Достапни линкови

Позитивен извештај од ЕУ поттик за решавање на „името“


Експертите анализираат дека неуспехот за добивање датум за преговори владата го правда со билатералниот спор со Грција, како алиби кое лесно поминува кај граѓаните и им обезбедува политички поени во патриотски контекст, но дека во меѓувреме реформите се спроведуваат со се позабавено темпо, па во извештаите ни се додаваат и нови забелешки.

Неколку денови пред објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија во евро-интеграциите, аналитичарите предвидуваат дека по петти пат ќе добиеме извештај во кој нема да имаме датум за преговори, со што уште еднаш се повторува една иста ситуација во која Европа не ни ја затвора вратата, но ниту ни се даваат посериозни сигнали дека сме подготвени да влеземе во европското семејство.
Дефинитивно тоа е изговор којшто влијае директно на емоциите на граѓаните и создава некаков впечаток дека сè друго е достигнато на нивото на коешто би требало да биде и дека останува само тој еден надворешен услов, а тоа е името, меѓутоа ни од далеку ситуацијата не е така и јас сметам дека во моментов дури и да најдеме излез од проблемот со името, дека ќе останат многу, огромен број елементи на коишто ќе треба повеќе години да се работи за да може воопшто да зборуваме за достигнување на некое елементарно ниво на стандардите на развиени демократски држави.
Мирјана Најчевска, универзитетски професор.

Со години исти забелешки

Експертите велат дека ние се позабавено се движиме во спроведувањето на реформите кои во извештаите постојано и се нотираат на земјава со цел да се покаже посветеност кон европските стандарди и нивно остварување. Македонија е заглавена и не напредува во едни исти области бидејќи малку се работи на забелешките што ги добиваме. Аналитичарите се чудат дека неколку години по ред ни се посочуваат исти проблеми, што зборува дека или не постои способност да се решат или се игнорираат со што на некој начин се покажува дека овие барања не се приоритетни. И понатаму се актуелни забелешките кои доаѓаат од надвор, но и од дел од македонските експерти за загрозеност на слободата на медиумите и демократијата, независност на судството, политизираност на институциите, корупција.

Експертите анализираат дека неуспехот за добивање датум за преговори владата го правда со билатералниот спор со Грција,
Партиите потпишаa Меморандум за членство во ЕУ.
Партиите потпишаa Меморандум за членство во ЕУ.
како алиби кое лесно поминува кај граѓаните и им обезбедува политички поени во патриотски контекст, но дека во меѓувреме реформите се спроведуваат со се позабавено темпо, па во извештаите ни се додаваат и нови забелешки.
Ако ја видите нашата анализа која и годинава ќе ја направиме ќе видите практично дека секоја година вас ако ви се повторува по 5-6 пати една иста работа и вие колку сакате да глумите реформи, значи нешто не е нормално во процесот, нели?! Така што името е проблем за оваа држава и веројатно ќе биде проблем уште подолго време, ама реформите се уште поголем проблем.
Лидија Димова, Македонски центар за европско образование.

„Дефинитивно тоа е изговор којшто влијае директно на емоциите на граѓаните и создава некаков впечаток дека сè друго е достигнато на нивото на коешто би требало да биде и дека останува само тој еден надворешен услов, а тоа е името, меѓутоа ни од далеку ситуацијата не е така и јас сметам дека во моментов дури и да најдеме излез од проблемот со името, дека ќе останат многу, огромен број елементи на коишто ќе треба повеќе години да се работи за да може воопшто да зборуваме за достигнување на некое елементарно ниво на стандардите на развиени демократски држави“, изјави професор Мирјана Најчевска.

Слична теза има и Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование.

„Ако ја видите нашата анализа која и годинава ќе ја направиме ќе видите практично дека секоја година вас ако ви се повторува по 5-6 пати една иста работа и вие колку сакате да глумите
Eвроамбасадорот Аиво Орав.
Eвроамбасадорот Аиво Орав.
реформи, значи нешто не е нормално во процесот, нели?! Така што името е проблем за оваа држава и веројатно ќе биде проблем уште подолго време, ама реформите се уште поголем проблем.
Името не се користи како алиби, значи не можеме да водиме дека нешто се користи како алиби кога тоа веќе е единствената пречка за почеток на преговори, тоа го вели самата Европска унија. Не може да говориме ние дека нешто е алиби, ако тоа е официјална, единствена причина зошто ние не сме почнале преговори во изминатите 5 години и тоа и самата Грција го наведува, ние сме под вето на Грција.
Владимир Божиновски, политички аналитичар.

Спорот со Грција алиби?

Аналитичарот Владимир Божиновски има спротивно мислење. Божиновски нагласува дека спорот со Грција не претставува алиби, додавајќи дека е многу добро познато дека името е клучен проблем зошто Македонија не почнува преговори со Унијата.

„Името не се користи како алиби, значи не можеме да водиме дека нешто се користи како алиби кога тоа веќе е единствената пречка за почеток на преговори, тоа го вели самата Европска унија. Не може да говориме ние дека нешто е алиби, ако тоа е официјална, единствена причина зошто ние не сме почнале преговори во изминатите 5 години и тоа и самата Грција го наведува, ние сме под вето на Грција.“

Аналитичарите нагласуваат дека позитивен извештај за Македонија без датум за преговори, нема да донесе ништо ново и да придонесе за
Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе.
Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе.
придвижување кон ЕУ, освен што владата повторно ќе се пофали дека тоа е успех.

Професор Стево Пендаровски забележува дека тоа е само пропаганда со која реално за некои конкретни резултати што и се потребни на земјава ништо не се постигнува, како на надворешен план така и на домашен план, а тоа најмногу го чувствуваат граѓаните.
Што е областа кои тие ја нарекуваат владеење на правото и директно со тоа поврзана независноста на судството, исклучително слабите капацитети на администрацијата која недозволено многу се партизира по сите проценки и во последните три години новата област за која порано немавме никакви забелешки, никакви приговори, никакви проблеми практично од системски тип, тоа е состојбата со медиумите. А во другите области сме биле лоши и порано, со тоа што сега работата е дополнително влошена со неслективното масовно примање на тн. партиски кадри во администрацијата и нејзино димензионирање на ниво што не е забележано во регионот.
Стево Пендаровски, универзитетски професор.

Експертите велат дека сите области што се посочуваат во извештите може да послужат како индикатор дека слабее демократијата во Македонија. Експлицитен пример за тоа е состојбата со медиумите. Земјава во извештаите на Репортери без граници беше рангирана на 30 место пред три години, а сега падна за 90 места. Ова очигледно зборува за уназадување, но показатели за ненапредување на Македонија во евро-интеграциите има и во други области кои постојано ни се повторуваат наназад четири години.

„Што е областа кои тие ја нарекуваат владеење на правото и директно со тоа поврзана независноста на судството, исклучително слабите капацитети на администрацијата која недозволено многу се партизира по сите проценки и во последните три години новата област за која порано немавме никакви забелешки, никакви приговори, никакви проблеми практично од системски тип, тоа е состојбата со медиумите. А во другите области сме биле лоши и порано, со тоа што сега работата е дополнително влошена со неслективното масовно примање на тн. партиски кадри во администрацијата и нејзино димензионирање на ниво што не е забележано во регионот“, вели професор Стево Пендаровски
Седница на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември.
Седница на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември.

Лидија Димова од Центарот за европско образование акцентот на својата анализа го става на случајот со политички затвореници и новинарот Кежаровски, а исто така додава дека проблем ќе биде тоа што законот за медиуми не е донесен со учество на новинарите. Димова нагласува дека и политичкиот дијалог кој беше споменуван и во претходните
Долг е списокот на забелешки кои можат да и се упатат на Македонија, и на политички и на правен и на економски план, испаѓа дека дури и во основа да не ја отвораме темата за економската подготвеност на Македонија за зачленување во ЕУ, почнаа во последните години да стануваат проблематични и политичките и правните аспекти на обезбедувањето на ниво на демократичности и владеење на правото, кои се потребни за да влеземе во ЕУ.
Здравко Савески, универзитетски професор.
извештаи повторно ќе биде на тапет земајќи ги предвид настаните од 24 декември и месеците веднаш по тоа, кои покажаа дека политичкиот дијалог е на стаклени нозе. Според нејзините зборови проблем ќе биде и изборниот законик.

„Мислам дека ќе задржат на наодите од ад-хок комисијата за 24 декември, и тоа поприлично и една од забелешките веројатно ќе биде дека тука иако имаме некаков извештај нема никаков „фолоу ап“ не гледаме дека нешто се работи на тој план, мислам дека тоа ќе го поврзат со проблематичниот политички дијалог уште одамна, значи уште од 2007 кога ни се кажа дека ние имаме проблем. Потоа изборите ќе бидат исто така проблем, значи препораките што ги добивме уште до 2009 од ОДИХР не се практично сменети законите со кои ќе се отстранат, станува уште покомплицирано тоа да се направи со списокот на избирачи и со непостоечкиот попис.“

Според Димова исто така и тие закони што ги носи владата, на несериозен начин ги третира и повторно ги менува. Еден од аргументите за ова, како што потсетува, е случајот со законот за администрација.

„Само што го затвориме извештајот во 2009, уште во јануари во собрание се најдоа измени на законот кој практично нас ни ја донесе препораката, значи цело време тоа прави владата, ќе ги донесе законите, или ќе направи нешто колку да се нотира во извештајот дека е направено, одма после тоа, по 2-3 месеци, веднаш ќе ја расипе работата што претходно морала да ја поправи за да добие добар извештај.“

Оттука за некои експерти претставува дилема што е поголем проблем, решавањето на проблемот со Грција околу името или поголем предизвик е спроведувањето на реформите во одредени области.

