Достапни линкови

ЕУ- Македонија мора да најде решение за името


Прес-конференција на премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе, април 2013.

Прес-конференција на премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе, април 2013.

Кога станува збор за Македонија, без одлагање треба да се реши спорот за името со Грција, стои во изветајот на ЕУ за Балканот, јавува нашиот дописник од Брисел, Рикард Јозваик.

Македонија мора да пронајде решение за спорот за името, БиХ тапка во место, историска година за Србија и Косово, Црна Гора е на „прав пат“, се наведува во заклучоците на Европската комисија во кои РСЕ имаше увид.

Земјата веќе достигна високо ниво на усогласеност во однос на процесот на пристапување кон ЕУ, но приоритет во наредните години треба да биде ефикасно спроведување на препораките, се наведува меѓу другото за Македонија во сумарниот извештај на ЕУ за Балканот, јавува нашиот дописник од Брисел Рикард Јозваик. Кога станува збор за Македонија, без одлагање треба да се реши спорот за името со Грција, стои во изветајот.
Консензусот околу извештајот на Комисијата за истрага на настаните покажа дека можат да се најдат конструктивни решенија со политичка волја, низ дијалог, со компромиси, но препораките од извештајот на Комисијата треба да се спроведат целосно.

Во извештајот за Македонија меѓудругото се наведува, дека политичката криза која уследи по настаните во парламентот минатата година длабоко ги подели партиите во парламентот, а тоа се одрази на работата на Собранието и демонстрираше потреба од конструктивни политики во интерес на граѓаните.
Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав.

Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав.


Во извештајот се наведува дека за време на носењето на буџетот за 2013 година пратеници од опозицијата и новинари се отстранети од парламентот што предизвика протести на опозицијата и закани за бојкот на локалните избори. Но долготрајниот ќор сокак се надмина со договорот од 1 март, кој вклучуваше враќање на најголемата опозициска партија во парламентот, учество на локалните избори, формирање на Комисија за истрага на настаните, потпишување на Меморандум за разбирање на стратешките цели на земјата - интеграција во евро-атланските структури и понатамошна работа на изборните реформи.
Што се однесува до слободата на изразување: Напредокот на дијалогот со медиумите е во застој по протерувањето на новинари од парламентот и спорот за случувањата во законодавната рамка, репутацијата на земјата за слобода на медиумите се влошува. Затворањето на голем број на медиуми во последниве години, исто така, ја намали достапноста на различни ставови до граѓаните.

„Консензусот околу извештајот на Комисијата за истрага на настаните покажа дека можат да се најдат конструктивни решенија со политичка волја, низ дијалог, со компромиси, но препораките од извештајот на Комисијата треба да се спроведат целосно“, стои во извештајот.

Во извештајот меѓудругото се наведува дека општо земено, земјата продолжува во доволна мера да ги исполнува политичките критериуми. Стои дека, локалните избори спроведени во март и април годинава од страна на ОБСЕ/ОДИХР беа оценети како професионално и ефикасно спроведени, но се истакнала замагленоста на дистинкцијата меѓу државата и партијата и се препорачува дополнителни измени на изборното законодавство.

Земјата заврши најголемиот дел од судските реформи во периодот меѓу 2004 и 2010 година. Понатамошен напредок е направен оваа година во областа на ефикасноста на судството.

Што се однесува до слободата на изразување: Напредокот на дијалогот со медиумите е во застој по протерувањето на новинари од парламентот и спорот за случувањата во законодавната рамка, репутацијата на земјата за слобода на медиумите се влошува. Затворањето на голем број на медиуми во последниве години, исто така, ја намали достапноста на различни ставови до граѓаните.

Србија

Што се однесува пак за Србија, годишниот извештај е доста позитивен, но се наведува дека уште многу треба да се направи на полето на реформите. Извештајот е многу позитивен кога е во прашање продолжувањето на дијалогот со Косово, што е фундаментална промена, но има тешки зборови кои се однесуваат на реформите во правосудството, борбата со корупцијата, админстрацијата, заштитата на правата на малцинствта, вклучувајќи ги припадниците на ЛГБТ заедницата.

Косово

За Косово ова исто така беше историска година, се наведува во извештајот. Косово активно и конструктивно работеше на подобрување на односите со Србија и постигна значајни реформи.

„Косово покажа јасна посветеност со резултатите во борбата против корупцијата и организраниот кримина, вкучувајќи и јакнење на правните рамки.“

Босна и Херцеговина

Во делот за Босна и Херцеговина пак, како виновници се посочуваат политичарите кои не ја делат визијата и насоките за развој на земјата или пак за тоа како таа треба да функционира. Европска агенда не е приоритет на политичарите во БиХ. Процесот на евроинтеграција во ова земја е во застој. Европската комисија одлучи да ги одложи понатамошните разговори за фондовите ИПА 2, додека БИХ не се врати на европски колосек, стои во извештајот.

„Без политичка храброст и одлучност, европската перспектива на БИХ, нема да се материјализира“, стои во извештајот.

Црна Гора

Тонот во извештајот за Црна Гора за 2013 е сличен како и минатогодишниот. Се наведува дека е видливо оти Црна Гора е на прав пат.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG