Достапни линкови

ЕУ - Статус кво за името е веќе неодржливо


Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во Скопје, 16 април 2013.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон во Скопје, 16 април 2013.

Не е ни прв ни последен обид на Европската унија да помогне во решавањето на ова прашање, вели портпаролот на еврокомесарот Филе, Питер Стано. Тој во изјава за Радио Слободна Европа вели дека статус кво ситуацијата е неодржлива и проблемот треба да се реши.

Средбите кои еврокомесарот за проширување Штефан Филе ги имаше во Њујорк, како и последнатата изјава на високиот претставник за надворешна политика Кетрин Ештон во која ги повикува Македонија и Грција да го решат проблемот со името, не е ни прв ни последен обид на Европската унија да помогне во решавањето на ова прашање, вели портпаролот на еврокомесарот Филе, Питер Стано.
Тоа е дел од конзистентната политика на Европската комисијата. Ние целосно го поддржуваме процесот под покровителство на Обединетите Нации да се најде решение за проблемот со името и ги охрабруваме двете страни да дојдат до заедничко прифатливо решение, зошто статус кво ситуацијата е неодржлива и проблемот треба да се реши.

„Тоа е дел од конзистентната политика на Европската комисијата. Ние целосно го поддржуваме процесот под покровителство на Обединетите Нации да се најде решение за проблемот со името и ги охрабруваме двете страни да дојдат до заедничко прифатливо решение, зошто статус кво ситуацијата е неодржлива и проблемот треба да се реши“, ни изјави Стано.

Европската Комисија повеќепати досега се обидуваше да помогне во решавање на спорот, но не толку директно како што тоа сега го прави. Непосреден повод за ваквите обиди на претставниците на Унијата е претстојниот извештај за напредокот на нашата земја, вели Бојан Маричиќ од Центарот за европско образование.
Прес-конференција на премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе.

Прес-конференција на премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе.


„Треба внимателно да се прочита изјавата на Ештон, а тоа е, штом таа не се ангажира повеќе, значи не гледа волја за решавање на тој проблем. Мислам дека она што фали кај нас е токму тоа, значи волја и желба да се реши овој проблем од двете страни, за да можат да се ангажираат и да видат некаква поента во нивното ангажирање.“
Тие со оваа даваат можност да бидат спремни за тотално негативен извештај за Македонија, при што тие би биле „испрани“, во смисла дека и тие го направиле своето, а со тоа укажуваат дека сепак напорите за решавање на спорот од страна на владата не се доволно убедувачки.

Поврзаноста на евроинтеграциите и прашањето за името се интензивираа во последниот период, забележува и политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани.Тој се сомнева дека овој ангажман на Унијата не е случаен и навестува негативен извештај за напредокот на земјата.

„Тие со оваа даваат можност да бидат спремни за тотално негативен извештај за Македонија, при што тие би биле „испрани“, во смисла дека и тие го направиле своето, а со тоа укажуваат дека сепак напорите за решавање на спорот од страна на владата не се доволно убедувачки.“

Иако средбите на комесарот Филе за време на генералното собрание на ОН во Њујорк, Стано ги окарактеризира како редовни, експертите во нив гледаат обид да вродат со плод заложбите на Унијата побрзо да се затвори прашањето за името.

Во меѓувреме, во пресрет на објавувањето на Извештајот за напредокот на Македонија од ЕУ на 16 октомври и декемврискиот самит на Унијата, претседателот на ДУИ Али Ахмети продолжи со комбинираните домашни и меѓународни напори за како што соопштуваат од партијата, да го поттикне интегративниот процес на Македонија во НАТО и ЕУ. Предвидено е Ахмети да ги посети Брисел, Париз и Хаг, каде ќе има средби со меѓународни претставници, а со него ќе бидат и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и неговиот шеф на Кабинет Артан Груби.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG