Достапни линкови

Реформи во судството има, но состојбата не е розова


Реформите во Судството и владеењето на правото се првите глави со кои сите држави од регионот ќе се соочат во нивните пристапни преговори за членство во ЕУ.

Иако Македонија во однос на државите од земјите од Западен Балкан предничи во реформите во судството, тоа не значи дека состојбата е розова, сметаат дел од експертите кои во Охрид неодамна учествуваа на меѓународна конференција на која се дебатираше на оваа тема.
Но она што е заедничко за сите држави од регионот е недостатокот на политичка волја за целосна независност на судството.Тоа го оценуваат и самите судии во едно неодамнешно истражување во Македонија, а во кое половина од судиите истакнале дека не се независни во својата работа.
Владимир Мисев, Институт за демократија.

Владимир Мисев, претседател на Институтот за демократија, смета дека на Македонија и се потребни дополнителни реформи во делот на независноста на судиите.

„Мислам дека и во тој дел се направени одредени реформи, но недостасува фактичката имплементација. Но она што е заедничко за сите држави од регионот е недостатокот на политичка волја за целосна независност на судството. Тоа го оценуваат и самите судии во едно неодамнешно истражување во Македонија, а во кое половина од судиите истакнале дека не се независни во својата работа. Ова се однесува на Македонија и е доволен показател дека треба да се работи во оваа насока“, рече Мисев.

Тој вели дека сепак радува податокот што ЕУ во нејзиниот пролетен извештај нотира напредок во однос на чистењето на заостанатите случаи кои во 2008 година во основните судови во земјата нивниот број бил приближно 1 милион, а сега околу 150.000.
Можете да имате официјално независни институции, да имате судии кои се независни според законот, но факт е дека политичките партии овде се многу јаки и ако знаете дека тие имаат влијание врз сите сфери во политичкиот и јавниот живот тогаш тоа ништо не значи. Реформите можат да бидат многу добро направени на хартија, но ако постојат тие проблеми тогаш се намалуваат можностите за вистински реформи.
Флоријан Бибар, универзитетски професор.

Во процесот на демократизација на општествата во регионот не гледам суштински напредок, вели Флоријан Бибар професор по политички науки на Југоисточните европски студии, во Грац Австрија.

„Можете да имате официјално независни институции, да имате судии кои се независни според законот, но факт е дека политичките партии овде се многу јаки и ако знаете дека тие имаат влијание врз сите сфери во политичкиот и јавниот живот тогаш тоа ништо не значи. Се знае дека тие се под контрола на различните политички партии. И тоа е феномен кој го гледам во сите држави од регионот, иако не е ист во Хрватска и Косово. Реформите можат да бидат многу добро направени на хартија, но ако постојат тие проблеми тогаш се намалуваат можностите за вистински реформи“, вели Бибар.

Во Македонија и во државите од регионот се уште постојат проблеми во процесот на импелемтирање на реформите во судството во реалноста, вели Марко Кмезиќ професор на универзитетот во Грац.

„Главни проблеми кои ние ги приметивме во Македонија, а тоа е одговорноста на судиите. Приметуваме проблем во судската академија каде големиот број на студенти по завршувањето на академијата нема каде да се вработат. Проблемот со независноста на судовите е присутен во целиот регион исто како и политичко влијание во работата на судовите како во Македонија така и во целиот регион. Ситуацијата од пред 10 години и сега е подобра само во однос на институционалните промени, мислам на изградбата на новите институции како што се новите објекти на судовите но она што загрижува е што кај нас не постои напредок во однос на имплементацијата на реформите“, вели Кмезиќ.

Реформите во Судството и владеењето на правото се првите глави со кои сите држави од регионот ќе се соочат во нивните пристапни преговори за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG