Достапни линкови

Градоначалникот на Солун повика на соработка


Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис на средба со македонски бизнисмени во Скопје.
Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис на средба со македонски бизнисмени во Скопје.

Соседните држави треба да живеат меѓусебно, проблеми постоеле и ќе постојат секогаш, ако постои добро расположени за решавање на тие проблеми, тие ќе се решат, рече солунскиот градоначалник Јанис Бутарис при посетата на Скопје.

Не само скопјаните да го откријат Солун, туку и солунчаните да го откријат Скопје. Ова го порача солунскиот градоначалник Јанис Бутарис по средбата со македонските бизнисмени, а притоа спомна и дека има македонски корени, односно неговиот прадедо потекнувал од Крушево.
Соседните држави треба да живеат меѓусебно, проблеми постоеле и ќе постојат секогаш, ако постои добро расположени за решавање на тие проблеми, тие ќе се решат.
Јанис Бутарис , градоначалник на Солун.

Според грчката статистика, Македонците после Русите и Украинците се народите кои најмногу го посетуваат Солун. Најчесто за шопинг и забава. Целта на посетата Бутарис рече дека е зголемување на трговската соработка и интензивирање на контактите на двете држави. Во врска со евроинтеграциите на Македонија и претстојниот Самит на ЕУ Бутарис порача дека не политичар ниту се занимава со надворешна политика. Но, потенцира дека Грција не е таа што забранува и оти ЕУ е таа што одлучува.

„Соседните држави треба да живеат меѓусебно, проблеми постоеле и ќе постојат секогаш, ако постои добро расположени за решавање на тие проблеми, тие ќе се решат.“

Според Бутарис паметните политичари треба да го слушаат гласот на народот, а улогата на градоначалниците е воспоставување на добри односи. Во однос на проектот Скопје 2014, тој порача дека не му се допаѓа од естетска гледна точка.
Бутарис: отворање патишта за соработка
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Има многу статуи, не треба се да е на едно место, мислам дека тоа не дава убава слика, но тоа секако е ваш избор.
Јанис Бутарис , градоначалник на Солун.
„Има многу статуи, не треба се да е на едно место, мислам дека тоа не дава убава слика, но тоа секако е ваш избор.“

За оштетувањата на македонските возила во Грција, Бутарис оцени дека екстремистите секогаш ќе постојат и дека тие се дело на припадниците на криминалната организација Златна Зора.

„Такви фанатички и екстремистички ситуации треба да се отстранат, да се покаже дека цела Грција не ги сака таквите случувања.“

Бутарис не знаеше точно колку грчки компании работат во Македонија, но рече дека ги има многу. Тој порача дека кризата во Грција не влијае врз нивните инвестиции, туку зависи од профитабилноста.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG