Достапни линкови

Почна раниот откуп на тутун


Откуп на тутунот во прилепско.
Откуп на тутунот во прилепско.

Во раниот откуп ќе бидат преземени најмалку 6.000 од вкупно 30.000 тони, колку што тежи годинешната реколта.

Започна раниот откуп на тутун во Прилеп. Прилепскиот Тутунски комбинат, кавадаречка Алијанса и скопски Пашоски ДООЕЛ, според Сојузот на тутунските здруженија на Македонија, врши регуларен откуп, но кооперантите од битолски Сокотаб го враќаат родот. Не сме задоволни, бидејќи процената се врши по лански цени, а годинешната реколта е со многу подобар квалитет, велат од Сојузот. Очекуваат менаџерите на Сокотаб да ја коригираат ситуацијата на терен.
Околу два тона имам јас, ќе донесам, досега ова што го гледам е супер, квалитетот е одличен, нема кој да се пожали освен она градобитното што беше.
Миле Колароски, долгогодишен кооперант на Тутунски комбинат.

На пунктовите на Тутунскиот комбинат, кооперантите беа задоволни од процената.

„Околу два тона имам јас, ќе донесам, досега ова што го гледам е супер, квалитетот е одличен, нема кој да се пожали освен она градобитното што беше. Вети Владата да има поскапување и очекуваме тоа да биде“, вели Миле Колароски, долгогодишен кооперант на Тутунски комбинат.
Откуп на тутун во прилепско.
Откуп на тутун во прилепско.

Пред предавање на родот и Наташа Насевска оптимистички изјави дека е задоволна од проценителната линија.

„Прв ден, очекуваме убава цена, убава година беше, значи квалитетен тутун, во втора класа е проценката, ама се долни раце, значи прва, втора берба, сега тоа
И производителите ми се чини да ги прашате ќе се сложат со нашиот откуп. Сега долните берби се носат, првата и втората рака, можеби и третата ако е исушен тутунот и од таа трета берба.
Вукашин Трајкоски, проценител.
се знае, малку и градот ни турна класа, па ќе видиме како ќе оди процената“, изјави Насевска.

Но, таа го повлече тутунот, бидејќи смета дека заслужува повисока класа. А, агрономите од Тутунски комбинат појаснуваат дека раниот откуп значи преземање на родот по строги критериуми кои се наложени од Филип Морис, тие мора да се почитуваат, според тоа не може да се предава тутун со голема влажност, а при тоа да биде проценет во прва класа. Поверениците на пунктовите со изјава:

„И производителите ми се чини да ги прашате ќе се сложат со нашиот откуп. Сега долните берби се носат, првата и втората рака, можеби и третата ако е исушен тутунот и од таа трета берба“, вели проценителот Вукашин Трајкоски.
Исплатата ќе биде нормална, нема да стравуваат кооперантите, парите се обезбедени.
Александар Спиркоски, управител на ДООЕЛ Тутун.

На текот на откупот во Тутунски комбинат немаа забелешки ни поверениците од Сојузот.

„Спрема квалитетот на тутунот, процената е реална, сега нормално најградобитниот тутун се проценува по класи“, вели повереникот Дејан Милески.

Комбинатот како најголем откупувач во регионот во раниот откуп ќе преземе најмалку 500 тони.

„Располагаме со 10 откупни пунктови, а плус тоа уште 2 откупни пункта по една недела ќе ги пуштиме, така што она што ни е зацртано сме со намера да го исполниме, исплатата ќе биде нормална, нема да стравуваат кооперантите, парите се обезбедени“, вели Александар Спиркоски, управител на ДООЕЛ Тутун.

Како што најави заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски, во раниот откуп ќе бидат преземени најмалку 6.000 од вкупно 30.000 тони, колку што тежи годинешната реколта. Со оглед на високиот квалитет се прогнозира просечна откупна цена од најмалку 195, поточно за 15-ина денари повисока од ланската. Освен тоа и оваа реколта ќе биде субвенционирана со по 1 евро за секој предаден килограм тутун.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG