Достапни линкови

logo-print

Венизелос удри врз внатрешните состојби во Македонија


Евеангелос Венизелос.

Евеангелос Венизелос.

Што сакал да каже Венизелос? Меѓународниот притоскот за името е и врз Грција, велат од ДУИ. Од СДСМ велат дека тоа е обид на Атина да докаже дека Македонија не ги исполнила политичките критериуми. Од македонското МВР не сакаат да коментираат.

Во соопштенијата на грчкото МНР кои ја дообјаснуваат изјавата на министерот Евеангелос Венизелос за прашањето за името, опозицијата препознава обид на Атина да докаже дека Македонија не ги исполнила политичките критериуми, а тоа практично значи дека таа не треба да добие датум за почеток на преговори.
За разлика од Унијата, НАТО нема обврска да ги следи ОН, па токму затоа Венизелос топката ја префрла кај НАТО бидејќи тука не можат и немаат со што да и вршат пристисок на Грција.

Фактот дека Атина зборува со истиот тон значи дека Грција се сомнева во кредибилитетот на Европската Унија, вели претседателката на Советот за евроинтеграции на СДСМ, Лидија Димова. Друг момент според неа е хашката пресуда која директно навлегува во правото на Европската унија.

„И сега кога децидно стои во правото дека ги признавате ОН и се што произлегува од таму како право, тогаш вие како Европска унија сега имате проблем што Грција ја блокира Македонија Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се состана со грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос во Атина.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се состана со грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос во Атина.

поради пресудата, значи ова не е веќе билатерален спор, ова веќе станува спор меѓу ЕУ и меѓу ОН.“

Од министерството за надворешни работи не сакаа да ги коментираат реакциите на Грција поради отсуство на министерот Никола Попоски кој се наоѓа на министерскиот состанок на ОБСЕ во Киев.
Што подолга е блокадата и немањето на европска перспектива, толку поголем е ризикот од продлабочување на внатрешните кризи.

Од владејачката ДУИ пак се убедени дека притисокот на Меѓународната заедница за решавање на спорот за името го чувствуваат и двете страни, Грција и Македонија.

„Ангажманот на меѓународната заедници и на Европската комисија, поточно на комесарот Филе, е веќе јасен и тој е обостран, не се однесува само на подготвеноста на Македонија, туку и на подготвеноста на Грција да придонесат кон решавање на спорот.“

Во второто соопштение до јавноста, грчкото МНР објави дека нивните позиции се јасни и поврзани со општите критериуми на НАТО, а не со билатералните односи.

Од друга страна Димова вели дека сите прашања за кои отворено зборува Венизелос се истите области кои и Европската Комисија ги посочува како проблематични. Слобода на медиумите, демократијата, владеењето на правото, корупцијата и други се областите кои дополнително ги проблематизира Атина, вели таа.

„Затоа и констатацијата на ЕК вели задоволително, „sufficiently“ ги исполнува политичките критериуми, а не вели дека ги исполнува.“

Верувам дека Македонија е свесна за сопствените внатрешни предизвици и проблемите со етничката кохезија и сериозните проблеми во делот на демократијата и медиумската култура, вели Мехмети. Но ако Македонија не добие датум за преговори, истите ќе се продлабочуваат, смета таа.

„Што подолга е блокадата и немањето на европска перспектива, толку поголем е ризикот од продлабочување на внатрешните кризи.“

Димова заклучува дека она што е симптоматично во говорот на Венизелос за време на работната вечера со колегите од НАТО е тоа што тој зборувал за членството во НАТО, а не во ЕУ.

„За разлика од Унијата, НАТО нема обврска да ги следи ОН, па токму затоа Венизелос топката ја префрла кај НАТО бидејќи тука не можат и немаат со што да и вршат пристисок на Грција,“ истакнува Димова.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG