Достапни линкови

Интегрирано училиште во Тетово


Илустрација: Ученици

Илустрација: Ученици

Паралелна настава на македонски и албански јазик, воннаставни активности - дел од можностите на интегрираното двојазично училиште во Тетово.

Три пати во неделата на воннаставни активности, македонскиот и албанскиот јазик парелелно се слушаат и се учат. Вакви можности за учениците нуди интегрираното двојазично средно училиште во тетовско Прељубиште. Годинава таму учебната 2011/2012 та ја започнаа втората генерација ученици. За директорот на Нансен мрежата на Балканот, Стејнар Брин интегрираниот систем на образование е клучот за добра функционалност на мултиетничките држави.
Преку интегрирано образование луѓето ќе имаат можност повеќе да разменуваат искуства меѓу себе, да се гледаат и да се помагаат во насока на подобрување на условите во нивното општество

„Сведоци сме дека низ цела Европа се води битка за мултикултурализам и ако ме прашувате која е сржта и кои се бенефитите на интегрираното образование, за успешно функционирање на една држава, сите граѓани на таа држава треба да се почувствуваат дека имаат еднаков пристап во образовните институции и кога ќе добијат иста, еднаква диплома, многу е тешко да се изврши етничка дискриминација. Преку интегрирано образование луѓето ќе имаат можност повеќе да разменуваат искуства меѓу себе, да се гледаат и да се помагаат во насока на подобрување на условите во нивното општество.“

Проектите на норвешкиот Нансен центар се реализираат во повеќе балкански држави, а тенденцијата е слични училишта како ова во Прељубиште да се отворат и низ другите градови во Македонија. Интегрираното двојазично средно училиште во Прељубиште фукционира во рамки на средното стручно општинско училиште "Моша Пијаде" од Тетово. Од раководството на овој училишен центар се задоволни од функционирањето на оваа образовна установа, можностите за учениците се големи, а интересот од година в година расте. Звањето со кое учениците кои ќе се здобијат по завршувањето на школувањето во учлиштето во Прељубиште е електротехничар за компјутерска техника и автоматика, вели директорот Петар Глогоров.

„Ова е втора генерација и оваа генерација бројот на ученици е тука некаде, околу 18 со 12, 18 на македонски наставен јазик, 12 на албански наставен јазик. Се надеваме дека ќе биде успешно како и првата година, со оглед на тоа дека практичната настава ќе се извршува во Норвешка, во Осло.“
Бројот на ученици се помали групи каде што предноста е и ученикот и наставникот и луѓето кои што работат на неформалното образование, имаат доволно време да посветат за секој ученик поединечно
Наставата во училиштето се одвива во совремни услови на македонски и албански јазик, а воннаставните акивности како секциите за мир и толеранција, драмската и уметничката учениците ги следат заеднички и се одвиваат на двата јазици. Интегрираното двојазично средно училиште во Прељубиште по многу нешта се разликува од останатите средни училиште и преставува добар избор затоа што нуди низа можности и бенефити, појаснува извршниот директор на Нансен дијалог центар, Сашо Стојковски.

„Бројот на ученици се помали групи каде што предноста е и ученикот и наставникот и луѓето кои што работат на неформалното образование, имаат доволно време да посветат за секој ученик поединечно. А второ преку секциите се стекнуваат вештини кои ги нема во редовната програма кои даваат придонес и во професионалниот развој на учениците и во оној неформален дел, односно подобрување на комуникацијата, соработката, тимска соработка, намалување на стереотипите меѓу учениците.“

Интегрираното двојазично средно училиште во Прељубиште е проект на Нансен дијалог центар, а финансиски е подржан од Министерството за надворешни работи на Кралството на Норвешка.
XS
SM
MD
LG