Достапни линкови

Градот уништи посеви во прилепско


Илустрација.
Илустрација.

Од Сојузот на тутунски здруженија велат дека со оглед на условите што ги нуди Владата за субвенционирање на осигурувањето, сега не може да се бара отштета од државата. Но, многу тутунари сметаат дека екипите од ресорното Министерство треба да извршат увид на теренот и сепак да се најде начин да им се помогне на овие тутунари, кои живеат само од земјоделство, а сега останаа без реколта.

Роберт Настоски од прилепското село Галичани претрпи огромни штети од последното невреме проследено со град со големина на лешник, што го зафати прилепско. Од земјоделство живеат, ја обезбедуваат егзистенцијата за сите седум члена во семејството. Но, сега, посевите со пипер и тутун, вели им се целосно уништени.
Пипер и тутун, тие култури ги садиме, сто отсто уништено е, нема ништо. Од тоа живееме од тутунот, невработен не е никој, седуммина сме, дванаесет декари имам садено, тоа е, сега не знаеме, не знам ништо, штетите се огромни.
Роберт Настоски, земјоделец од прилепското село Галичани.

„Пипер и тутун, тие култури ги садиме, сто отсто уништено е, нема ништо. Од тоа живееме од тутунот, невработен не е никој, седуммина сме, дванаесет декари имам садено, тоа е, сега не знаеме, не знам ништо, штетите се огромни“, се жали Настоски.
Архивска фотографија: Уништени земјоделски насади поради невреме.
Архивска фотографија: Уништени земјоделски насади поради невреме.

Соселанецот Илија Новоселски не знае како ќе продолжи натаму. Нема никој вработен во четиричленото семејство, а од тутунот на нивите, останале само скршени корени.
Галичкиот регион некаде околу 250 до 300 хектари, оштетени се, Тополчанско, претежно Канатларци и се движел градот до централното градско подрачје, над градот Прилеп до езерото. Ова невреме мислам дека предизвика, големи, катастрофални штети.
Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

„Оштетен ми е сто отсто тутунот, едно 5 до 6000 евра се моите штети, шест декари се, од ова живеам, шестмина сме, немам никаков друг излез, родот не ми е осигурен и не знам како натаму, никако, од Господ сполај му сега, што ќе даде тоа, нема што повеќе“, вели Новоселски.

Тутунарите со ниви од овој реон на Галичани, се договарале да го досадат тутунот, и заедно, организирано деновиве да отидат со осигурителните компании и да го осигураат родот. Со поддршката од Владата во висина од 60 отсто од вкупното осигурување, тие за декар требало да платат само по 1.440 денари.

„Јас имам околу 30 декари насадено, до саботата сите садевме и рековме да го осигураме оваа недела и сите бевме спремни, се договоривме сите така, бидејќи оваа Влада понуди добри услови за осигурување, ама еве не дочекавме“, се жали Борче Смоквоски.

Од Сојузот на тутунски здруженија информираат дека освен во Галичани, невремето предизвика големи штети и во други прилепски села.

„Галичкиот регион некаде околу 250 до 300 хектари, оштетени се, Тополчанско, претежно Канатларци и се движел градот до централното градско подрачје, над градот Прилеп до езерото. Ова невреме мислам дека предизвика, големи, катастрофални штети“, вели Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Од Сојузот велат дека со оглед на условите што ги нуди Владата за субвенционирање на осигурувањето, сега не може да се бара отштета од државата. Но, многу тутунари сметаат дека екипите од ресорното Министерство треба да извршат увид на теренот и сепак да се најде начин да им се помогне на овие тутунари, кои живеат само од земјоделство, а сега останаа без реколта.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG