истакна дека соседните држави треба да живеат меѓусебно, а проблеми постоеле и ќе постојат секогаш. Според него, ако постои добро расположение кај двете држави за решавање на тие проблеми, тие ќе се решат.
Еден коректен, еден пријатен чекор за воспоставување на одредена доверба меѓу двете држави и сметам дека овој вид на комуникација е пожелно да продолжи.

Професор Нано Ружин вели дека секој контакт меѓу Грција и Македонија е добар за да се разбие митот дека двете земји немаат добрососедски односи.
Средба на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски со Јанис Бутарис градоначалник на Солун.

Средба на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски со Јанис Бутарис градоначалник на Солун.


„Еден коректен, еден пријатен чекор за воспоставување на одредена доверба меѓу двете држави и сметам дека овој вид на комуникација е пожелно да продолжи и да се прошири. Практично двете држави се сега во малку непријатна ситуација, Македонија веќе подолго време е во криза, Грција исто така и сметам дека единствено со дијалог, со разбирање, со взаемни контакти, со пријателски односи, со размена на културите, тие би се придвижиле“, вели Ружин.
Секако е потребно такви чекори, такви активности што почесто и час поскоро да се спроведуваат.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека Бутарис важи за полиберален политичар и доколку примил добри пораки за време на посетата во Скопје, истите ќе бидат пренесени во Солун, што во секој случај е добар исчекор во подобрување на односите.

„Секако е потребно такви чекори, такви активности што почесто и час поскоро да се спроведуваат, затоа што во ситуација на блокирани, затегнати односи меѓу двете службени политики, секое отворање на нови канали на комуникација и да потенцирам, на нови добронамерни канали на комуникација, сигурно ќе го олеснат комуницирањето и на странките кои се дел од затегнатите односи“, вели Муслиу.

Според Ружин, на потег е Македонија, која освен на економски и туристички план, треба со Грција да ја развие и политичката соработка.

„Мислам дека сега македонската страна е на потег и би требало овој момент да се искористи да се резултира со позитивни движења“, вели Ружин.

Односите меѓу Македонија и Грција на политички план се замрзнати поради спорот со името, кој ја кочи интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG