Достапни линкови

logo-print

ЕУ - И овој пат нема датум за преговори со Македонија


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Македонија, според нацрт заклучоците кои денеска и утре ќе се најдат пред Советот на министрите на ЕУ, во пресрет самитот на Унијата в петок, нема да добие датум за преговори. Земјата мора да работи на добрососедската политика, да се изнајде прифатливо решение за името и да го исполнува политичкиот договор од март. Во заклучоците се наведува и загриженоста за слободата на изразувањето и состојбата со медиумите.

Во нацртот, како што дознаваме, се наведува дека Советот на ЕУ ја прифаќа оценката на Европската комисија дека поранешна југословенска Република Македонија во доволна мерка ги исполнува политичките критериуми и ја зема предвид препораката на Комисијата за отворање на процесот на преговорите.
Одржувањето на добрососедските односи, вклучувајќи преговори и заедничко прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН, останува од суштинско значење.

Но, како што се наведува, на можната одлука Советот ќе се наврати во 2014 година, врз основа на ажуриран извештај на Европската комисија за натамошното спроведување на реформите во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво, за спроведувањето на политичкиот договор од 1 март, за суштинските чекори за промовирање добрососедски односи, како и постигнување заемно прифатливо решение за името.
Архивска фотографија.

Архивска фотографија.


Во врска со слободата на изразувањето и ситуацијата со медиумите се изразува загриженост за состојбите.
Се наведува дека одржувањето на добрососедските односи, вклучувајќи преговори и заедничко прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН, останува од суштинско значење. Советот ги зема предвид последните контакти со посредникот на ОН, Метју Нимиц. Во врска со важноста на одржување добрососедски односи, Советот очекува континуираното високо ниво на контакти меѓу Македонија и Бугарија да се преточи во конкретни акции и резултати.

Во нацрт-заклучоците на Советот, како што се дознава, се наведува дека политичката криза по настаните во Собранието на крајот на минатата година има влијание врз функционирањето на Собранието и ја демонстрира потребата од конструктивна политика за националните интереси. За Советот, од клучно значење е натамошна примена на политичкиот договор од 1 март.

Се поздравува и фактот дека европската агенда на земјата останува нејзин стратегиски приоритет. Советот го поздравува и придонесот на Високиот дијалог во приоритетните области како што е на пример борбата против корупцијата.

Истовремено, во драфот, пред шефовите на дипломатиите на ЕУ, а во пресрет на Самитот на унијата в петок, се нагласува важноста од владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата.

Во врска со слободата на изразувањето и ситуацијата со медиумите се изразува загриженост за состојбите.

Мора да се направат напори за дистинкција на државата и партијата во изборниот контекст, како што е нагласено од страна на ОБСЕ/ОДИХР. Исто така, се бара поголем ангажман во врска со високата стапка на невработеност и засилување на управувањето со јавните финансии.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG