Достапни линкови

Мултикултурализам - што сега?


„Мултикултурализмот не успеа“, изјави деновиве во Минхен британскиот премиер Дејвид Камерон, пишува весникот Вол Стрит Џурнал, наведувајќи дека минатиот октомври истото го кажа и германската канцеларка Ангела Меркел која, патем кажано, во Минхен седела веднаш до Камерон. Европските политички лидери конечно го сфатија она што другите веќе одамна го забележаа - мултикултурализмот е најделбената политика што ја спроведуваа западните влади од Втората светска војна.

Мултикултурализмот е длабоко несфатена идеа. Тоа всушност и беше причината за нејзиниот политички успех.

Луѓето беа водени да веруваат дека тоа значи мултирасизам или плурализам. Но, не беше така, пишува Вол Стрит Џурнал, наведувајќи:

„Како и да е, со години, секој што го критикуваше мултикултурализмот веднаш беше прогласуван за расист. Но, вистинскиот карактер и ефектите на оваа политика не можеа постојано да бидат скривани.“

Државно спонзорираниот мултикултурализам ги третираше европските земји како хотелиери. Тоа ги принудуваше државите да не воведуваат правила и вредности за новодојденците.

Во Британија, на пример, тоа значеше дека бела Англичанка, родена во бело англиско семејство и ако тоа семејство реши да ја омажи без да го сака тоа за некој стар перверзен тип тогаш државата ќе интервенира. Но, ако некоја е родена во азиско семејство и и се случи тоа истото, тогаш државата останува надвор од случајот.
Државно спонзорираниот мултикултурализам ги третираше европските земји како хотелиери. Тоа ги принудуваше државите да не воведуваат правила и вредности за новодојденците.

Мултикултурниот модел можеби ќе продолжеше и натаму да не се појавеше радикалниот исламизам. Терористичките напади во Британија и во Европа, често од домашни екстремисти, претставуваа пресвртна точка која малкумина можеа да ја игнорираат.

Прашањето е што сега?

Премиерот Камерон во Минхен потенцира неколку почетни чекори, меѓу другото, да не им се дават државни пари на оние групи чии вредности се спротивни на оние на државата.

Муслимани се молат во џамија во Лондон

Колку длабоко потонавме ако прекинот на фондирањето на опонентите во нашето општество претставува напредок, се наведува во текстот на Вол Стрит Џурнал во кој се додава:

„Но, ова е само почеток. Факт е дека Британија, Германија, Холандија и многу други европски земји негуваа повеќе од една генерација граѓани кои не чувствуваат лојалност спрема нивната земја, па дури и ја презираат.“

Прв чекор напред е своеведно формирање на основна култура како најпристоен либерален антидот на мултикултурализмот. Тоа признава дека во општества со висока имиграција постојат разни култури кои ќе можат да функционираат заедно, само ако ги обединува некоја заедничка тема.

Муслиманските заедници врз кои се фокусира Камерон нема да се реформираат сами. Значи, британската влада ќе треба да затвори и казни екстремистички организации, вклучувајќи ги оние кои се водат како хуманитарни, а да им забрани влез на свештеници кои доаѓаат во Британија да проповедаат поделба и омраза. Дали Камерон ќе направи нешто од тоа? Има причина да се биде скпетичен.

По нападите во лондонското метро во 2005 година што ги изведоа британски муслимани, Тони Блер изјави дека се менуваат правилата на играта. Но, досега тие остана исти. Можеби Камерон ќе покаже поголема политичка храброст, се наведува, меѓу другото, во текстот објавен во Вол Стрит Џурнал.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG