Достапни линкови

logo-print

Филип Морис ќе го крева Тутунски на нозе


Тутунски Комбинат Прилеп.

Тутунски Комбинат Прилеп.

Од Тутунскиот Комбинат Прилеп се надеваат дека договорот со „Филип Морис“ до 2015 година ќе придонесе за целосна консолидација на загубарот.

Интернационалната тобако компанија Филип Морис ќе потпише договор за стратегиско бизнис партнерство во делот на цигарната фабрика на прилепскиот Тутунски Комбинат. До крајот на годинава како што велат менаџерите ќе бидат потпишани бројни договори, кои се дел на понудениот бизнис план. Детали од планот не се откриваат, засега, но се негуваат надежи дека овој бизнис договор до 2015 година ќе придонесе за целосна консолидација на загубарот.
Планот е концепт, доправа треба да се дефинираат сите детали на таа соработка и нормално дека тука ќе произлезат нови, отворени прашања. Но, добро е што како концепт е доста интересен, перспективен и пред се реален, реално остварлив.

„Планот е концепт, доправа треба да се дефинираат сите детали на таа соработка и нормално дека тука ќе произлезат нови, отворени прашања. Но, добро е што како концепт е доста интересен, перспективен и пред се реален,
реално остварлив“, вели генералниот директор, Александар Дерменџиев.
Александар Дерменџиев, генералeн директор на Тутунски Комбинат-Прилеп.

Александар Дерменџиев, генералeн директор на Тутунски Комбинат-Прилеп.


Дополнително треба да се дефинира рокот на реализација на овој договор, што според најавите ќе се потпише најпрвин за 10 години. Ќе се утврди и висината на инвестициите, кои најверојатно ќе значат и набавка на нова современа производствена линија на лиценцираните брендови на оваа американска компанија.
Превработеноста постои секаде, значи во цигарната фабрика се околу 450 вработени. Вкупно двата оддела и акционерското друштво имаат преку 1000, 1050 вработени. На таа бројка дополнително за време на обработка се ангажираат и сезонски работници околу 200. Тие нормално би се ангажирале и понатаму, можеби во поголем број, значи сезонските не се проблем, проблем се постојаните вработени,структурата е доста неповолна.

„Доправа треба да се направи снимање на капацитетите со кои во моментов располага Тутунски Комбинат и колку тие можат да ги задоволат потребите, колку се неопходни инвестиции веднаш, колку подолгорочно, значи секако дека ќе дојде до тоа, а тоа е нешто што доправа треба да се констатира“, истакнува Дерменџиев.

Тој објаснува дека овој бизнис договор, всушност не го засега проблемот со превработеноста на Комбинатот, што пак е еден од најголемите проблеми на патот на финансиска консолидија на загубарот.

„Превработеноста постои секаде, значи во цигарната фабрика се околу 450 вработени. Вкупно двата оддела и акционерското друштво имаат преку 1000, 1050 вработени. На таа бројка дополнително за време на обработка се ангажираат и сезонски работници околу 200. Тие нормално би се ангажирале и понатаму, можеби во поголем број, значи сезонските не се проблем, проблем се постојаните вработени,структурата е доста неповолна. Имаме се уште недостиг на некои позиции и кадри“, додава генералниот директор Дерменџиев.

Според очекувањата договорот за реализација на бизнис планот за стратегиско партнерство со Филип Морис ќе значи отворање на нови пазари, зголемен извоз и пласман на производството.

Реализацијата на еден ваков договор за менаџерите значи и почеток на анализи дали нов договор за стратегиско бизнис партнерство од овој тип, би можел да ги ублажи проблемите и со опстанокот на другиот Дооел Тутун.

Бизнис партнерството со Филип Морис не влијае врз сопственичката структура на Тутунски Комбинат. Околу 80 отсто од капиталот на овој загубар, проценет на 126 милиони евра е во државна сопственост. Агонијата на вработените за нивната работна судбина и опстанокот на комбинатот траат повеќе од една деценија. И покрај огромното продуцирање на загуби и во два наврата, ослободување на давачките кон државата, фирмата не може да се консолидира, а досегашните тендери беа неуспешни, зашто никоја компанија не се одлучи на ваков чекор. Овој нов тип на бизнис договор со Филип Морис практично отвора врата, а според менаџерите е сигурна гаранција, дека загубарот за 2 до 3 години ќе застане на здрави нозе.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG