Достапни линкови

Од Европа ништо ново, интеграциите заборавена приказна


Премиерот Никола Груевски на средба со претседателот на Европскиот Совет, Херман ван Ромпуј.
Премиерот Никола Груевски на средба со претседателот на Европскиот Совет, Херман ван Ромпуј.

Евроинтеграциите не се помрднуваат веќе со години и земјата кандидат со пет препораки за добивање датум од страна на Европската комисија со сосема видливи показатели го разнишува досега постигнатото во повеќе сегменти.

Премиерот и надлежните министри ги прават последните обиди да испратат пораки за валоризирање на препораката на ЕК земјава да добие датум за преговори, а Брисел не најавува никакви изненадувања и сосема е извесно дека самитот кој ќе се одржи наредната недела нема да донесе датум за отпочнување преговори.
Исходот од самиот изгледа е веќе препознатлив и се чувствува дека Република Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите. Мислам дека веќе се научивме на оваа ситуација, што не значи дека треба да се согласиме со тоа.
Беким Кадриу, универзитетски професор.

Ценевме дека е добро да ги презентираме нашите аргументи за тоа што го направивме во делот на реформите, изјави премиерот Груевски за средбата со претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј, кој пак освен покажан интерес за нашите напори во евроинтеграцискиот процес, според неофицијалните информации, само потсетил дека за позитивен исход е потребна согласност од сите земји членки на Унијата. Во Македонија како да се создава навика за вакви резултати и тоа како да станува дел од новата клима на оваа
Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав.
Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав.
тема.

„Исходот од самиот изгледа е веќе препознатлив и се чувствува дека Република Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите. Мислам дека веќе се научивме на оваа ситуација, што не значи дека треба да се согласиме со тоа“, порачува професор Беким Кадриу.
Тоа зависи само од нашето однесување, комплетно од нашето однесување. Дали имате независно судство, прекубројна, некомпетентна администрација, никаква слобода на изразување, никаков плуралитет на медиуми итн., значи нема да имаме напредување затоа што сė ќе зависи од нас.
Стево Пендаровски, универзитетски професор.

Но тоа е само еден од проблемите. Евроинтеграциите не се помрднуваат веќе со години и земјата кандидат со пет препораки за добивање датум од страна на Европската комисија со сосема видливи показатели го разнишува досега постигнатото во повеќе сегменти така што во повеќе наврати беше констатирано, порачано од европските и признато од владини претставници дека политичките критериуми се повтoрно на маса и дека демократските процеси на начин на кој што се развиваат во земјава ги зголемуваат дилемите кај одредени земји членки на Унијата...

Проблемот со името останува,
Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц.
Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц.
Атина и пред претстојниот самит порачува дека останува на својата позиција, а шестмесечното претседавање со Унијата кое и претходи за Македонија може да значи само уште едно пролонгирање на темата. За некои функционери од Унијата сосема е извесно и дека ова ќе важи најмалку до завршувањето на мајските избори за европските институции.
Можеме ние да правиме милион кампањи и дуинг бизнис и економски промотори, но мислам дека сериозните инвеститори ги интересира дали оваа држава е во регионалните текови за да може да и се верува на нејзиниот систем и во неа да се инвестира.
Бојан Маричиќ, Македонскиот центар за европско образование.

Ќе се одржи ли интересот кај европските институции за Македонија по примерот на овогодинешните заложби да се регулираат внатрешните проблеми кои фрлија негативна светлина врз демократските процеси во државава или се ќе продолжи да се движи со поголемо забрзување во насока која им одговара на властите? Во таа насока се помалку егзистираат општите интереси, а се повеќе податоци за нарушени човекови права и медиумски слободи.

„Фактот што не започнуваме преговори влијае да ние не одиме напред во овие реформски процеси, човекови права, слобода на медиуми, независно судство, ефикасна администрација, промени во изборниот законик. Ако започнеме преговори сите овие процеси во текот на преговорите се претпоставува дека ќе одат во напредна линија, а сега ние стагнираме или пак назадуваме“, изјави Кадриу.
Кога некого ќе фатите за гуша, тој не може да дише како што треба и ќе има последици. Македонија ја држат за гуша веќе 20 години неоправдано, без никакви факти и аргументи, и што мислам дека ќе дише и ќе се развива и ќе трча спортски на 100 метри со светски рекорд?!
Ристо Никовски, поранешен дипломат.

Професор Стево Пендаровски како последица на уште едно пролонгирање на евроинтегративниот процес и по овогодинешниот самит во Брисел очекува назадување на севкупните процеси во земјава, во сите области, и во економијата и во поглед на безбедноста, човековите права, слободата на изразување.

„Тоа зависи само од нашето однесување, комплетно од нашето однесување. Дали имате независно судство, прекубројна, некомпетентна администрација, никаква слобода на изразување, никаков плуралитет на медиуми итн., значи нема да имаме напредување затоа што сė ќе
зависи од нас, а ви велам политичкиот профил на оваа власт која е веќе седма-осма година владее со Македонија на сите нивоа и на локално и на централно ниво, се познати по нивните демократски референци кои не се многу ценети во Европа. Не очекувам дека тие сега во својата одма година од владеењето би го
Тие цело време се однесуваат по онаа „барам работа, но го молам господ да не ја најдам“, цело време така функционираат. Ја бараат Европа, но да не даде господ никогаш да не отидеме таму, оти ако се вклучиме таму има соодветни контроли.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.
промениле начинот на кој владеат и да се дозволи и медиуми слободно да се отвораат, и да има критички тон кој некои нивни политики, дека судството ќе го попуштат од тие стеги кои се ужасни итн.“

Тоа што според него нема да се менува е достапноста на европските фондови што на чуден начин останува иста иако се намалува капацитетот на земјава за нивно искористување но се ограничува и достапноста до нови фондови кои би можеле да ги искористиме.

„Европската унија има прилично врамнотежена политика, ако почнеме со преговори ќе добиеме пристап и до некои други европски фондови. Во овој момент со статусот на кандидат ние го имаме и ќе го имаме, и покрај прилично негативниот извештај од октомври, тоа ниво на пристап до овие претпристапни фондови, значи во однос на пари или ресурси ние нема да почувствуваме намалување, затоа што статусно и понатаму остануваме земја-кандидат.“

Евроинтегративната стагнација речиси сигурно ќе влијае на странските инвеститори кај кои потребата да обезбедат сигурност за својот капитал се ослонува на регионалната безбедност, брза и ефикасна достапност на правдата и стабилни институции.

„Македонија и Босна само остануваат надвор од тие текови и практично тоа укажува дека тие не се кредибилни држави и за инвестирање, можеме ние да правиме милион кампањи и дуинг бизнис и економски промотори, но мислам дека сериозните инвеститори ги интересира дали оваа држава е во регионалните текови за да може да и се верува на нејзиниот систем и во неа да се инвестира, така што тоа би била втората последица дефинитивно“, изјави Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.

Вицепремиерот за евоинтеграции неодамна изјави дека не очекува никаква дестабилизација на земјата доколку не добие датум за преговори во декември. Сепак како што предвидуваат најголемиот дел од експертите, реформските процеси ќе назадуваат. За дел од аналитичарите тие речиси и повеќе не се случуваат, за дел од нив, надолниот тренд во повеќето од нив е сигурно дека ќе продолжи останувајќи без датум за отпочнување преговори.

„Секој изборен циклус имаме проблеми со спроведување на изборите, тоа беше нотирано и од страна од ОБСЕ и од страна на ЕУ и проблеми со слободата на медиумите, поларизираност, притисок врз новинарите, небалансирана шанса за политичките фактори во корист на власта. Целата оваа состојба што досега е нотирана има шанси да се влоши, ние имаме нотирано и политички затвореници, значи возможно е и тоа да биде дополнително влошено, доколку ја нема таа рамка на условеност од страна на ЕУ, да не заборавиме дека единствено притисокот од ЕК придонесе за тоа да се постигне некаков договор колку толку институционален во врска со настаните од 24 декември 2012“, вели Маричиќ.

Според Маричиќ, сепак ќе постои засилен интерес и контрола од европските институции кои во последниве месеци покажаа дека нема да толерираат и ќе реагираат на прекршувањата кои се случуваа и во делот на слободата на медиумите, и во делот на нарушувањето на човековите права и демократијата.

„Постојат бројни иницијативи и од држави членки и од Европската комисија, прифатена е и повелбата за човекови права со договорот од Лисабон, така да мислам дека тоа нема да може веќе толку лесно да се преоѓа преку тие проблеми, особено не доколку јавноста во Македонија без разлика дали се политички фактор, медиуми или граѓански организации, гласно укажуваат на тоа што се случува.“

Македонските реформски процеси ќе бидат препуштени на автентичните домашни политички решенија во кои сегашните власти не покажаа демократски капацитет и од кои се разбира и нема да отстапува и во наредниот период, велат експертите.

„Се нема случено досега една недемократска власт да попушти во сите сегменти, напротив ги заострува тие недемократски процеси, постапувања итн., што дополнително ќе ја подгрее ситуацијата“, вели професор Мерсел Биљали.
Властите пак и натаму ќе го користат спорот за името како изговор за сите слабости и назадни трендови, посочува Маричиќ.

„Власта до сега перфектно го користеше спорот за името како изговор за влошувањата на сите полиња и кој и да упатеше критика дали е за слобода на изразување или е судство или е функционирање на институциите, тие велеа ова сето е притисок за да се смени името и мислам дека тоа е крајно непринципиелно и тоа ќе продолжи, тоа секако нема да сопре.“

Минатогодишните заложби на Европската унија да се разреши проблематичниот политички амбиент настанат по настаните од 24 декември, според професор Стево Пендаровски, е плафонот до кој Европската унија може да интервенира или да покаже политичка волја да ги врати демократските процеси во земјава. Таму веќе нема ни волја, ниту идеи за такво нешто, додава Пендаровски.

„Тоа што го видовме како ниво на ангажман на комесарот за проширување Штефан Филе до лани некаде ова време тоа беше апсолутно највисокото ниво до кое може Комисијата и Унијата во целина да оди, од денеска од сега натаму јас мислам дека тоа ниво неколкукратно ќе се намалува, бидејќи политичката волја да ни се помага или да не поттурнуваат да се вратиме на евроатланскиот пат во Брисел е практично исчезната. Во овој момент Македонија нема две-три држави кои покажуваат интерес да разговараат за европската агенда со нас, а камоли активно да не поддржуваат во рамки на бриселските институции.“

Поранешниот дипломат, Ристо Никовски, пак, гледа поинаку на ова. Според него, Европската унија токму сега ќе внимава уште повеќе на тоа како се одвива демократијата во Македонија свесна, како што вели, дека не ги исполнила задачите кон земјава кои ни следуваат.

„Кога некого ќе фатите за гуша, тој не може да дише како што треба и ќе има последици. Македонија ја држат за гуша веќе 20 години неоправдано, без никакви факти и аргументи, и што мислам дека ќе дише и ќе се развива и ќе трча спортски на 100 метри со светски рекорд?! Тоа не е возможно. Се работи за ситуација во која земјата е доведена 95 отсто без своја вина, иако има и наша вина, но не поголема од 5 отсто.“

На тоа конто можеме да очекуваме единствено пораст на евроскептицизмот зошто е чудно како поддршката на евроинтеграциите се до сега се одржува на толку високо ниво, вели Никовски.

„Кај нас е мало светско чудо што тој скептицизам е се уште низок во споредба со она што и се прави на Македонија. Се игнорираат основните законски прописи, се игнорира меѓународното право, а ние се уште сме трпеливи.“

Неодамна Брисел го изгласа механизмот за привремено враќање на визниот режим за земјите од Западен Балкан и од трети земји во „специфични ситуации“. Извори од ЕУ рекоа дека „заштитната клаузула“ не е наменета конкретно за ниту една земја од Западен Балкан и оти може да биде активирана за секоја земја чии граѓани го злоупотребиле правото слободно, без визи, да патуваат во ЕУ.

Досега се сметаше дека најмногу барања за азил имало од македонски и српски граѓани, но им се придружија и барателите на азил од Албанија.
Од македонското Министерство за внатрешни работи не сакаа да ја коментираат одлуката на Брисел, туку рекоа дека ќе се прават напори за намалување на бројот на лажните баратели на азил во европските земји по потекло од Македонија.

Бојан Маричиќ очекува дека меѓуетничките односи ќе останат во рацете на дневната политика како погодно манипулативно средство за дневни потреби. Професорот Мерсел Биљали по декемврискиот самит гледа зголемување на можностите за раст на тензиите и политичката криза во земјава како резултат на општото незадоволство кај граѓаните од стандардот и севкупниот амбиент.

„Тоа што сега нема да добиеме датум за преговори мислам дека има големи шанси да ја заостри политичката клима внатре во државата. Не знам што ќе се случи наредните месеци, но најверојатно ќе имаме големи тензии и ќе видиме како ќе заврши тоа.“

Властите се однесуваат поприлично ноншалантно и ним најмногу им одговара назадувањето во евроинтеграциите, вели Биљали.

„Тие цело време се однесуваат по онаа „барам работа, но го молам господ да не ја најдам“, цело време така функционираат. Ја бараат Европа, но да не даде господ никогаш да не отидеме таму, оти ако се вклучиме таму има соодветни контроли“, додава Биљали.

Вицепремиерот за евоинтеграции пак го цитира Мандела. Изгледа невозможно додека не се оствари, ја употреби неговата порака во контекст на македонските интеграции во меѓународните институции со порака дека власта останува посветена на изградба на европска иднина на Македонија.
XS
SM
MD
LG