Долг е списокот на забелешки

„Долг е списокот на забелешки кои можат да и се упатат на Македонија, и на политички и на правен и на економски план, испаѓа дека дури и во основа да не ја отвораме темата за економската подготвеност на Македонија за зачленување во ЕУ, почнаа во последните години да стануваат проблематични и политичките и правните аспекти на обезбедувањето на ниво на демократичности и владеење на правото, кои се потребни за да влеземе во ЕУ“, додава универзитетскиот професор Здравко Савески.

Кога се во прашање реформите, професор Мирјана Најчевска вели дека законите се менуваат, но оти тоа не се прави суштински. Како пример таа го посочува судството, нагласувајќи дека на пример законот за кривична постапка одамна е променет, но дека неговото практикување постојано се одложува.

„Во судството се менуваат упорно и упорно законите под закрилието на реформски зафати, меѓутоа дел од тие промени воопшто не значат транспонирање на ниту еден од стандардите на ЕУ или пак внесувањето на тие стандарди е направено на таков начин којшто оневозможува вистинска нивна промена.“

Показател за недоволното спроведување на реформите според Димова е и слабата искористеност на Ипард фондовите.

„Тие така се испрограмирани за реформи. Фактот дека Македонија има реализирано само 25 проценти од парите од ИПА ви кажува колку напредуваме во реформите. Годинава извештајот ќе каже колку е мала искористеноста на ИПА фондовите и исто така сигурна сум дека во извештајот ќе стои дека има опасност да се изгубат парите.“

Владата работи, а проблемите остануваат

Според ова дел од експертите заклучуваат дека владата работи, но дека тоа не е доволно да добиеме извештај во кој нема да бидат нотирани критики. Други, пак, критиките ги толкуваат само како напад на опозицијата и не мислат дека тоа се реални аргументи. Според нив во некои области кои се споменуваат како проблематични, станува збор за проблеми оставени од транзицијата и за чие надминување е потребно подолго време, но дека интензивно се работи во сите области со цел приближување кон ЕУ.

Некои сметаат дека опозицијата критикува зошто тоа е нејзина алатка како да ја врати довербата на граѓаните, но дека од друга страна непобитен факт е дека оваа влада работи за да добие препорака од ЕК.

Божиновски во врска со годишните извештаи кои како најпроблематични ги детектираат демократијата,политичкиот дијалог и правосудството, вели дека и земјите кои биле аспиранти за влез, како и оние кои од неодамна се дел од ЕУ се соочуваат со такви проблеми. Тоа се области во кои континуирано треба да се работи, смета Божиновски.

„Со правосудството проблем имаат и држави кои што се и неколку години членки, а кои што се уште треба да ги решат проблемите во правосудството, како на пример Бугарија, Романија, тука е и Хрватска исто така, едноставно, би рекол дека, тоа е најсложена област којашто бара сериозни реформи кои не можат да бидат завршени за еден ден, веројатно е важно тука да има напредок. Судството ќе биде до последно ќе биде предмет на реформи. Ако ние сме добиле препорака, тоа значи дека не назадуваме, тогаш ние ќе ја изгубевме препораката на ЕК. ЕК смета дека ние сме направиле доволно реформи за да започнеме со преговорите за членство во Унијата, тоа е нивен став, а не мој став.“

ЕУ ни прогледува низ прсти

Меѓутоа Стево Пендаровски смета дека како и во изминатите неколку години дека и сега покрај нотираните пропусти во реформите кои во континуитет се повторуваат, сепак повторно ќе добиеме позитивен извештај за да и се даде поттик на владата да се зафати со решавање на спорот со Грција. Според ова излегува дека Европа ни прогледува низ прсти за забавеноста на реформите во некои области, давајќи ни повторно можност да се зафатиме посериозно околу решавање на спорот со Грција.

„Тоа е двоен приод. Од Брисел нам ни прогледуваат низ прсти и во другите области кадешто имаме прилично лоши перформанси заради името, во смисла, ако го решат името тоа е доволно голема отстапка, па да не ги селектираме сега и другите области со незадоволителен развој. Тоа и во Скопје се користи како покритие за се останата, кај нас пак посебно дали ја има или ја нема препораката. Дали има повторна препорака за наши преговори од страна на ЕК се користи да ги покрие сите слаби, сите лоши страни во извештајот кои објективно ги има со години наназад, последните 3-4 години посебно изразено и така ќе биде и овојпат. Политичката пропаганда во Скопје е неуморна во тој дел, таа ќе рече штом имаме повторена препорака за преговори јасно е дека во принцип генерално сме добри, инаку да сме биле лоши немало да ни ја повторат препораката, а од Брисел ни ја повторуваат, по мое убедување, затоа што, се надеваат дека можеме тука ќе направиме некаков исчекор во делот со името и не ги скенираат премногу длабоко и не ни забележуваат многу за недостатоците во многуте области кои се крупни.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG